Овчарани

Координати: 40°49.80′N 21°34.88′E / 40.83000° СГШ; 21.58133° ИГД / 40.83000; 21.58133
Од Википедија — слободната енциклопедија
Овчарани
Μελίτη
Во позадина се гледа термоелектраната Овчарани
Во позадина се гледа термоелектраната Овчарани
Овчарани is located in Грција
Овчарани
Овчарани
Координати: 40°49.80′N 21°34.88′E / 40.83000° СГШ; 21.58133° ИГД / 40.83000; 21.58133
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаОвчарани
Најг. вис.&10000000000000680000000680 м
Најм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2001)[1]
 • Селска1.535
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Овчарани или Воштарани (грчки: Μελίτη, Мелити, до 1926 г. Βοστεράνη, Востерани или Βοστάρανη, Востарани[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Лерин во Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на Стара Река, 20 километри североисточно од градот Лерин, во подножјето на планината Пирица. Сместено е на западното подножје на планината Ниџе односно самата планина Пирица, која како нејзина разгранка се испушта од врвот Кајмакчалан[3]. На исток од селото се издигнува земјиштето на високиот планински масив, а кон запад селото е отворено кон рамничарското земјиште во североисточниот крај Леринското Поле во котлината Пелагонија. Селото Овчарани е расположено е на надморска височина од 680 метри[3]. Со царска нареба од 1918 година селото[3]. Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Овчарани или Воштарани дава подетален опис во кој меѓу другото за географијата, местоположбата и природните одлики на околината запишал дека селото се наоѓа на североисток од градот Лерин на растојание од 3 часа [4]. Тоа е расположено покрај една река којашто се нарекува Стара Река[4]. Во првите години реката била многу подлабока и покриена само со грмушки од горното дури до долното течение, а од пред некое време наваму откако ги исекле грмушките како горното, исто така, и подолното течение постојано се натрупува од ронењето на бреговите и планините, па со текот на годините селаните според мислењето на Ѓорче Петров, ќе бидат принудени да одат на повисоките места[4]. Селото има убава околина[4]. На југ и југоисток од него се наоѓаат селските лозја, а на северозапад и североисток добрите ниви и ливади кои ги косат по двапати[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Деца во Овчарани во 1917 година

За настанувањето на селото Овчарани, Ѓорче Петров запишал предание кое што му го раскажувале старците за настанокот на селото и потеклото на неговото име. Четврт час понајуг од сегашното село има една могила со доста убава и студена вода, којашто сега се нарекува старо село[4]. На неа било старото село[4]. Од тука најнапред се иселиле неколку овчари со своите стада малку подолу. Од нив новооснованото село го добило името Овчарани[4]. Кога дошле нови доселеници и селото започнало да се зголемува, селаните биле скудни со вода, па затоа тие се дигнале од таму и се населиле покрај реката на сегашното место[4]. На старото село не се наоѓало ништо друго освен поголемиот дел од лозјата и добро обработените ниви[4]. Селото Воштарани постоело и во средниот век, кога тоа, како и денес, било едно од најголемите и најбогатите села во леринскиот крај. Едни од најстарите пишани податоци за селото Овчарани се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото Воштарани е запишано дека имало 196 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 302 товари, јачмен до 138 товари, 'рж до 36 товари, просо до 30 товари, граор до 10 товари, леќа до 3 товари, зелки, кромид, бостан, лен, овошје, се обработувале лозја, се чувале свињи и работеле 14 воденици за што селото остварувало свкупен приход од 15542 акчиња[5]. Кон крајот на XIX век, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров запишал дека Овчарани имало 240 куќи од кои 131 биле македонски – егзархиски, а останатите 109 куќи биле турски[4]. Куќите биле од проста градба, а улиците биле криви и со многу кал, па штом заврнело дожд било мачно се оди по нив[4]. Бројот на населението од двете народности изнесувал 1240 луѓе од кои 840 се христијани, а останатите 400 се муслимани. Овчарани е разделено на две маала: горно и долно или ново маало, коешто е на патот кој води од Битола за Солун[4]. Во горното маало имало 14 анови кои служеле како станица на превозниците - кираџии и патниците[4]. Тука во сабота се одржувал пазар кој бил посетуван од селаните на околните села и од леринци[4]. Овчарани има една црква „Св. Илија“ со едно училиште коешто се наоѓало во црковниот двор[4]. Тоа зимно време било посетено од 40-60 ученици, а лете не повеќе од 20[4]. Црквата била изградена во 1872 година со средства од селаните и е осветена од егзархискиот владика дедо Генадиј Дебарски[4]. Во Овчарани има и друга црква под името „Св. Ѓорѓија“ или „Бела Црква“ којашто се наоѓа ½ час понаисток од селото покрај левиот брег на реката[4]. Таму селаните на Крштение Господово (Водици) доаѓаат со сите икони од црквата „Св. Илија“ да крштаваат вода. Таа е разрушена и не се зачувани никакви остатоци[4]. Во селото имало и две џамии, едната во горното, а другата во долното маало со по едно училиште коишто ги посетувале по 10-15 ученици[4]. Во долното маало имало една камена кула направена во старо време, на којашто годината е избришана. Таа била висока околу 100 метри и повеќе, а широка е 5 метри[4]. За оваа кула старите велеле и раскажувле дека нејзиниот стопан сакал да ја направи толку висока за да се види Битола од нејзината височина, но несреќата не го оставила да го направи тоа[4]. Мајсторот кој ја градел, кога го чул гласот на некои моми коишто работеле во горните лозја, се замислил и паднал, па се убил и од тогаш престанале да ја издигнуваат нагоре[4]. За време на Илинденското востание од ова село во востаничките чети учествувале 86 жители од кои 5 лица загинале во борбите. Подоцна во 1910 година во селото била спроведена акција за разоружување од младотурското движење, при што голем број селани биле затоврени и тепани во селската џамија. Селото потпаднало под власта на Грција, по Втората балканска војна во 1913 година со Букурешкиот договор. Во 1924 година по сила на познатиот Договор од Лозана (1923), селото Воштарани го напуштиле сите преостанати турски семејства, а на нивно место се населиле бегалски семејства од Кавказ, Понд и Источна Тракија со вкупна бројка од околу 40 семејства со 182 жители[3]. Две години подоцна, во 1926 година селото е преименувано од Овчарани во Мелити.[6]. Селото Овчарани многу настрадало во времето на грчката граѓанска војна поради што засолниште во Македонија биле принудени да побараат 54 семејства и поединци со вкупно 147 души, 12 семејства и поединци се иселиле во источноевропските земји, а од новодојдените селото го напуштиле само 10 лица[3]. Според истражување за употребата на малцинските јазици во Леринско и Мегленско од 1993 година селото Воштарание е македонско-грчко/бегалско (маџирско) и во него македонскиот јазик е одлично зачуван, додека понтискиот грчки е доста слабо[7]. Селото Овчарани се истакнува како најзначајно упориште на Македонците и македонската национална свест при што на изборите во 2010 за кмет на селото е избран Македонецот - Панде Ашлаков, а тука е најголема и поддршката за политичката партија на македонското малцинство - Виножито. Во 2013 година на чело со градоначалникот Панде Ашлаков, селото Овчарани до грчките власти и обласната управа на Леринскиот округ испраќа петиција потпишана од 200 жители со која се бара официјално да се овозможи настава на мајчин македонски јазик[8].

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Селото меѓу народот и во пишаните извори е познато под имињата Овчарани и Воштарани, кои се со македонско јазично потекло. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров кој дал опширен запис за селото, го запишал и под двете имиња, а забележал и предание за настанокот на името Овчарани кое му го кажале мештаните. Според народното предание, четврт час понајуг од сегашното село имало една могила со доста убава и студена вода, којашто сега се нарекува старо село заради тоа што на неа било старото село. Од таму најнапред се иселиле неколку овчари со своите стада малку подолу, па од нив новооснованото село го добило името Овчарани[4]. Според записите на Тодор Симовски, поради големите стада овци селото Воштарани е познато под името Овчарани[3]. Како најголемо село кое се наоѓа во подножјето на Ниџе, не е исклучено од него да се терале стадата со овци лете на планинските пасишта на Кајмакчалан, а зиме во полето, па оттаму селото како главно средиште за овчарството да го добило своето име. Постои веројатност другото име на селото - Воштарани да е настанато како јазична форма од овчарани - овшчарани, вошчарани под влијание на местниот говор од леринскиот дијалект. Голема е веројатноста името Воштарани селото да го добило и од зборот овошје поради бројните овоштарници кои се застапни во селото. По 1926 година од грчките власти селото го добива името Мелити.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото Овчарани е многу богат и произведува големи количества жито, компири, тутун и овошје. Делумно е развиено и сточарството. Поради непосредната близина на електричната термоцентрала РЕК „Битола“ и македонската граница, дел од жителите од селото и нивните фирми работат како превозници на јаловина од ископите на јагленот во рудникот. Голем дел од жителите пазаруваат и одржуваат трговски врски преку границата во Македонија. За стопанството на Овчарани на крајот на XIX век, Ѓорче Петров запишал дека главните дејности на тукашните селани се земјоделството и сточарството, при што последното било сосема слабо[4]. Овчаранци зимно време, а некои и лете, оделе на бичкија (дрвосеча) во Бугарија, Црна Гора, Србија, Грција и секаде низ Турција, при што тие не седале повеќе од една година, особено оние коишто сакале да се женат[4]. Полето на Овчарани е плодно и приносно: дава жито (најмногу пченица и јачмен), грав, коноп и др, за што спахилакот на селото се продавал за околу 100.000 грошеви, а во Овчарани се одржувал пазар за околните полски и планински села[4].

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година во село Овчарани живееле 1535 жители. Од нив најголемиот дел се Македонци по националност, а македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[9]. Селото Овчарани во минатото било мешана населба населена со Македонци и Турци при што Стефан Верковиќ забележал 107 македонски и 92 турски семејства, Ѓорче Петров пишува дека во селото живееле 840 Македонци и 400 Турци што повеќе одговара на вистинскиот етнички состав. Во статистиките на К’нчов се запишани 810 Македонци и 600 Турци, додека Милоевиќ погрешно го регистрира со 200 македонски и 200 турски куќи[3]. Во селото според пописите во 1913 година живееле 1511, а во 1920 година 1 292 жители. По промените кои настанале во рамки на грчките власти и со Лозанскиот договор од 1923 турското население се иселило и на негово место се населило грчко бегалско население, но сепак Македонците и понатаму сè до денес остануваат во силно преовладувачко (доминатно) мнозинство.

Година Население
1928 1 388
1940 1 759
1951 1 666
1961 1 756
1971 1 445
1981 1 511
1991 1 562
2001 1 533
2011 1 432

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото Овчарани е сместена жандармериска станица, како и пошта која опслужува неколку села[3]. Исто така во Овчарани работат 3 основни училишта[8].

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Овчарани има годишен фестивал во чест на пророкот Илија. Се одржува секоја година на 19-20 јули, што е познато како „Илинден“, и од страна на Македонците кои живеат во селото се смета прославата да биде во чест на Илинденското востание. Фестивалот привлекува изведувачи од соседна Р Македонија, како што се Васка Илиева, Сузана Спасовска, Елена Велевска, Синтезис и фолклорниот ансамбл „Танец“. Се проценува дека 3.000-5.000 луѓе присуствуваат на настанот, секоја година.

Но, фестивалот, сепак, не поминува без критики од грчките власти и локалните грчки медиуми. Во минатото, како што беше заеднички со сите фестивали, вклучувајќи песни на македонски јазик, имаше спречување од страна на локалните власти. Според претседателот на месната заедница, ова беше толко тешка што само до 1983 година песни на македонски јазик им беше дозволено да се пее. Во 1988 локалната полиција го прекина фестивалот со исклучување на електричното напојување, како реакција на пеење на песни на македонски јазик. Полицијата подоцна ги оправда овие акции, тврдејќи дека во селото биле предупредени да не се користат локалните македонски имиња на песни, туку да се користи грчката верзија. Две години подоцна полицијата спроведе слични тактики во одговор на фолклорна група пеење на македонски јазик. Некои грчки медиуми сметаат дека фестивалот претставува закана наведувајќи дека фестивалот претставува "бунт против грчкиот суверенитет". Во медиумите на македонски јазик пак, се смета дека настанот добива публицитет како најголем годишен собир на етничките Македонци во Грција.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во селото секоја година се празнува празникот Илинден, кој се празнува одамнина. Кон крајот на XIX век во својот запис за селот Ѓорче Петров забележал дека овчаранци одржуваат панаѓур на Илинден, а секоја куќа посебно си има друга служба – слава, како на пример: Св. Димитрија, Архангеловден, Св. Никола, Пречиста и други светци, при што тука спроти празникот Св. Пр. Илија доаѓаат од селата да се гоштаваат[4]. Овчарани и денес го има и одржува годишниот фестивал во чест на пророкот Илија. Се одржува секоја година на 19-20 јули, што е познато како „Илинден“, и од страна на Македонците кои живеат во селото се смета прославата да биде во чест на Илинденското востание. Фестивалот привлекува изведувачи од соседна Р Македонија, како што се Васка Илиева, Сузана Спасовска, Елена Велевска, Синтезис и фолклорниот ансамбл „Танец“. Се проценува дека 3.000-5.000 луѓе присуствуваат на настанот, секоја година.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Селото е дом на етнички македонски фолклорни групи, најпозната КУД „Овчарани“ која учествуваше на 40-тиот "Македонски иселенички фестивал" во селото Трново, Република Македонија.

Цркви[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Ѓорѓија“

Иселеништво[уреди | уреди извор]

За време на Грчката граѓанска војна поради што засолниште во Македонија биле принудени да побараат 54 семејства и поединци со вкупно 147 души, 12 семејства и поединци се иселиле во источноевропските земји, а од новодојдените селото го напуштиле само 10 лица[3]. Во поново време намалувањето на бројот на жителите се должи на тенденцијата на иселување во прекуокеанските земји[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βοστεράνη -- Μελίτη
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 2. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 144–145. ISBN 9989-9819-4-9.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 4,19 4,20 4,21 4,22 4,23 4,24 4,25 4,26 4,27 4,28 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 463–464. ISBN 978-608-245-113-8.
  5. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 346–348.
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Van Boeschoten, Riki (2001). „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d'Aridea (Macédoine)“ (француски). Strates. Посетено на 23 февруари 2016.
  8. 8,0 8,1 Коровешовска, Искра (3 септември 2013). „Ашлаков: Чекавме доволно, одиме во Брисел и во Стразбур!“. Дневник. Посетено на 23 февруари 2016.[мртва врска]
  9. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  10. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]