Тревовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тревовидни
Мека пченица (Triticum aestivum)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Small
Фамилии

во текстот.

Пирамидална билбергија Billbergia pyramidalis од фамилијата Бромелиеви
Процулена мухарка (Setaria verticillata) од фамилијата Треви

Тревовидните (науч. Poales) е голем ред на цветни растенија од групата монокотиледони. Тука спаѓаат растителните семејства како тревите, бромелиевите и остриките. Денес ботаничарите признаваат 16 семејства во склоп на тревовидните.

Според неодамнешните проучувања[1] тревовидните растенија водат потекло од Јужна Америка, и тоа пред речиси 115 милиони години. Најстарите пронајдени фосили се полен и плодови што датираат од доцната креда. Цветовите им се мали, затворени во брактеи и распоредени во соцветие (освен кај родот Mayaca, каде има по еден цвет на крајот од растението). Кај многу видови опрашувањето го врши ветерот. Семето обично содржи скроб.

Системот APG III (2009) го прифаќа редот и го сместува во кладот комелиниди, во рамките на монокотиледоните. Ги опфаќа следниве фамилии:

Стопанска важност[уреди]

Тревовидните се стопански најзначаен ред на растенија. Во рамките на редот, во голема мера најзначајна е фамилијата на треви (Poaceae), каде спаѓа јачменот, пченката, просото, оризот и пченицата. Таа е воедно и најголемата фамилија во редот, со многу повеќе видови од останатите:

Наводи[уреди]

  1. на пр. Bremer, 2000
  • Bremer, K. (2000). Gondwanan Evolution of the Grass Alliance of Families (Poales). Evolution 56: 1374-1387. Текст
  • Judd, W. S., C. S. Campbell, E. A. Kellogg, P. F. Stevens, M. J. Donoghue (2002). Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, 2nd edition. стр. 276-292 (Poales). Sinauer Associates, Sunderland, Massachusetts. ISBN 0-87893-403-0 .
  • Linder, H. Peter and Paula J. Rudall. 2005. Evolutionary History of the Poales. Annual Review of Ecology, Evolution, and Systematics 36: 107-124.
  • Small, J. K. (1903). Flora of the Southeastern United States, 48. New York, U.S.A.

Надворешни врски[уреди]