Источна Тракија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на регионот Тракија. Источна Тракија е делот во рамките на Турција.

Источна Тракија (турски: Doğu Trakya) или Турска Тракија е источниот дел на историско-географската област Тракија, а денес е делот на Турција на европскиот континент. Овој регион почесто е наречен и Европска Турција и во овој регион се вклучени поголемите центри како што се Истанбул, Едрене, Чорлу или Лилебургаз.

Географија[уреди]

Источна Тракија зазема 12 проценти од вкупното население на државата и има 23 764 km² односно 3 проценти од вкупната територија на Турција. Источна Тракија од остатокот на Турција е поделен по природен пат, односно почувајќи од север со Босфор преку Мрамрното Море и завршувајќи со Дарданели и Средоземното Море на југ. На запад Источна Тракија се граничи со Грција, а на север со Бугарија.[1] Најголем број од населението на Источна Тракија се Турци.

Историја[уреди]

Источна Тракија во ремките на Отоманската Империја била дел од Одринскиот вилает. Вилаетот бил населен воглавно од турско и грчко население, но мало и одреден број бугарско население[2] По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските власти[3], и денес регионот е претежно населен со турско население.

Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истамбулскиот вилает од 1910[4]
санџак Турци Грци Бугари други вкупно
Едрене 128,000 113,500 31,500 14,700 287,700
Кирк Килисе 53,000 77,000 28,500 1,150 159,650
Родосто 63,300 36,000 3,000 21,800 144,300
Такирдаг 63,500 56,000 3,000 21,800 144,300
Галиполи 31,500 70,500 2,000 3,200 107,200
Дедеагач 45,300 29,000 17,000 650 91,630
Комотини 185,000 22,000 23,500 2,200 234,700
Чаталџа 18,000 48,500 - 2,340 68,840
Истамбул 450,000 260,000 6,000 130,000 846,000
вкупно
%
974,500
676,600
113,500
176,040
1,940,040
Статистички податоци на Патријаршијата од 1912
вкупно
%
836,500
726,00
114,000
340,700
2,017,800


Наводи[уреди]

  1. [1]
  2. Спомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје
  3. Извештај на Карнегиевата балканска комиција (1912-1913) - “Култура“, Скопје
  4. Pentzopoulos, Dimitri (2002). „The Balkan exchange of minorities and its impact on Greece“. C. Hurst & Co. Publishers. стр. 31–32. ISBN 9781850657026. http://books.google.gr/books?id=PDc-WW6YhqEC&pg=PA28&dq=%22northern+epirus%22%2Bflorence&hl=el&ei=EJcnTZu-L8eF5Abl7uzXCQ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=10&ved=0CEsQ6AEwCQ#v=onepage&q=%22northern%20epirus%22%2Bflorence&f=false. 

Поврзано[уреди]