Мородвис
| Мородвис | |
| Координати41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417°N 22.44417°EКоординати: 41°51′15″N 22°26′39″E / 41.85417°N 22.44417°E | |
| Општина | Општина Зрновци |
| Географски регион | |
| Население | 524 жители |
| Поштенски број | 2305 |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | |
| Селска слава | |
Мородвис е село во Општина Зрновци, во околината на градот Кочани.
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Мородвис наоѓа во источниот дел на Македонија, на 10 км јужно од Кочани, сместено во Кочанската котлина, поточно во подножјето на Плачковица, широко отворенo кон реката Брегалница и Кочанското поле.
Атарот на селото изнесува 14.521.860 м2.
[уреди] Историja
Животот во Кочанската котлина постоел многу одамна. Постоеле помали и поголеми населеби, меѓу кои Запара, Келенидиј и Армонија, за кои се претпоставува дека егзистрале на овие простори. Најстара населба што ја среќаваме во историските записи, а која постои и денес е населбата Мородвис. На местото каде денес се наоѓа Мородвис, порано постоело Мороздвизд, Форомиздос, Форомендис, Моробиздон - различни форми на записи за една иста населба.
Од формирањето во 969 односно 976 година, до згаснувањето во 1018, на Самуиловата држава, градот Мороздвизд се наоѓал во нејзин состав. За време на нејзиното постоење израснал во значаен воен и духовен град (центар) во Брегалничката област. По смртта на Иван Владислав, градот Мороздвизд доброволно се предал на Василиј II кога овој бил во Мосинопол. Ова го пишува во "Кратката историја" (811-1079) од византискиот историчар Јован Скилица каде што се вели: "а таму (во Мосинопол - К. С.) дошле пратеници на населението од Пелагонија, Мороздвизд и Липљан, кои на царот (Василиј II - К. С.) му ги предале градовите". Ова е првиот извор во кој се споменува градот Мороздвизд, 16526г - (1018) година.
По уништувањето на Самуиловата држава, една година подоцна, во 1019 година повторно се споменува градот Мороздвизд, но сега како епископски центар, во хрисовулот на Василиј II даден на Охридскиот архиепископ. Во хрисовулот се вели :"... и епископот на Мороздвизд да има во самиот Мороздвизд и во Козјак, Славиште, Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево, 15 клирици и 15 парици." Co оваа грамота Василиј II ја прифатил постоечката црковна административна поделба, со тоа не го уништил значењето на населбата Мороздвизд.
Во почетокот на 12. век Малешево станал епископски центар на Брегалничката област (епископија). Иако од крајот на 11 век Мороздвизд го изгубил духовното знзчење, животот не замрел. Ова се гледа и од "Теографијата" на Арабјанецот Идризи, запишана кон средината на 12 век. Идризи за Мороздвизд (Форомиздос) вели: "Од Куритус, в десно го изоставаш патот за Ахрисубули (Орфано) и се спушташ на север за градот Фурумиздус (Мородвис), до кој има два дена пат. Последниот е масовен град, распространет на врвот на една височинка. Тој има лозја и непрекинато надоврзани обработливи полиња." Co археолошките ископувања во с. Мородвис, во питоси се најдени зрна грозје и повеќе сорти жита.
Во 60-те или 70-те години на 13. век епископски центар повторно станала населбата Мороздвизд. Тоа траело и во наредниот период, но потоа постепено опаѓало значењето. Српскиот крал Милутин (1282-1321) во првите години од своето владение освои повеќе територии од Македонија, меѓу кои и Брегалничката област. Во 1300 година во Грамотата дадена на скопскиот манастир "Св. Георги Горго", Милутин наведува дека манастирот поседува имот "Авазгово под Мороздвизд, што го придодаде госп. Маноил Царот, со лозја, со ниви, со ливади, со пасишта, со летници, и зимници и со воденици, со планината и со сите права."
Мороздвиздската епископија постоела и за време на српското владеење, но нејзината територија полека се смалувала и го губела значењето што го имала во Брегалничката област и пошироко. Тоа се гледа и од Грачаничката грамота на Милутин при крајот на неговото владеење од 1321 година. Од грамотата се гледа дека кралот Милутин го дарувал Грачаничкиот манастир со села и земја меѓу кои "И по Вранју и по Славиште и по... и по Злетово и Мороздвизд и по . . . и од области грчки крал господар сум и на кралевите на земјите Злетовски, Самоковски и Шуменски татковина и дедовина при Ибар Марица наречен, го зедов тоа и го дадов на владеење или на Липљанските или на Призренските епископии." Дел од Мороздвиздската епископија ја ставил под јуриздикција на Липљанската или Призренската црква.
Во 1341 година владетелот на источниот дел од Македонија Јован Оливар го изградил манастирот "Св. Архангел Михаил", во с. Лесново, a веќе наредната 1342 година го подарил на Хиландарскиот манастир. Co повелбата на Душан, дадена на Лесновскиот манастир "Св. Архангел Михаил" во 1347 година манастирот станал седиште на новосоздадената Злетовска епископија. Кон оваа епископија се спојува територијата на веќе запуштената Мороздвиздска епископија. Во повелбата е опишана границата на Мороздвизд што почнувала од Зрновштица и одела до Воихнино Селиште. Во Зрновштица се подарени две воденици, а половина од водата требало да му припадне на Мороздвизд. Меѓата на Мороздвизд спрема Зрновштица, почнувајќи од Зрновштичката Река, не можелада се утврди, бидејќи имотите на населението од Мороздвизд и Зрновштица била измешана.
Пред да потпадне Македонија под Османлиска власт, со територијата на Брегалничката област и пошироко управувале браќата Дејанови (Јован и Константин Драгаш), чија престолнина била во Велбужд, денешен Ќустендил. Во рамките на оваа држава влегла и веќе запустената населба Мороздвизд. Од овој период ја имаме грамотата на Константин Драгаш дадена во 1381 година на Хиландарскиот манастир според која "селото Мороздвизд заедно со заселците Роковци и Грдовци со сите меѓи и права на тоа село" се дава како имоти на манастирот.
[уреди] Демографија
Во Мородвис живеат 524 жители, од кои до од 0-6 годишна возраст има 68, од 18-24 години има 46, а над 64 години има 65 лица.[1]
[уреди] Културни и природни знаменитости
Во селото Мородвис се наоѓа локалитетот Црквиште.
[уреди] Личности
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Извори
- ↑ Попис на Република Македонија, 1994 г.
|
|||||||
