Организација за исхрана и земјоделство на ООН
Од Википедија, слободната енциклопедија
Организација за исхрана и земјоделство на ООН
|
|
Амблемот на FAO со нејзиното латинско мото, Fiat Panis ("Нека има леб") |
|
| Тип | Специјализирана агенција |
|---|---|
| Кратенки | FAO |
| Шеф | |
| Статус | активна |
| Основана | 16 октомври 1945 во Рим |
| Седиште | |
| Страница | fao.org |
| Матична орг. | ECOSOC |
Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (англ. Food and Agriculture Organization of the United Nations) или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на ОН за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.
ФАО има осум оддели:
- Земјоделство и заштита на потрошувачите,
- Економски и социјален развој,
- Рибарство и водостопанство,
- Шумарство,
- Човечки, финансиски и физички ресурси,
- Знаење и комуникации,
- Управување со природни ресурси и
- Заштита на околината и техничка соработка.

