Јангон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јангон
ရန်ကုန်
Рангун
—  град  —
Судот во Јангон.
Јангон се наоѓа во Мјанмар
Јангон
Местоположба во Мјанмар
Координати: 16°48′ СГШ 96°09′ ИГД / 
Држава Мјанмар
Поделба Јангон
населен c. 1028–1043
Управа
 • Градоначалник Хла Мјинт
Површина
 • Вкупна 598,75 км2
Население (2010)[1]
 • Вкупно 4.348.000 жит.
 • Етнички групи Бамари. Ракинци. Монци. Карени. Мјанмарски Кинези. Мјанмарски Индијци
 • Религии будизам. христијанство. ислам
Час. појас MST (UTC+6:30)
Повик. бр. 1, 80, 99
Портал www.yangoncity.com.mm

Јангон (бурмански: ရန်ကုန်; MLCTS: rankun mrui) или познат по старото име Рангун што во превод значи „крај на борбата“, е град во Мјанмар, главен град на округот Јангон и поранешен главен град на државата. Иако воената хунта на Мјанмар официјално го премстила главниот град во Непјидо во март 2006,[2] Јангон со своите четири милиони е најголем град во државата и најголем трговски центар.

Инфраструктурата на Јангон е неразвиена во споредба со останатите поголеми градови во Југоисточна Азија. Јангон има голем број колонијални згради.[3] Големи стамбени и трговски објекти во градот биле изградени или реновирани, особено низ центарот, сепак околината на градот е недоволно развиена.

Етимологија[уреди]

Јангон (ရန်ကုန်) е збор составен од два збора yan (ရန်) и koun (ကုန်), што во превод значат „непријатели“ и „снемува“. Името на градот често се преведува како крај на борбата. Рангун потекнува од британскиот изговор на името.

Збратимени градови[уреди]

Галерија[уреди]

Пагофа Шведагон  
Пагода Суле  
Центарот на Јангон  
Центарот на Јангон навечер  
Палатата Каравеик  
Нгататѓи Буда  
Петостепена Пагода  
Пазар за накит  
Маркет во центарот на градот  
Мјанмарска нова година  
Споменик на независноста  
Кула Сакура  
Училиште во Јангон  

Наводи[уреди]

  1. „United Nations World Urbanization Prospects, 2007 revision“. Esa.un.org. http://esa.un.org/unup/index.asp?panel=2. конс. 27 април 2010. 
  2. Burma's new capital stages parade“, BBC News, 27 март 2006 (конс. 3 август 2006).
  3. Martin, Steven. „Burma maintains bygone buildings“, BBC News, 30 март 2004 (конс. 22 мај 2006).
  4. „Nanning and Yangon Become Sister Cities“. City Government of Nanning. 18 јули 2009. http://english.nanning.gov.cn/n725531/n751804/n752331/n819950/5880844.html. 
  5. Nwe Nwe Aye and Wai Phyo Myint (2005-05-30). „Yunnan keen to boost economic, trade ties“. „The Myanmar Times. http://www.myanmar.gov.mm/myanmartimes/no268/MyanmarTimes14-268/n006.htm. 

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]