Лерин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Флорина пренасочува тука. За повеќе значења видете Флорина (појаснување).
Лерин
Φλώρινα
Поглед на рамнината и градот Лерин
Поглед на рамнината и градот Лерин
Локација
Лерин во рамките на Грција
Лерин
Координати 40°47′N 21°24′E / 40.783°N 21.4°E / 40.783; 21.4Координати: 40°47′N 21°24′E / 40.783°N 21.4°E / 40.783; 21.4
Часовен појас: EET/EEST (UTC+2/3)
Надм. вис. (средна): 663 m
Управување
Држава: Грција
Периферија: Западна Македонија
Префектура: Лерин
Градоначалник: Стефанос Папанастасиу
Статистики за населението (од 2001[1])
Град
 - Население: 16.771
 - Површина:[2] 150,6 км²
 - Густина: 111 жит/км²
Ознаки
Пошт. бр.: 531 00
Повик. бр.: 23850
Таблички: ΡΑ
Мреж. место
www.cityoflorina.gr

Лерин (грчки: Φλώρινα) е град во Егејска Македонија, според современата административна поделба на Република Грција се наоѓа во западниот дел на периферијата Западна Македонија, и е главен град на префектурата Лерин. Сместен е на западниот раб на Пелагонија во Леринското Поле, на надморска височина од 680 метри. Со железничка пруга градот е поврзан со Битола и Солун. Градот има 16.771 жител, од кои се смета дека значаен број е македонско население.

Во Лерин се наоѓа седиштето на организацијата на Македонците во Грција - Виножито.

Содржина

[уреди] Историја

Бугарска Црква во Лерин (1910), под јурисдикција на Бугарската Егзархија.

Името веројатно потекнува од зборот χλωρό (македонски: зелено) што се однесува на климата и вегетацијата на областа. Како град и област со доминантно македонско население, Лерин во историјата дал голем број на македонски борци, револуционери и херои. Во времето на Отоманската империја, во Лерин и Леринско крстосувале повеќе македонски чети кои биле организирани од познатиот револуционер поп Коста од леринското село Буф. Врз основа на леринскиот говор во 1925 година грчката влада под притисок на лигата на народите ќе го изработи Букварот (Абецедарот) за учениците Македонци, кој по запалувањето на возот со кој бил транспортиран беше повторно издаден и промовиран во Солун и Атина во 2006 година. Лерин и леринско ќе дадат и голем број на партизани и борци во ДАГ за време на втората светска војна (1941 - 1945) и граѓанската војна во Грција (1945 - 1949), за што македонското население ќе доживее невиден терор, убиства, мачења и протерувања од своите огништа од страна на грчките власти. Најкрвав настан ќе биде убиството со обезглавување на повеќе млади Македонци и Македонки, од страна на грчките монархофашистички сили и англиските војници, среде бел ден во центарот на Лерин. Денес е актуелна состојбата со земјиштето на кое се наоѓа масовна гробница со тела на Македонци и Грци - борци на Демократската Армија на Грција кои загинале во битката за Лерин.

Во податоците на бугарскиот патеписец Васил К'нчов и Бугарската Егзархија од крајот на XIX век, Лерин бил претставуван како мешан бугарско-турски град.[3]

[уреди] Населби

Според пописот од 2001, општина Лерин брои 16.771 жител. Населбите во неа се:

  • Народна секција Флорина (14.555 жители)
  • Народна секција Алона
  • Народна секција Арменохори
  • Народна секција Корифи
  • Народна секција Месонисио
  • Народна секција Проти
  • Народна секција Скопија
Народна Секција Тривуно (10 жители)

[уреди] Родени во Лерин

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски

  • ВИНОЖИТО, Официјален веб сајт на партијата на Македонците во Република Грција

[уреди] Белешки

  1. PDF „(875 KB) Попис 2001“ (на грчки). „Национална статистичка служба на Грција (ΕΣΥΕ)“. www.statistics.gr. http://www.statistics.gr/gr_tables/S1101_SAP_1_TB_DC_01_03_Y.pdf PDF. проверено на 2007-10-30. 
  2. (грчки) „Основни карактеристики“. „Министерство за внатрешни работи“. www.ypes.gr. http://www.ypes.gr/topiki.htm. проверено на 2007-08-07. 
  3. В. Кѫнчовъ, Македония. Етнография и Статистика, Българско Книжовно Дружество, София, 1900, с. 249


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици