Литература

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Литература
Основни облици

Роман · Поема · Драма
Расказ · Новела

Родови

Епика · Лирика · Драма
Романса · Сатира
Трагедија · Комедија
Трагикомедија

Извори

Изведба (претстава· Книга

Форми

Проза · Стих

Историја и списоци

Општ преглед на литературата
Индекс на поими
Историја · Модерна историја
Книги · Писатели
Награди за литература · Награди за поезија

Дискусија

Критика · Теорија · Списанија

Литература (латински: lit(t)era — буква) или книжевност (прасловенски: kъniga — книга), е уметност на пишани дела. Иако двата поими се синонимни, книжевност го опфаќа уметничкиот дел од творештвото, додека поимот литература се користи за означување на каков било вид пишано творештво. Како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, како и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки, така и во рамките на една издвоена култура.

Поим[уреди]

Поимот литературата доаѓа од латинскиот збор littera, со значење буква или буквално „познанство со буквите“. Во македонскиот јазик покрај литература се користи и поимот книжевност, изведен од зборот книга, кој пак е изведен од прасловенскиот збор kъniga. Двата поими се синонимни, иако под книжевност се подразбира само уметничките дела, додека под литература сите пишани дела во целина, како научни, административни или практични текстови.

Во антиката и подоцнежното време, денешното значење на терминот поезија тогаш го носел значењето литература, бидејќи уметноста да се твори, односно пишува во стихови се сметала за литература. Прозата, од друга страна дури подоцна почнала да се оформува како посебна уметност, за да сега и прозата и поезијата претставуваат само начин на кој се пишува, односно твори или создава едно книжевно дело.

Одлики на литературата[уреди]

Литературата се разгледува во однос на еден народ, најчесто вклучувајќи збир од текстови што претставуваат еден народ. И покрај тоа што литературата може да закружува најразлични ентитети, како што се здруженија, философски школи, историски периоди и др., сепак најчесто, употребата на зборот литература паѓа под оваа определба.

Поопшто гледано, литературата може да претставува збир разкази, песни и драми што се однесуваат на некоја одредена тема. Во ваков случај, расказите, песните и драмите можат, но не мораат да имаат националистички импликации.

Клацифицирајќи некаков елемент како ддџфсдддц сдел од литература (на пр. македонска книжевност, научна литература, итн.) може да се наиде на неколку потешкотии. За некои луѓе, зборот „литература“ значи било каков симболички запис кој може да содржи слики и ваји, а нормално и букви. За други, литературата мора да содржи само примери на тексуално сложени букви, или некакви други примери на симболички пишани јазици (на пр. хиероглифи). Уште поконзервативна интерпретација ќе бара текстот да има физичка форма, вообичаено нашишана на хартија или друга форма кој овозмошува печатење.

Различни историски периоди истакнувале различни карактеристики на литературата. Најраните дела, најчесот се осврнувале на религиозни и советувачки пораки. Морализирањето или согледувањето на литературата се спречува од ваквите извори. Средниот век ја носи романста, додека „времињата на причината“ ги произведуваат националистичките епови и философската мисла. Романтизмот ја истакнува популарната народна литература и емотивните ставови, но сепак му даваат отворен пат на Западот, кој во XIX-иот век ја започнува фазата на реализам и натурализам, трагајќи во реалното. XX-иот век го донесува симболизмот и психолошките гледишта, менувајќи гоффффффддддффф притоа тогашниот вообичаен тек.

Литературни видови[уреди]

Поезија[уреди]

Песна е композиција обично напишана во стих. Песните се потпираат на сликовитост, прецизен избор на зборови, и метафора. Формата се мери во нагласоци или во ритам на слогови со различна должина, и тие може но не мора да користат рима.

Драма[уреди]

Една претстава нуди уште една класична литературна форма што еволуирала низ годините. Општо земено, таа се состои од дијалог меѓу ликовите, и обично цели кон театарска изведба) отколку кон читање на пишан збор. Во текот на XVIII-иот и XIX-иот век, формата опера се има развиено со комбинација на поезија, драма и музика.

Есеи[уреди]

Есејот е кратка пишана форма што содржи расправа на одредена тема од гледна точка на авторот.

Прозна фикција[уреди]

Прозата се состои од запис што не и се покорува на ниедна специфична формална структура (освен најосновна граматика). Прозниот запис често е сув запис, иако не значи дека не може да биде и елегантен, убав (но без да ги користи формалните својства на зборовите, како рима и метрика).

Други видови на прозна литература[уреди]

Философија, историја, новинарство, како и легалните и научни трудови традиционално се сметаат за литература. Во нив спаѓаат некои од најстарите прозни записи во постоење; романите и прозните приказни се наречени „фикција“ со цел да се прави разлика меѓу нив и фактичкиот запис, кој писателите историски го сметаат за проза.

Извори на литература[уреди]

Најстарите извори на литературата се митот и фолклорот

Мит[уреди]

Најстари извори на литературата се митовите.

Митот е фантастична приказна, создадена во најдалечното минато во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Тоа се народни приказни во кои луѓето во недостаток на научни сознанија создавале фантастични објаснувања. Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.; тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните феномени како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.; тие се прв учебник за моралот и доброто однесување на човекот.

Митовите се поделени на:

1. митови за создавање на космосот (редот) - космогониски митови; 2. митови за настанокот на живиот свет; 3. митови за настанокот на небеските тела; 4. митови за крајот на светот - есхатолошки митови.


Митовите се сакрални (свети) творби, а не литературни, но им служат на литературните творби како богат извор на мотиви употребувани до ден-денес.

Разни народи со текот на времето создавале бројни митски приказни оформувајќи збир од митови наречен митологија. Сите делови на светот имаат своја митологија, но најпознати се: египетската, сумерската, индиската, кинеската, древномакедонската (балканска, „старогрчка“), римската и др.

Фолклор[уреди]

Фолклор е целокупното духовно творештво на еден народ. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната народна традиција и народните обичаи, народните верувања, народната музика и игра (ора), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, архитектура итн.

Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.

Поделби на литературата[уреди]

1. Во минтото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат. Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:

2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:

Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.

3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:

4. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:

Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.

Родовите, пак, се делат на литературни видови.

Види исто така[уреди]

Книжевност за деца

Наводи[уреди]


Книга Ова е недовршена статија за литература. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка.