Грдовци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Грдовци е село во Општина Кочани.

Грдовци
Грдовци во рамките на Македонија
Грдовци
Грдовци (Македонија)
Координати41°52′52″N 22°25′04″E / 41.88111°N 22.41778°E / 41.88111; 22.41778Координати: 41°52′52″N 22°25′04″E / 41.88111°N 22.41778°E / 41.88111; 22.41778
Општина Кочани
Географски регион  
Население  1 288 жители
Поштенски број 2300
Повикувачки број  
Надморска височина 319 м m
Селска слава  


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Грдовци се наоѓа во срцето на Кочанската котлина, помеѓу реките Брегалница и Оризарска река. Оддалечено е 3,7 километри од центарот на Кочани, и е најдобро урбанизирано село во кочанската околина. Располага со одлична патна инфраструктура, 80% од улиците во селото се асфалтирани, водовод и канализација се поставени во раните осумдесети години и располага со 3 трафостаници со помош на кои електричната енергија е обезбедена 24/7.

[уреди] Историja

Грдовци е едно од најстарите населени места на брегалничката територија. Во пишаните документи за прв пат се споменува во записите на патеписец кои датираат од 1371 година, во кои Грдовци е споменато покрај тогашниот црковен и економски центар на овие простори - Морозбиздон ( каде денес се наоѓа и познатиот археолошки локалитет кој допрва треба да се истражува и треба да даде одговори на многу нејасни прашања од периодот на средниот век и развојот на христијанството во Македонија). Името Грдовци потекнува од старословенскиот збор ,,гърд,, што има повеќе значења ( горд , смел, воображен). Името се однесува на одликите на припадниците на племето кое го основале ова село во средниот век.

[уреди] Економија

Основна дејност од која населението во Грдовци остварува најголем приход е земјоделието, односно одгледувањето на ,,белото злато,,- оризот. Во полињата кои се наоѓаат во атарот на Грдовци се произведува најквалитетниот ориз во кочанската околина кој е надалеку познат и е основно обележје на општината. Најголем број од вработените работат во Кочани. Грдовци е село со најголем број продавници и угостителски објекти гледано во однос по број на жители. Во селото активно работат 6 продавници, 2 маркети за најразновидна стока и алати, 3 кафе-барови, 2 кафеани и интернет-кафе. Исто така селото располага со фабрика за ориз која е во приватна сопственост како и производствен погон за делови за моторни возила.

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година, во Грдовци живеат 1.288 жители, од кои:

Денес , Грдовци има над 1600 жители, односно над 400 домакинства. Селото е населено исклучиво со Македонци, без припадници на другите етнички заедници.

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Култура и спорт

Во селото постои еден фудбалски клуб “АГРОС-ГРДОВЦИ”, кој редовно настапува во општинската фусбалска лига, како и на Илинденските спортски игри во Чешиново и Богородичниот турнир во с.Долни Подлог. Во селото има и играорна и карате секција. Играорната секција работи во рамките на Ф.А.“Љупчо Сантов” од Оризари и во него активно членуваат околу 30-тина деца од селото. Карате секцијата е во ракмите на карате клубот „Ипон“ од Кочани и во него активно учествуваат околу 20-тина деца од селото.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици