Мојанци

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Мојанци е село во Општина Кочани.

Мојанци
Мојанци во рамките на Македонија
Мојанци
Мојанци (Македонија)
Координати41°51′36″N 22°23′04″E / 41.86°N 22.38444°E / 41.86; 22.38444Координати: 41°51′36″N 22°23′04″E / 41.86°N 22.38444°E / 41.86; 22.38444
Општина Кочани
Географски регион  
Население  556 жители жители
Поштенски број 2300
Повикувачки број  
Надморска височина 310 m
Селска слава  



Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

На патот Штип-Кочани, на околу 3 километри пред Кочани се врти десно (има патоказ Горни Подлог) и на околу 2 километри се наоѓа Мојанци.

Селото се наоѓа на дното од Кочанска Котлина на надморска височина од 310 метри. Опкружено со плодно поле со првокласна обработлива почва и прекрасни оризови полиња.

На југ, на оддалеченост од околу 5 километри почнуваат северните падини на планината Плачковица. На север на околу 6 километри почнуваат јужните падини на Осоговски Планини. На север на околу 1 километар од Мојанци тече реката Брегалница.

[уреди] Историja

Селото е основано помеѓу двете светски војни, во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во тој период Србија водела интензивна кампања за колонизација на Македонија како дел од стратегијата за посрбување. Бидејќи селото лежи во плодната Кочанска Kотлина на земјоделско земјиште од прва класа истото било колонизирано, а земјата доделена на српски фамилии. Македонското население било работна сила за обработка на земјата, ситуацијата наликувала многу на феудализам од средниот век.

По Втората светска војна на дел од жителите им биле доделени земјоделски површини.

Подоцна, кога настапила насила денационализацијата, дел од земјата пак им е одземена на земјоделците и формирани се т.н. задруги. По 1999 година одкако отпочна посериозен процес на денационализација во Република Македонија, дел од земјата повторно им се врати на поранешните сопственици.

По Втората Светска Војна, во селото се населиле семејства од Кривопаланечкиот крај, како и ромски православни семејства кои сега доминираат по бројност во ова село од околу 150 куќи.

[уреди] Економија

Иако малку семејства поседуваат повеќе од 1 хектар обработливо земјиште, сепак земјоделството е клучна дејност, посебно одгледувањето на ориз, раноградинарски производи (пипер, домат итн.) Поголемиот дел од семејствата се занимаваат со земјоделство како споредна дејност додека се вработени во Кочани, Виница или Штип. Во периодот после 1990 година, селото се соочува со егзодус кој главно се должи на лошите социо-економски услови во Македонија. Најголемиот број на млади заминуваат на работа и остануваат да живеат во Италија. Во помал дел заминуваат и во други западно-европски и прекуокеански земји.

[уреди] Демографија

Околу 150 куќи со 556 жители. Над 85% Македонци со Христијанска православна вероисповест и околу 15% Роми со Христијанска православна вероисповест.

[уреди] Спорт

Во селото најпознат е фудбалот и има повеќе фудбалски клубови од кои најпознат е Млад Борец

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици