Австралазија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Австралазија
Региони во Океанија.

Австралазија е регион во Океанија кој се состои од Австралија, Нов Зеланд, островот Нова Гвинеја и соседните острови во Тихиот Океан. Поимот го смислил фрацускиот писател Шарл де Бросе во неговото дело „Историја на пловидбите кон австралската земја“ (фр. Histoire des navigations aux terres australes, 1756). Тој го извел зборот од латинскиот збор за „јужно од Азија“ и ја различил областа од Полинезија (источно) и југоисточниот Пацифик („Магеланика“). Регионот е посебен и од Микронезија (на североисток).

Човечка географија[уреди]

Геополитички земено, Австралазија понекогаш се користи како колективен збор за Австралија и Нов Зеланд, не мајќи друг збор кој се однесува токму на тие две земји. Понекогаш поимот го опфаќа и островот Нова Гвинеја (вклучувајќи ја и Папуа Нова Гвинеја и индонезискиот дел од островот). Постојат многу организации со име кое започнува со „(Кралско) австралазиско здружение“ кои се ограничени само на Австралија и Нов Зеланд.

Австралазиското олимписко знаме

Во минатото зборот „Австралазија“ се користел како име на здружените спортски екипи од Австралија и Нов Зеланд. Такви примери наоѓаме во тенисот помеѓу 1905 и 1915, кога Нов Зеланд и Австралија ги здружиле нивните најдобри играчи за да се натпреваруваат во меѓународниот турнир на Дејвис купот (кого го освоиле во 1907, 1908, 1909, 1911 и 1914), и олимписките игри во 1908 и 1912 година.

Еколошка географија[уреди]

Волесовата линија ја раздвојува австралазиската од југоисточноазиската фауна.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Австралазиска екозона.

Од еколошка перспектива, Австралазиската екозона е посебен региоб со заедничка еволутивна историја и огромен број на ендемски растителни и животниски видови. Во овој контекст Австралазија е ограничена на Австралија, Нов Зеланд и соседните острови, вклучувајќи ги индонезиските острови источно од Ломбок и Сулавеси. Биолошката поделбена линија на овој екосистем од оној на Азија се нарекува Волесова линијаБорнео и Бали се наоѓаат на западната, азиска страна. Нов Зеланд сочинува сосем посебна еколошка зона, бидејќи бил изолиран од остатокот од светот (заклучно со другите австралазиски земји), уште подолго време.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]


Надворешни врски[уреди]