Тркање (село)

Координати: 41°54′23″N 22°21′44″E / 41.90639° СГШ; 22.36222° ИГД / 41.90639; 22.36222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тркање
Тркање во рамките на Македонија
Тркање
Местоположба на Тркање во Македонија
Тркање на карта

Карта

Координати 41°54′23″N 22°21′44″E / 41.90639° СГШ; 22.36222° ИГД / 41.90639; 22.36222
Општина Кочани
Население 1.001 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13041
Надм. вис. 348 м
Тркање на општинската карта

Атарот на Тркање во рамките на општината
Тркање на Ризницата

Тркање — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Штип-Кочани, на околу 5 километри од градот Кочани. Низ селото поминува Трканска Река која извира од јужната страна на Осогово.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948841—    
1953931+10.7%
19611.065+14.4%
19711.060−0.5%
19811.161+9.5%
ГодинаНас.±%
19911.206+3.9%
19941.243+3.1%
20021.225−1.4%
20211.001−18.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тркање живееле 680 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тркање имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото има 1.225 жители, од кои 1.224 Македонци и 1 Србин.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.001 жител, од кои 963 Македонци, 5 останати и 33 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 680 841 931 1.065 1.060 1.161 1.206 1.243 1.225 1.001
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Тркање е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Пуќовци (16 к.), Тацковци (14 к.), Ташковци или Поповци (8 к.), Гаџовци (6 к.), Молецовци (8 к.), Пендовци (6 к.), Ѓауровци (5 к.), Буријарци (5 к.), Бодушовци (4 к.), Мусовци (2 к.), Голубовци (7 к.), Рендевци (5 к.), Газарци (5 к.), Деповци (4 к.), Гицовци (4 к.), Пржовци (2 к.), Посателци (6 к.), Рогушеви (6 к.), Златанови (3 к.) и Самантелци (2 к.) за овие родови не се знае дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.
  • Рунтевци (6 к.) доселени се од сега раселеното село Десовица над селото Бања.
  • Бунишовци (6 к.) доселени се од селото Бунеш кај Пробиштип.[12]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 874 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 929 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[уреди | уреди извор]

Споменици[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 73. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Црква „Св. Петка" во Тркање — Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2016-11-01. Посетено на 2016-11-18.
  16. „Првпат доаѓам на местото на погибијата на дедо ми Никола Карев“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]