Ориз

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Оризови стебла во фаза на зреење

Оризот (латински: Oryza) е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението во светот. Освен за исхрана, оризот се користи за правење алкохолен пијалок - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија.

Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода и топлина. Најмногу ориз се одгледува во Кина, Индија, Индонезија, земјите на Индокина, Пакистан, Филипини, Бразил и Јапонија.

Главни извозници на ориз се Тајланд, Виетнам и САД. Најголеми приноси на ориз се остваруваат во Јапонија и Јужна Кореја - 6.000 кг на хектар.

Во Македонија најголем оризопроизводен регион е кочанскиот, каде оризот е застапен на околу 3.000 хектари (максималната застапеност достигнувала и до 6.000 хектари). Просечниот принос изнесува околу 5.500 кг. од хектар. Најпознати сорти ориз кои се одгледуваат во Кочанска Котлина се:монтичели, Р76/6, сан андреа, прима риска и монтеса.

Во 2000 година на Меѓународниот саем за технолошки иновации “Еурека“ во Брисел, Белгија оризот произведен во Кочанско го доби признанието “Grand prix“ - Најдоброто од Македонија.