Полаки
| Полаки | |
| Полаки - маало Бабиште | |
| Координати42°02′54″N 22°24′55″E / 42.04833°N 22.41528°EКоординати: 42°02′54″N 22°24′55″E / 42.04833°N 22.41528°E | |
| Општина | Кочани |
| Географски регион | |
| Население (2002) | 113 жители |
| Поштенски број | 2300 |
| Повикувачки број | 033 |
| Надморска височина | 990 m |
| Селска слава | |
| Мреж. место | www.polaki.gov.mk |
Полаки е село во Општина Кочани.
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото Полаки се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Кочани. Неговиот атар се допира со просторот на општините: Кратово, Крива Паланка и Македонска Каменица. Селото се состои од 22 маала кои се од разбиен тип како: Рамно Брдо, Лопен, Борово Брдо, Лисо Брдо, Рамно Нивиште, Скорово, Бабиште, Ширината, Крушка, Суво Брдо, Црвената, Качаник, Касиро и Црешната.[1]
Селото е планинско и расфрлано. Се наоѓа на надморска височина од 750 m до 1110 m. Од градот Кочани е оддалечено 22 km. Поголемиот дел од патот е асфалтен (околу 80% или 14 км). Од Крива Паланка е оддалечено 15 km, а од Македонска Каменица 30 km.
[уреди] Историja
Постои едно мислење за тоа како селото го добило името. Според него, главно занимање на населението од овој крај било сточарството. Сточарите најчесто своите стада ги паселе покрај речните ливади т.н. лаки. На прашањето каде ќе бидат утрешниот ден најчесто одговарале: ПО ЛАКИ-те.
По Втората Светска војна миграционите процеси не го одминале ни ова село, така што бројот на жителите значително се намалил. Од 1204 жители, колку што броело селото во 1961 г., во 1994 г. останале само 245 жители. Според последниот попис во 2002 г., селото брои 59 домаќинства, односно 113 жители сместени во 180 куќи. Повеќето од куќите се застарени. Тешката економска ситуација во земјава доведе селото полека повторно да заживува. Кон тоа придонесе и снабдувањето на секоја куќа со струја, вода и пат.
Денес селото сe повеќе е посетувано од туристи, излетници, вљубеници во природата, ловџии и др.
[уреди] Економија
Атарот зафаќа површина од 74,5 km2. На оваа површина преовладуваат:
- шумите од 5742 ha,
- пасиштата со 237 ha, и
- обработливо земјиште со 399 ha.
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 селото Полаки има 113 жители, сите Македонци.
[уреди] Културни и природни знаменитости
Манастирот “Св. Спас“ е сместен во срцето на Осоговските Планини на надморска височина од околу 1000 м. Опкружен е со дабова и букова шума. Се чини скриен меѓу дрвјата, но од него се простира таква глетка, која е вредна за восхит. Вистинска панорама.
[уреди] Извори
|
|||||||