Шпанска граѓанска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шпанска граѓанска војна
Дел од меѓувоениот период

Инернационални бригадисти на тенк
Датум 17 јули 1936 – 1 април 1939
(2 години, 8 месеци, 2 недели и 1 ден)
Место
Исход Победа на Националистите
Завојувани страни
Втора Шпанска република Републиканци

Поддржани од

Шпанија Националисти

Поддржани од

Сила
сила во 1938:[1]
  • 450.000 пешадија
  • 350 авиони
  • 200 тенкови
сила во 1938:[2]
  • 600.000 пешадија
  • 600 авиони
  • 290 тенкови
Жртви и загуби
  • проц. 500.000 убиени
  • 450,000 побегнати[3]

Шпанска граѓанска војна (17 јули 19361 април 1939), позната и како Шпанска револуцијавојна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните формациии, на чело со Франциско Франко од друга.

Во војната се вмешуваат и странски сили. Иако во принцип е усвоена политика на немешање, СССР ја поддржува владата (иако помошта на СССР е во голема мера двосмислена), а Франко е поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се борeле и доброволци од многу земји, кои главно биле дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите личности кои се бореле на страната на Републиката биле: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.

По тригодишна војна во која загинале од 500.000 до 1.000.000, победа извојувале бунтовниците на Франко, воспоставувајќи десничарска диктатура и монархија.

Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено анархистите, се стремат да извршат социјална револуција. Нивните стремежи се сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играат комунистите.

Македонци во Шпанската граѓанска војна[уреди | уреди извор]

На страната на Републиката се бореле и 137 Македонци, од трите делови на Македонија и од дијаспората.[4][5] Тие во Шпанија доаѓале од Македонија, но и од Франција, Канада, САД, Советскиот Сојуз, Аргентина, Белгија, Албанија, Панама и други земји. Помеѓу попознатите се:[6] Алексо Демниевски - Бауман, Цветко Узуновски, Ганчо Хаџипанзов, Елисие Поповски и Кирил Ќамилов. Останати македонски шпански борци се: Спас Банџов, Трајко Мишковски, Иван Дојчинов, Боро Поцков, Урфи Аголи, Трифун Бузев, Тане Наумов, Димитар Тодоров, Борис Атков, Владимир Арсовски, Ангел Димов, Петар Калев, Илија Јотов, Панајот Јотов, Андреј Колешинов, Григор Атанасовски и други. Македонци - шпански борци имало и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореле на страната на Шпанската Република биле и: Вангел Темелковски, Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.

Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунете, и на други места. На воените боишта животите ги положиле 65 Македонци, околу половина од вкупниот број борци.[7][8]

Шпанската граѓанска војна како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thomas (1961). p. 491.
  2. Thomas (1961). p. 488.
  3. Beevor (2006). pp. 410–11. Beevor notes that around 150,000 had returned by 1939.
  4. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 898 стр.
  5. Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“, „Утрински весник“, 31 јули 2006.
  6. Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна
  7. Владимир Картов „КПЈ во Македонија и Шпанската граѓанска војна“ во „Историја“, 1986, бр. 1, 113 стр.
  8. Орде Иваноски „Во Шпанија светот ја бранеше демократијата“
  9. Džordž Orvel, Životinjska farma. Beograd; BIGZ, 1985, стр. 101.
  10. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 85-86.
  11. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 87.
  12. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 88.
  13. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 85-89-91.
  14. DISCOGS, The Clash ‎– London Calling (пристапено на 9.5.2020)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.), „На шпанската земја“, „Култура“, Скопје, 1961.
  • Перо Коробар, Владимир Ивановски (ур.) „Во срцето на Шпанија: сеќавања на интербригадистите од Македонија“, „Наша книга“, Скопје, 1975.
  • Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.), „Во меѓународните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]