Василиј II
| Василиј II Македонецот | |
| византиски император | |
| Роден/а | Визатија, тема Македонија |
|---|---|
Василиј II Македонецот (958 - 19 декември 1025), познат и како Бугароубиец (грчки: Βασίλειος Β΄ Βουλγαροκτόνος) или Багренороден бил византиски император кој припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначалник е Василиј I, Византиец роден во околината на градот Одрин (Едрене), кој во тоа време се наоѓал во византиската тема Македонија.
Василиј II е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 година, во битката кај Беласица, тој ја победува војската на Самоил и ослепува 14-15 илјади заробени војници, кои потекнувале од сите области кои ги владеел Цар Самоил, почнувајки од Далмација - Јадранското Море до Егејското Море. По овој случај, Василиј II од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот.
„Хроника“ на Јован Скилица [уреди]
Јован Скилица е византиски автор кој во својата „Хроника“ од 11 век го опишува навлегувањето на Василиј II во териториите кои ги владеел цар Самуил:
...Императорот Василиј Бугароубиец, кој сакал да му се одмазди на Самуил за стореното, ги собрал ромејските војски и решил сам да навлезе во Бугарија. Тој навлегол во Бугарија преку Родопите и реката Хеброс (Марица). Го оставил во тил магистар Лав Мелисин и му заповедал да ги пази проходите, а самиот тој, откако ги минал теснините и планините, крај Триадица, наречена порано Сердика (Софија), стигнал до едно село, наречено Стопонион (Ихтиман), тука направил логор и започнал да размислува како да ја раководи опсадата на Сердика...
Извори [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Византиско царство | ||
| Византиска култура | Историја на Византија | Уредување на Византија |
|---|---|---|
|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|