Лесковец

Координати: 40°44.47′N 21°30.33′E / 40.74117° СГШ; 21.50550° ИГД / 40.74117; 21.50550
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лесковец
Λεπτοκαρυές
Лесковец is located in Грција
Лесковец
Лесковец
Местоположба во областа
Лесковец во рамките на Лерин (општина)
Лесковец
Местоположба на Лесковец во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.47′N 21°30.33′E / 40.74117° СГШ; 21.50550° ИГД / 40.74117; 21.50550
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&10000000000000695000000695 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно62
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Лесковец (грчки: Λεπτοκαρυές, Лептокариес; до 1926 г. Λεσκοβίτσα, Лесковица[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 62 жители (2011) — сите Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во средиштето на Леринското Поле, 9 км југоисточно од Лерин. Лежи близу ридот Радош на планината Мала Река.

Историја[уреди | уреди извор]

Лесковец во Првата светска војна.

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Лесковец се за првпат се среќава во документ од XV век како Лесковчене, во кој по име се зведени 58 глави на домаќинствата.[4]

Во XIX век Лесковец било македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Лесковец како македонско село.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лесковец (Leskovetz) било село во Леринската каза со 50 домаќинства и 145 (или 185) жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лесковец (Лѣсковецъ) имал 330 жители, сите Македонци христијани.[7][9]

Во селото работеле и грчката и бугарската пропаганда. Според извештајот на бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев, на 25 декември 1902 г. целото село (46 куќи) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, кое дотогаш било под Цариградската патријаршија.[10][11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото жвееле 368 Македонци, сите под егзархијата.[7][12]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лесковец се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 46 куќи.[13]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 249 жители. Боривое Милоевиќ малку подоцна го спомнува со 50 македонски куќи, а во 1920 г. броело 238 лица.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Лептокариес, што е буквален превод на македонското име.[14]

Иако не настрадало во Граѓанската војна, населението значително опаднало во текот на 1960-тите поради иселувања во прекуокеанските земји.[3] Подоцна се одржало устојчиво, но почнало значајно да опаѓа во 2000-тите, при што во него во 2011 г. се збележани само 62 лица.

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[15]

Цркви[уреди | уреди извор]

  • „Рождество на пресв. Богородица“, изг. 1950 г.
  • „Св. Ѓорѓи“[16]

Селска слава е Мала Богородица, на 8 септември.

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 378 327 287 197 162 186 116 62
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението претежно се занимава со огледување на тутун, а застапено е и сточарството.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Михо Трпко (Петре-војвода) — ајдутин од XVII век
  • Дељо Лесковски — ајдутин од крајот на XIX век
  • Лазар (Ѕоле) Бегалкин — револуционер на МРО, војвода на селската чета од Лесковец по 1904 г.[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λεσκοβίτσα -- Λεπτοκαρυές
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 160.
  4. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Меѓутоа, податоците може да се однесуваат и на Лескоец, Ресенско.
  5. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82 – 83, 84 – 85 и 110 – 111.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  10. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 25 – 26.
  11. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176 – 177.
  13. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  14. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 – 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012. no-break space character во |title= во положба 65 (help)
  15. Boeschoten, Riki Van. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
  16. Портал на поранешната Општина Кучковени[мртва врска] (грчки)
  17. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 17.