Џозеф Конрад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џозеф Конрад
Joseph Conrad
Joseph Conrad.PNG
1904
Роден(а) Јозеф Теодор Конрад Коржењовски
3 декември 1857(1857-12-03)
Бердичев, Киевски Гувернат, Руска Империја
Починал(а) 3 август 1924(1924-08-03) (на 66 год.)
Бишопсборн, Англија
Почивалиште Гробишта во Кантербери
Занимање писател
Јазик англиски
Период 1895–1923
Жанрови психолошки реализам, модернизам
Значајни дела Будалаштината на Алмајер (1895)
Изгнаникот на островите (1896)
"Лагуна" (1896)
"Населба на напредокот" (1896)
Црнецот од „Нарцис“ (1897)
"Младина" (1898)
Срце на темнината (1899)
Лорд Џим (1900)
"Еми Фостер" (1901)
Тајфун (1902)
Крајот на синџирот (1902)
Ностромо (1904)
Тајниот агент (1907)
"Дуел" (1908)
"Тајниот учесник" (1909)
Под западни очи (1911)
Победа (1915)
Сопружник Џеси Џорџ
Деца Борис, Џон

Потпис

Џозеф Конрад (англиски: Joseph Conrad), роден како Јозеф Теодор Конрад Коржењовски (полски:Józef Teodor Konrad Korzeniowski;[1] (3 декември 1857  – 3 август 1924) — полски писател кој пишувал и објавувал на англиски јазик по неговото доселување во Англија. Конрад се стекал со британско државјанство во 1886 година, но се сметал себе си за Полјак..[белешка 1] Конрад се смета за еден од најголемите романсиери на англиски јазик,[2] иако не го зборувал јазикот течно до неговите дваесетти години. Тој пишувал кратки раскази и романи, најчесто поврзано со морепловството. Тој бил прозен гениј кој вовел забележлив неанглиски[белешка 2] трагичен сензибилитет во англиската книжевност.[3]

Ран живот[уреди]

Џозеф Конрад бил роден на 3 декември 1857 година во Бердичев, денес во Украина, а тогаш дел од Кралството Полска. Тој бил единствено дете на Аполо Коржењовски и Ева Бобровска. Неговиот татко бил писател, преведувач и политички активист. Регионот каде растел Конрад бил населен со Украинци, но власта ја држела полската благородничка класа, во која припаѓал и Конрад и неговото семејство. Полската книжевност, особено родољубивата книжевност, се воздигнувала на висок степен од локалното полско население.[4]

Поради политичкиот ангажман и земјоделството, семејството на Конрад се преселувале на неколку наврати. Во мај 1861 година тие се преселиле во Варшава, каде Аполо се приклучил во полското движење за отпор на Руското Царство. Тое довело до негово апсење.[белешка 3] Казната затвор била заменета со испраќање на семејството во Чернигов, во северна Украина, каде условите биле подобри. На 18 април 1865 година Ева починала од туберкулоза.[1]:19-25

Аполо дал сè од себе да го школува Конрад. Уште од рани години Конрад се запознал со пишаниот збор, а особено два момента биле значајни и влијателни во неговиот подоцнежен живот: „Морски работници“ од Виктор Иго и делата на Вилијам Шекспир, кои го вовеле во англиската книжевност. Сепак тој најмногу читал полска книжевност, односно полска романтична поезија.[1]:27

Трговска морнарица[уреди]

По напуштањето на Полска во 1874 година, Конрад започнал кариера во трговската морнарица. По скоро четири години во Франција и на француски бродови, тој се приклучил на британската трговска морнарица и таму служел наредните петнаесет години. Тој работел на различни бродови, вршејќи повеќе функции за да на крај стане капетан. Од неговите 19 години служба во трговската морнарица, само 9 или 10 години бил на море. Голем број од ликовите и настаните опишани во делата на Конрад се инспирирани од настани и личности од неговиот професионален (морнарички) живот.

Смрт[уреди]

Конрад умрел на 3 август 1924 година, најверојатно од срцев удар. Тој бил закопан на гробиштата во Кантербери во Англија, и на неговата надгробна плоча било испишано неговото родно полско име, но со три грешки, односно Joseph Teador Conrad Korzeniowski[1]:573 наместо Jozef Teodor Konrad Korzeniowski. На неговата надгробна плоча биле испишани редови од „Кралицата на феите“ од Едмунд Спенсер, кој самиот Конрад ги избрал за епиграф за неговиот последен роман „Скитник“:

Sleep after toyle, port after stormie seas,

Ease after warre, death after life, doth greatly please [1]:574


Библиографија[уреди]

Романи[уреди]

Споменик на Конрад во Гдиња во Полска.
1895   Будалаштината на Алмајер
1896 Изгнаникот на островите
1897 Црнецот од „Нарцис“
1899 Срце на темнината
1900 Лорд Џим
1901 Наследници
1902 Тајфун (започната во 1899)
1903 Романса
1904 Ностромо
1907 Тајниот агент
1911 Под западни очи
1913 Шанса
1915 Победа
1917 Засенета линија
1919 Стрела од злато
1920 Спасување
1923 Природата на злото
Скитник
1925 Застој: Наполеонски роман (незавршена, постхумно објавена)

Романи и раскази[уреди]

  • „Идиоти“ (1898).
  • „Црниот пријател“ (1925).
  • „Лагуна“ (1898).
  • „Населба на напредокот“ (1896).
  • „Враќањето“ (1898)
  • „Карејн: Сеќавање“ (1897).
  • „Младост“ (1898)
  • „Фалк“ (1901).
  • „Еми Фостер“ (1901).
  • „Утре“ (1902).
  • „Крајот на синџирот“ (1902)
  • „Гаспер Руз“ (1904–05)
  • „Анархист“ (1905)
  • „Поткажувач“ (1906)
  • „Бруталност“ (1906)
  • „Дуел“ (1908)
  • „Il Conde“ (1908)
  • „Тајниот учесник“ (1909)
  • „Принц Роман“ (1910)
  • „Насмевка на среќата“ (1910)
  • „Фреја од седумте острови“ (1910–1911)
  • „Партнер“ (1911)
  • „Гостилницата на двете вештерки“ (1913)
  • „Поради доларите“ (1914)
  • „Плантажерот од Малата“ (1914)
  • „Душата на војникот“ (1915–1916)
  • „Приказната“ (1916)

Мемоари и есеи[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Najder, Z. (2007) Joseph Conrad: A Life. Camden House. ISBN 978-1-57113-347-2.
  2. Joseph Conrad. Encyclopædia Britannica.
  3. "Poland." Encyclopædia Britannica. 2009. Encyclopædia Britannica Online. 5 August 2009
  4. Stewart, J.I.M (1968) Joseph Conrad. Longman London; 1st Edition.

Белешки[уреди]

  1. Во едно писмо од 14 февруари 1901 година испратено од Конрад до Јозеф Коржењовски, библиотекар во Краков, напишал за себе си (како реплика на обвинувањата дека го напуштил полскиот народ со неговото објавување на англиски): „Широко е познато дека јас сум Полјак и дека Јозеф Конрад е моето име, а второто е подоцна искористено како мое презиме за да странските усти не го искриват моето вистинско презиме - искривување кое не можам да го издржам. Не ми изгледа дека јас не сум бил верен на мојата земја со докажувањето на Англичаните дека еден џентлмен од Украина може да биде добар морепловец како нив, и има нешто да им каже на нивниот јазик.“, во Zdzisław Najder, Joseph Conrad: A Life, pp. 311-12.
  2. Радјард Киплинг сметал дека „со пенкало во неговата рака тој бил прв меѓу нас“, но немало ништо англиско во менталитетот на Конрад: „Кога го читам, секогаш имам впечаток дека читам одличен превод на некој странски автор“. Цитирано во Џефри Мејерс, Џозеф Конрад: Биографија, стр. 209.
  3. Zdzisław Najder, Conrad under Familial Eyes, Cambridge University Press, 1984, ISBN 0-521-25082-X.

Надворешни врски[уреди]

Ресурси
Портали и биографија