Сирак (растение)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сирак
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Фамилија: Треви
Потфамилија: Просолики
Род: Сирак
L.
Видови

околу 30 видови, во текстот

Сирак (науч. Sorghum) — род од многу видови на треви, што се одгледуваат како жито и фуражна култура. Успеваат во потоплите краишта. Видовите се автохтони во тропските и суптропските подрачја на сите континенти, покрај југозападното тихоокеанско подрачје и Австралазија. Ова растение спаѓа во потфамилијата просолики (Panicoideae) и племето Andropogoneae (на кое припаѓа и шеќерната трска).

Одгледување и употреба[уреди]

Обичниот сирак или алаваџиско просо (Sorghum bicolor),[1] е мошне важна житна култура во светот. Се користи како храна (во зрна и меласата), сточна храна, за произведување на алкохолни пијалоци и за биогорива. Највеќето сорти се отпорни на суша и топлина, па затоа се од особено значење во аридни краишта, каде оваа житарка е важна за прехраната на сиромашното и селското население. Во разни тропски региони, овие сорти играат важна улога и како храна за стоката по пасиштата. Кај луѓето, сиракот е мошне значајна прехранбена култура во Африка, Средна Америка и Јужна Азија и претставува „петта најважна житна култура во светот“.[2]

Некои видови сирак содржат извесна доза на водород цијанид, хорденин и нитрати, кои се смртоносни ако животнотите ги јадат додека растението е младо. При услови на суша и жештини, дури и возрасните растенија стануваат отровни.[3]

Друг вид пак, наречен алепски сирак или „Џонсонова трева“ (S. halapense) во САД претставува наезден (инвазивен) вид.[4]

Поле со сирак во Средна Америка
Зрна на бел сирак

Видови[уреди]

Хибриди[уреди]

  • Sorghum × almum
  • Sorghum × drummondii

Геном на сиракот[уреди]

Во 2009, екипа на научни истражувачи од повеќе земји ја составиле низата на геномот на сиракот.[5][6]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Mutegi, Evans; Fabrice Sagnard, Moses Muraya, Ben Kanyenji, Bernard Rono, Caroline Mwongera, Charles Marangu, Joseph Kamau, Heiko Parzies, Santie de Villiers, Kassa Semagn, Pierre Traoré, Maryke Labuschagne (1 февруари 2010). „Ecogeographical distribution of wild, weedy and cultivated Sorghum bicolor (L.) Moench in Kenya: implications for conservation and crop-to-wild gene flow“. „Genetic Resources and Crop Evolution“ 57 (2): 243–253. doi:10.1007/s10722-009-9466-7. 
  2. Сирак - Совет за житарки на САД (англиски)
  3. Цијанид (прусна киселина) и нитрат во посевите на сирак - Справување со ризиците. Главни стопански гранки и риболов - Влада на Квинсленд, 21 април 2011 (англиски)
  4. Алепски сирак (Џонсонова трева) - Министерство за земјоделство на САД, пров. 12 март 2009 (англиски)
  5. Завршено составувањето на геномската низа на сиракот - EurekAlert, 28 јануари 2010 (англиски)
  6. doi:10.1038/nature07723
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  • Watson, Andrew M. Agricultural Innovation in the Early Islamic World: The Diffusion of Crops and Farming Techniques, 700–1100. Cambridge: Cambridge University Press, 1983. ISBN 0-521-24711-X.

Надворешни врски[уреди]