Топоним

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Топоним (од старогрчки: τόπος, топос = место и ὄνομα, онома = назив)[1] — име на некое географско место или објект.[2] Науката што се занимава со изучување на топонимите се нарекува топонимија, која е гранка на ономастиката — општа наука за имињата од секаков вид. Под истото може да се подразбере и севкупноста на месните имиња во дадена област.[3]

Покрај општиот поим, постојат поедини видови на топоними што се однесуваат на дадени целини или релјефни форми. Такви се:

Важност[уреди]

Топонимијата е важна гранка на географијата бидејќи дава увид во историјата и културниот идентитет на местата. Сознанијата можат да се изведат од етимологијата на поимот, или пак од физичкото окружување, настаните и преданијата што довеле до дадениот назив.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „топоним“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. топоним — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. топонимија — Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди]