Долни Подлог

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Долни Подлог е село во Општина Кочани.

Долни Подлог
Долни Подлог во рамките на Македонија
Долни Подлог
Долни Подлог (Македонија)
Координати41°53′10″N 22°22′01″E / 41.88611°N 22.36694°E / 41.88611; 22.36694Координати: 41°53′10″N 22°22′01″E / 41.88611°N 22.36694°E / 41.88611; 22.36694
Општина Кочани
Географски регион  
Население  476 жители жители
Поштенски број 2300
Повикувачки број  
Надморска височина 309 м m
Селска слава  


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

[уреди] Историja

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

[уреди] Општествени институции

[уреди] Администрација и политика

Кога зборуваме за Долни Подлог, мислиме на едно прекрасно село во Кочанско, кое се карактеризира со богато културно како и историско богатство. Во ова место се случувале големи историски пресврти како од времето на Османлиската Империја, така и од времето на Фашизмот. Ова го потврдуваат најстарите жители на Долни Подлог како и историските извори кои датираат од тој временски период. Најзначајни од нив се спомен кулата од Османлискиот период која била висока околу 20 метри, како и многуте куќи кои со нивниот ентериер и екстериер сведочат за богатото културно искуство на ова место. Ова село има потенцијал за развој на туризмот не само поради прекрасните пејсажи кои ни ги нуди туку и поради геотермалните извори кои се карактеризираат со висока лековита способност. Од геотермалниот извор на ова место т.н. Подлог бања се произведува една од најквалитетните минерални води во нашата земја а тоа е минералната вода Аква Вита. Исто така во непосредна близина на бањата се наоќаат оранжериите на нашето село кои се високи производители на ран зеленчук. Во Долни Подлог секоја година редовно се одржуваат културни и традиционални манифестации по повод Денови на оризот. На овие манифестации се одржува изложба на традиционални македонски јадења дегустирани од посетителите, а исто така значајна за тој ден е и изложбата на Македонски Народи носии. Оваа манифестација посебно ја збогатуваат играорните групи кои не забавуваат изведувајки ги најубавите македонски танци и ора. Најголем православен празник на ова место е празникот Св. Богородица кога сите фамилии го слават пречекувајки гости со нивната пребогата трпеза. На почетокот на месец август започнуваат Богородичните фудбалски натпревари во ова место чие финале се одржува токму на празникот Св. Богородица односно на 28ми август. И тогаш се доделуваат награди на трите најдобри екипи. Од особена важност за градежништвото е ново отворената институција Исток Мермер која е еден од најголемите производители на вискоко квалитетни изработки од мермер во нашата земја. Невозможно е да говориме за Долни Подлог а да не ги напомените прекрасните полиња кои се карактеризираат со плодна почва погодна за одгледување на најразлично земјоделски култури. Од земјоделските култури најмногу се одгледува ориз, пипер, пченица, пченка, бостан, компир и др.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици