Реј Бредбери

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Реј Даглас Бредбери е американски писател на научна фантастика.

Содржина

[уреди] Живот

Реј Бредбери (во средината), заедно со претседателот на САД Џорџ Буш и неговата жена, 2004

Роден е 22 август 1920 година во Вавкеган, Илиноис, САД. Во раните години неговата фамилија доста често се селела, за во 1934 да започнат константно да живеат во Лос Анџелес. Во својата фамилија, Реј, имал голем број на издавачи на книги, па не изненадува тоа што самиот бил писател, а и голем читател. По средното образование, не се решава за одење на колеџ, и започнува да се издржува со продавање на дневни весници. Образованието го продолжва во библиотеката, каде се заљубува во научно фантастичните дела и ликови, како Флеш Гордон и Бак Роџерс. Наскоро започнува да ги објавува и своите СФ раскази по списанија во раните 1940-ти. Неговата прва книга, збирката „Темен карневал“, ја објавува во 1947.

Работел и на сценарија за филмови. Тоа се „Моби Дик“ (1956), режиран од Џон Хустон, и „Кралот на кралевите“ (1961), режиран од Николас Реј. Бредбери има пишувано и за оргиналнита „Зона на самракот“ (1959).

Покрај веќе наведените дела, Бредбери има напишано и голем број на есеи и ракази. Пишувал и мјузикли, десетина романи и новели, збирки раскази, па и поезија. Можеби најпознато дело му е „Фаренхајт 451 – температурата на која хартијата гори“, издадено во 1953 година, кое денеска претставува класика за американската литература.

Бредбери бил и идеен консултант за павилионот на САД на Светската изложба во Њујорк 1963, а помагал и при креирањето и планирањето на туристичките патеки низ Дизниленд. Консултант е за урбано градежништво и брз транспорт.

И покрај тоа што често е етикетиран како СФ писател, лично смета дека од неговите дела само „Фаренхајт 451“ е научна фантастика, базирана на реалноста. За поголемиот број од останатите дела смета дека се фантазија.

[уреди] Дела

[уреди] Новели

[уреди] Збирки раскази

Покрај овие колекции многу раскази се издадени како Best of колекции.

[уреди] Поезија

[уреди] Друго

[уреди] Тривија

  • Една општо позната иронија е дека Бредбери, и покрај пишувањето за вселенски бродови и патувања, никогаш не возел автомобил. Тој ова го препишува на ужасна сообраќајна несреќа што ја имал видено во детството.
  • Не се возел ниту во авион до својата 63-та година.

[уреди] Почести и награди

За својте придонеси во филмската индустрија, Реј Бредбери има ѕвезда на познатиот Холивудски булевар.

Еден астероид е именуван во негова чест - (9766) Bradbury.А истот така и еден кратер на месечината е именуван по негова новела - "Dandelion Crater" .

Ја има добиено „Светската награда за фантазија“, за своите достигнувања, Строкер наградата, и други.

[уреди] Надворешни врски