Капитализам
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Капитализам како економски систем е систем во кој сите или повеќето средства на производство се во приватна сопственост и се користат за остварување профит, и каде инвестициите, производството, дистрибуцијата, приходот, и цените се одредуваат преку делувањето на „слободниот пазар“ наместо преку централизираната државна контрола како во командната економија. Денес капитализмот е доминантен економски систем во светски рамки.
Капитализам како општествено уредување е систем изграден врз база на две класи, два општествени слоја: класата на управувачи и потчинета класа.
Класата на управувачи, позната и под термините капиталисти и буржуи, е составена од помал број на луѓе во општеството, кои поседуваат огромни материјално-финансиски добра. Управувањето со општеството се врши преку цела низа официјални и неофицијални инструменти, како например: формирање на јавното мислење преку средствата за јавно информирање кои се во посед на управувачката класа, или, преку разни форми на финансирање на политиката, финансирање на добротворните организации, често директно учество во власта, финансирање на културно-уметнички или спортски организации. Сето тоа е со цел вршење влијание врз носењето и спроведување на законите, а со тоа и обезбедување на нови начини за остварување профит, кој пак повторно ја зголемува управувачката моќ, а таа се користи за вршење влијание при носењето и спроведување на закони... и така во круг. Примери:
- Бил Гејтс, еден од основачите на Мајкрософт, еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото, сопственик на неколку електронски медиуми
- Роман Абрамович, мултимилијардер од Русија, сопственик на медиуми, енергетски компании, спортски клубови...
- Руперт Мурдок, медиумски магнат од САД, сопственик на енормни богатства
- Трифун Костовски, македонски елитен бизнисмен, основач на Утрински Весник, сопственик на спортски клубови, неколкугодишен пратеник, градоначалник на Скопје, сопственик на банки, осигурителни компании...
- Штерјо Наков, македонски елитен бизнисмен, основач на Вест, сопственик на спортски клубови, врвни хотели, Лотарија на Македонија, винарска визба,
- Велија Рамковски, македонски елитен бизнисмен, основач на А1 Телевизија, основач на фондации од културен карактер
- Минчо Јорданов, македонски елитен бизнисмен, неколкугодишен министер во владата на Република Македонија, сопственик на болница, дневниот весник Нова Македонија, неколку спортски клубови
Во процесот на управување особено важна улога има создавањето на привид дека политичкиот естаблишмент нешто контролира: буржуите се центарот на општеството кон кој гравитираат сите структури па и политичките елити. Не се приклонува управувачката класа кон оваа или онаа партија, обратно, партиите се приклонуваат кон капиталистите. На тој индиректен начин се врши суштинско управување.
Управуваната класа, позната под термините работничка класа или пролетери, е сочинета од мнозинскиот дел на општеството кој поседува скромни имоти, или дури и не поседува имоти.
Во почетокот на деведесеттите години на 20-от век, со падот на комунизмот, дојде до израз надмоќта на капитализмот на економски план.
| Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |