Црква „Вознесение Христово“ - Бели

Координати: 41°55′39″N 22°22′50.5″E / 41.92750° СГШ; 22.380694° ИГД / 41.92750; 22.380694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесение Христово

Поглед на црквата пред рушењето во декември 2020 година

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Спанчевска
Местоположба

Карта

Координати 41°55′39″N 22°22′50.5″E / 41.92750° СГШ; 22.380694° ИГД / 41.92750; 22.380694
Место Бели
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Завршено 1870
Архитектонски опис

Вознесение Христово – главна селска црква во селото Бели.[1] Сместена е на височина во средишниот дел на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1870 година, но не познато кога и од кој архијереј била осветена. Иконите биле изработени во 19 век од страна на зографот Захариј Самоковец и други непознати творци. Внатрешноста на црквата не била зографисана.[2]

Во март 2013 година, започнала обнова на црквата со средства прибрани од мештаните.[3]

Во април 2015 година, црквата била ограбена и од неа биле одземени 1.500 денари.[4]

Рушење и обнова[уреди | уреди извор]

Во декември 2020 година, објектот во целост бил срушен за на негово место да се изгради нов. Црковниот одбор донел одлука изградбата на новиот објект да се врши со поддршка од селаните, така што секое семејство би било задолжено во просек да учествува со 200 евра годишно сè додека трае обновувањето. Планирано било новата црква да биде изградена на темелите на старата, со истите големини, а новина би била изградбата на купола со којашто би се подобрил изгледот на црквата и подобро би се осветлила внатрешноста.[5]

Галерија[уреди | уреди извор]

Црквата пред рушењето во декември 2020 година

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Спанчевска парохија Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
  3. Ќе се обновува црквата „Свети Спас“ во село Бели Кочанско“. Фактор. 25 март 2013.
  4. Ограбена црквата „Свети Спас“ во кочанско Бели“. Канал 5. 14 април 2015.
  5. Ќе се гради нова црква на местото на „Св. Спас““. Вечер. 17 декември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]