Демократски социјализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Политика

СОЦИЈАЛИЗАМ

Red flag
Струи

АфриканскиДемократскиАрапски
ЗеленРеволуционерен
Социјален анархизам
СојузничкиСлободарски
СоцијалдемократијаКомунизам
Социјалистичка пазарна економија

Клучни теми и прашања

Типови
Историја
Економија
Држава
Критики

Организации и луѓе

Првата интернационала
Втората интернационала
Третата интернационала (Коминтерна)
Четвртата интернационала
Социјалистичка интернационала
Интернационална социјалистичка организација
Светска организација на демократска младина
Интернационален сојуз на социјалистичка младина

Сродни теми

Анархизам · Самоуправување
Класна борба
Диктатура на пролетеријатот
Егалитаризам · Equality of outcome
Impossibilism · Интернационализам
Марксизам · Пролетерска револуција

Социјалистички портал
Политички портал ·

Демократскиот социјализам е социјалистичка теорија што се залага за воспоставување на социјалистичко општество, кое ќе се карактеризира со проширување и продлабочување на демократијата во однос на ситуацијата во капитализмот, а за разлика од комунистичката визија за социјализмот. Покрај ова основно значење на поимот „демократски социјализам“, тој се користи и од страна на социјалдемократијата за означување на нејзината визија на изградба на држава на благосостојба во рамките на капитализмот.

Најчесто, оние што се сметаат за социјалисти сметаат дека социјализмот по дефиниција е демократски и дека нема потреба од нагласување на таа негова карактеристика, но бидејќи практиката покажа дека е можно градењето на социјалистичко општество да заврши во тоталитаризам, а не во демократија (како што покажа искуството со комунизмот), сепак оние што се сметаат за демократски социјалисти инсистираат на тоа дека нивната визија за социјализмот е демократска.

Демократските социјалисти во текот на историјата не беа познати само по овој назив, па дури овој назив и поретко беше користен, поради неговата употреба од страна на социјалдемократите. Најчесто демократските социјалисти се нарекуваа и се нарекуваат леви социјалисти, а останатите термини за означување на овој политички правец се: автономен социјализам, нова социјалистичка левица и слично.

Историја[уреди]

При поделбата на дотогаш единствените социјалдемократски партии по Првата светска војна, се кристализираа три позиции: десницата, која го задржа називот социјалдемократија, левицата, чии приврзаници се нарекоа комунисти и центар, кого го претставуваа левите социјалисти. Најпознати леви социјалисти во тоа време беа австромарксистите, а истакнат лево-социјалистички проект претставуваше гилдскиот социјализам во Британија на Г. Д. Х. Кол.

По Втората светска војна, како застапници на левиот (демократскиот) социјализам се истакнуваа три партии, кои беа нарекувани автономни социјалистички: СП Италија, СП Јапонија и СП Чиле. Последната партија стана многу позната кога во 1970 за претседател на Чиле беше избран нејзиниот лидер, Салвадор Алјенде.

Кон крајот на 50-тите и на почетокот од 60-тите се јави незадоволство во некои социјалдемократски и комунистички партии, кои се отцепија од матичните партии и формираа лево-социјалистички партии. Од тоа време потекнуваат Социјалистичката левичарска партија на Норвешка и Социјалистичката народна партија на Данска, претставници на таканаречениот „народен социјализам“.

Во 70-тите, некои комунистички партии почнаа да се осамостојуваат од влијанието на Советскиот Сојуз и полиберално да го толкуваат ленинизмот, како основа на комунизмот. Тие партии се нарекуваа еврокомунистички и иако тврдеа дека се комунистички, фактички стоеја на демократско-социјалистички позиции. Најпознати еврокомунистички партии беа: КП Италија, КП Франција и КП Шпанија.

По крахот на комунистичките системи во СССР и Источна Европа, повеќе западни комунистички партии преминаа на демократско-социјалистички позиции, или пак ги зацврстија истите, ослободувајќи се од последните комунистички рецидиви.

По доаѓањето на Уго Чавез на власт во Венецуела во 1998, а особено по неуспешниот воен удар од 2002, Венецуела тргна во насока на изградба на социјалистички систем, кој има многу заедничко со демократско-социјалистичките визии.

Во Република Македонија, Социјалистичка партија на Македонија по статут, програма и платформа од своето постоење па до денес се декларира себеси за демократско социјалистичка партија.

Надворешни врски[уреди]