Лаос
|
ສາທາລະນະລັດ ປະຊາທິປະໄຕ ປະຊາຊົນລາວ
Sathalanalat Paxathipatai Paxaxon Lao Лаошка Народна Демократска Република |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: ສັນຕິພາບ ເອກະລາດ ປະຊາທິປະໄຕ ເອກະພາບ ວັດທະນາຖາວອນ "Мир, независност, демократија, единство и просперитет" |
||||||
| Химна: Pheng Xat Lao |
||||||
| Главен град | Виентијан 17°58′N 102°36′E / 17.967°N 102.6°E |
|||||
| Најголем град | главен град | |||||
| Службен јазик | лаошки | |||||
| Демоним | лаошанец | |||||
| Уредување | Социјалистичка република | |||||
| - | Претседател | Чоумали Сајасоне | ||||
| - | Заменик претседател | Бунханг Ворачит | ||||
| - | Премиер | Буасоне Бупаванх | ||||
| независност | од Франција | |||||
| - | Датум | 19 јули 1949 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 236.800 km2 (83-та) 91.429 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 2 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2007 | 6,521,998 (106-та) | ||||
| - | Попис 1995 | 4,574,848 | ||||
| - | Густина | 25/km2 (177-ма) 65/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2007 | |||||
| - | Вкупен | $12.614 милијарди[1] (129-та) | ||||
| - | По жител | $2,054[1] (138-ма) | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2007 | |||||
| - | Вкупно | $4.108 милијарди[1] | ||||
| - | По жител | $669[1] | ||||
| Џини (2002) | 34.6 (среден) | |||||
| ИЧР (2007) | ▲ 0.601 (среден) (130-та) | |||||
| Валута | Кип (LAK) |
|||||
| Часовен појас | (UTC+7) | |||||
| Се вози на | right | |||||
| НИД | .la | |||||
| Повик. бр. | 856 | |||||
Лаос или официјално Лаошка Народна Демократска Република е земја во југоисточна Азија. Лаос се граничи со Мијанмар и НР Кина на северозапад, со Виетнам на исток, со Камбоџа на југ и со Тајланд на запад. Историјата на Лаос датира уште од кралството Лан Санг или „Земјата на Милион Слонови“, кралство што опстојувало од 14 век до 18 век.
После периодот кога Лаос бил француска колонија, во 1949 година оваа држава се изборила за независност. По кратко време се одвивала граѓанската војна кога комунистичкото движење Патат Лао дошло на власт во 1975 година.
Содржина |
[уреди] Етимологија
На лаошки јазик, името на земјата е „Меуанг Лао“. Кога Лаос или поточно Лао потпаднал под француска окупација, французите додале едно нечујно -с на крај од зборот Лао со што се добил денешниот изговор на државата, но само кај странските јазици, бидејќи на лаошки сѐ уште државата се вика Лао.
[уреди] Историја
Историјата на Лаос влече корени од кралството Лан Санг, основан во 14 век од Фа Нгум, а додека самиот овој влече корени од голема кралска фамилија основана од Кун Булом. Кралството постоело сѐ до 18 век кога било поделено на три делови кои подоцна потпаднале под сијамска власт. Во 19 век, Луанг Прабанг бил приклучен кон протекторатот Француска Индокина, а подоцна биле додадени и околните територии. Под француска власт, Виентијан повторно станал главен град на Лаос. Подоцна територијата на Лаос била окупирана од јапонските сили што кон крајот на Втората Светска Војна Лаос прогласил независност. Оваа независност била укината од повторната француска окупаторска сила и во 1950 година Лаос бил дел од француската унија како полунезависна држава. Целосна незавосност Лаос прогласил во 1954 и станала уставна монархија.
Лаос бил вовлечен во Виетнамската војна и источниот дел од земјата бил окупиран и контрлиран од Северновиетнамската Армија, чијашто територија ја користеле за тренинг и за снабдување на залихи за војната со Јужен Виетнам. Како резултат на тоа САД го подржувал Јужен Виетнам и биле против комунистичкиот режим во Лаос. Тоа бил повод за старт на лаошката граѓанска војна помеѓу подржувачите на монархијата и комунистичкото движење Патет Лао.
За време на граѓанската војна, Северновиетнамската армија (СВА) била на страната на комунистичкото движење во Лаос. Во 1968, СВА извела воени напади врз монархистите во Лаос. Нападите резултирале со воздушни напади од страна на САД што резултирало со голема материјална штета и голем број загубени човечки животи.
Во 1975 година, комунистите на Патет Лао, подржани од Советскиот Сојуз и СВА, ги симнала од власт монархистите и на 2 декември 1975 година кралот Саванг Ватхана го напуштил тронот. По преземањето на целосната власт во Лаос, Патет Лао го сменил името на државата во Лаошка Народна Република
[уреди] Географија и клима
Лаос е земја во Југоисточна Азија и не излегува на море. Лаос е претежно планинска земја со многу шуми и најголем врв во Лаос е Поу Бија со 2.817 м. Границата со Тајланд е по природен пат, поточно реката Меконг ја формира границата во поголем дел. Со Виетнам се дели планинскиот венец Анамите.
Климата во Лаос е тропска и монсунска. Има дождлива сезона од мај до неомври, а потоа следи сушен период од декември до април. Според локалните верувања и традиции, постојат три сезони во Лаос и тоа се: дождлива сезона, ладна сезона и топла сезона.
Најголем и главен град на Лаос е Виентијан, а додека останати поголеми градови во Лаос се: Луанг Прабанг, Саванахет и Пахе.
Во 1993 година, владата направи 21% од вкупната територија на Лаос Национален биолошки конзервативна површина, што е претходник на можниот иден Национален Парк во Лаос.
Лаос е татковина на индокинескиот тигар, гигантскиот гаур и азискиот слон. Различен број на животни биле откриени или повторно откривани во последните години. Меѓу нив се анимитскиот зајак, саолата, и најскорешно откритие е карпестиот стаорец или ха-нјоу.
Лаос е една од четирите земји што спаѓаат во така наречениот регион „Златен Триаголник“- регион каде се одгледува опиум.
[уреди] Политички систем
Лаос е земја со еднопартиски систем. Единствената правна политичка партија во земјата е Лаошка Народна Револуционерна Партија. Претседател на Лаос е Чумали Сајасон, што воедно е и лидер или генерален секретар на партијата. На чело на владата е премиерот Буасон Бупхаванх. Политиките на земјата се определени од партијата преку сите нејзини политички сили и преку централниот комитет на партијата. Во креирањето на политиките важен е и Советот на Министри на Лаос.
Првиот устав на Лаос бил напишан на 11 мај 1947 година и според него, Лаос требало да биде независна држава во рамките на француската унија. Уставот бил напишан на француски. Овој устав повторно бил препишан на 11 мај 1957 година кога се отфрлила француската унија, иако се одржале тесни фрски со Франција. Овој устав сосема бил напуштен во 1975 година кога се создала единствената политичка партија во Лаос и нов устав се усвоил во 1991.
[уреди] Административна поделба
Лаос е поделен на 16 покраини наречени кванг и главниот град Виентијан.
1. Атапу
2. Бокео
3. Болихамсаи
4. Чампасак
5. Хуапхан
6. Хамуан
7. Лунг Намта
8. Луангпхабанг
9. Удомсаи (покраина)Удомсаи
10. Понгсали
11. Салаван
12. Саванахет
13. Виентијан
14. Виентијан
15. Саигнабули
16. Саисомбун (специјална административна зона воспоставна во 2006)
17. Секонг
18. Сијангхоанг
Понатака, покраините се поделени во области (муанг).
[уреди] Економија
Лаошката економија е многу зависна од странски инвестиции и трговија со соседните земји Тајланд, Виетнам и особено со Кина.
Поголемиот дел од Лаос е со лоша инфраструктура. Лаос има железница, освен кратка поврзаност на Виентијан со Тајланд. Главната патна мрежа ги поврзува градовите но додека селските населби се поврзани со неасфалтирани патишта. Има ограничена надворешна и внатрешна телекомуникација, но мобилната мрежа се користи во голем процент. Во рурални предели нема електрична енергија или пак се доставува во одредени термини. За поголеи дестинации се користат камиони за транспорт.
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Население
69% од населението на Лаос се етнички Лаошани. Тие се автохтон народ на таа територија и политичка, културна и социјална доминантна етничка група. Лаошаните припаѓаат во грпата на народи со тајландски јазици, што се преселиле на таа територија во првиот милениум н.е. 8% проценти од останатити се странски народи, што заедно со Лаошаните ја формираат групата Лао Лум.
Покрај Лаошаните, во државата исто така живеат и: Хмонги, Јаосци, Даосци, Шанци и останати тибетско-бурмански народи. Покрај овие, постојат и планинските народи Луанци и Хмуци што се староседелци на Лаос. Денес, Луанците се загрозен народ и се пред исчезнување. Сите овие народи се познати како „планински Лаошани“, додека во јужниот дел на земјата народот е познат како „низински Лаошани“.
[уреди] Религија
Доминантна религија во Лаос е теравада будизам што зедно со анимизамот присутен во северен Лаос, се двете религии што мирно опстојуваат во Лаос. Исто така, има мал број на христијани во Лаос, во близина на Виетнам и муслиманско население што живее во близина на Мијанмар. Христијанското мисионерство е подржано од владата на Лаос.
Според проценти, религиските групи се следните: 67% се будисти, 1.5 се христијани и 31.5 % се неизјаснети.
[уреди] Јазик
Официјалниот и доминантен јазик во државата е лаошки јазик, тонален јазик од групата на тајландски јазици. Писмото е базирано на кмерското писмо што го користи кмерскиот јазик. Покрај лаошки, во Лаос се зборува и француски јазик и се користи за трговија и во владата, се учи во училишта. Англискиот јазик се повеќе се изучува во последните години.
[уреди] Култура во Лаос
Будизмот имал силно влијание врз културата во Лаос. Тоа се рефлектирало низ вековите преку јазикот, храмовите, уметноста, литературата и слично. Многу елементи од лаошката култура се однесуваат и се поврзани со будизмот. На пример, лаошкиот традиционален инструмент е хаен, вид на инструмент од бамбус и има праисториско потекло. Хаенот е пропратен со пејач и доминантен стил на музика во Лаос.
Оризот во Лаос има културно и религиозно значење. Има многу традиции и ритуали поврзани со него.
[уреди] Музика во Лаос
Најпознат лаошки инструмент е хаената. Тоа е инструмент изработен од бамбусови цевки и е доста стар инструмент.
Лаошката народна музика се вика лам и тоа е пеење пропратено со звуците од хаената. Лаошкиот класичен оркестар може да се подели на две категории, сеп нјаи и сеп нои. Сеп Нјаи е церемонијална и формална музика и вклучува два сета на гонга, ксилофон, обоа и тапани.
[уреди] Наводи
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Лаос на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Виртуелна тура за Лаос
- Националниот портал на Лаос
- Националниот портал за туризам на Лаос
- Lao Voices
- Lao Media
- Претседателот на Лаос и Кабинетот
- Општи информации
- Laos from UCB Libraries GovPubs
- Лаос - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
|
||||||||||||||||||||||||||||||||