Кувајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Држава Кувајт
دولة الكويت
Dawlat al-Kuwait
Знаме Грб
ХимнаЕл-Нашид ел-Ватани
Главен град Кувајт
29°22′ СГШ 47°58′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик арапски
Демоним Кувајќанец
Уредување емират
 -  Емир Сабах ал Ахмад ал Џабар ал Сабах
 -  Премиер Насер Мохамед ал Ахмед ал Сабах
Основање
 -  прво населување 1613 
 -  Бани Утбах 1705 
 -  Анго-отоманска конвценција 1913 
 -  Независност од Обвединетото Кралство 19 јуни 1961 
Површина
 -  Вкупна 20.000 км2 (157th)
 -  Вода (%) незначително
Население
 -  проценка за  3.000.000[1] (137-ма)
 -  Густина 167.5 жит/км2 (68-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2009
 -  Вкупен $137.450 милијарди[2] (56-та)
 -  По жител $38,875[2] (11-та)
БДП (номинален) проценка за 2009
 -  Вкупно $114.878 милијарди [2] (51-ва)
 -  По жител $32,491[2] (17-та)
ИЧР (2009) 0.916[3] (многу висок) (29th)
Валута кувајтски динар (KWD)
Часовен појас AST (UTC+3)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .kw
Повик. бр. +965

Кувајт или официјално Држава Кувајт (арапски: دولة الكويت, dawlat al-kuwayt) е независна држава со емиратско општествено уредување во Југозападна Азија, поточно на Арапскиот Полуостров. Кувајт се граничи со Саудиска Арабија на југ, со Ирак на север и источно излегува на Персискиот Залив. Кувајт има вкупна површина од 20.000 километри квадратни со население од околу три милиони жители. Главен и најголем град е градот Кувајт, додека пак официјален јазик во емиратот е арапскиот јазик.

Историски, регионот бил дел од старата населба Харакена, главно партско пристаниште за трговија помеѓу Индија и Месопотамија. Племето Бани Утбах биле првите доминантни арапски доселеници во регионот и го основале денешниот емират. До 19 век, Кувајт бил под отоманско влијание и по Првата светска војна Кувајт бил под раководство на Британската Империја. Големите кувајтски нафтени полиња биле откриени во 1930-те години. По стекнувањето на својата независност во 1961 година, нафтената индустрија забележала голем развој. Во 1990 година, Кувајт бил окупиран и нападнат од Ирак. Окупацијата на Ирак траела седум месеци и завршила со почетокот на Заливската војна и интервенцијата на САД.[4]

Кувајт е уставна монархија со парламентарен систем на владеење каде градот Кувајт е главен политички и економски центар. Државата е петта држава во светот според нафтени резерви,[5] а петролејот зазема околу 95% од извозот или 80% од приходите на владата.[6] Покрај тоа, Кувајт е единаесета најбогата држава во светот и според индексот за човеков развој е најразвиена арапска држава.[7] Кувајт е окаракетризирана како високоприходна економија од страна на Светската Банка и еден од главните партнери на НАТО и САД надвор од сојузите.[8]


Етимологија[уреди]

Името Кувајт е добиено од арапскиот збор „akwat“ што во множина е „kout“ и значи изградена тврдина во близина на вода.[9]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Кувајт.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Кувајт.
Пустинска бура во Кувајт.

Кувајт се наоѓа во севроисточниот дел од Арапскиот Полуостров и спаѓа во групата на мали држави и е за 5.000 километри квадратни помала од Македонија. Повеќето од територијата на Кувајт е покриена со рамната Арабиска Пустина. Државата има слаба разлика во поглед на надморската височина и највисоката точка изнесува околу 306 метри надморска височина.[6] Кувајт има девет острови кои скоро сите се ненаселени, освен островите Фаилака.[10] Најголем остров во државата е Бубија со површина од 860 километри квадратни и е поврзан со копнен Кувајт преку долг мост.[11] Главниот град Кувајт се наоѓа на крајбрежјето. Кувајт е доста богата со нафтени резерви.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Кувајт.

Кувајт е уставна монархија и има најстар редовно избран парламент во арапскиот свет. На чело на државата се наоѓа емирот и наречен и шеик. Советот на министри е управуван од премиерот кој е и шеф на владата. Владата мора да има најмалку еден избран член од кувајтскиот парламент. Националното собрание има право на распуштање на премиерот или било кој друг член на кабинетот. Сите членови на кабинетот одговараат пред собранието. [12] Собранието се состои од педесет члена кои се избрани за мандат од четири години.

Административна поделба[уреди]

Кувајт е поделен на шест области („мухафази“), и тоа:

Областите се поделени на окрузи.

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Кувајт.

БНП по глава на жител во Кувајт изнесува 60.800 американски долари што ја прави петта најбогата држава во светот. Индексот на човеков развој на Кувајт е 0.912 што е втор најголем во Среден Исток веднаш зад Израел, но највисок во арапскиот свет. Со среден годишен раст од 5.7%, Кувајт е една од најбрзорастечките економии во регионот. Според Индексот на економска слобода од 2008 година, Кувајт е втора најслободна економија во Средниот Исток.[13]

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Кувајт.
Трговски центар во Кувајт.

Во 2007 година, се проценило дека Кувајт имал население од околу 3 милиони жители, каде се вброени околу 2 милиони странски државјани.[14] Поради тоа, Кувајќаните се всушност малцинство во споредба со странските државјани кои престојуваат во Кувајт и владата ова го стимулира со доделување на државјанства.[15]

Околу 57% од Кувајќаните се Арапи, 39% се со останато азиско потекло и само 4% се припадници на Бидон. Во 2009, повеќе од 580.000 индиски државјани жители живееле во Кувајт.[16][17] Покрај нив, во Кувајт живееле и 260.000 Египќани, 100.000 Сиријци и 80.000 Иранци.[18] Пред Заливската војна, во Кувајт живееле околу 400.000 Палестинци, но после војната сите биле истерани бидејќи отворено ги подржувале ирачките окупациско операции.[19]

Официјален јазик во Кувајт е арапскиот јазик. Покрај тој, се зборува и персиски јазик,[20] Хинди, Малајалам, Телугу, тамилски јазик, Урду, бенгалски јазик и Тагалог.

Голем број од жителите на Кувајт се изјасниле како муслимани. Бројот на муслимани во Кувајт варира од 85%[21] до 95%[22]. Иако исламот е официјална религија во Кувајт, во државата има и голема христијанска заедница со околу 300.000 до 400.000 припадници, хиндуси со околу 300.000 припадници, будисти до околу 100.000 припадници и околу 10.000 сики.[23]

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Кувајт.
Кувајтските кули.

Во општеството на Кувајт силно влијание има исламската и арапската култура, најмногу изразена во музиката, кујната и начинот на живот.[24] Најкарактеристична одлика на локалното население е деванија што всушност е голема просторија за дружба и собир на мажи и членови на семејство и пријатели.

Наводи[уреди]

  1. Department of Economic and Social Affairs Population Division. "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations.  (консултирано на 2009-03-12)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Kuwait“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=443&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=27&pr.y=17. конс. 1 октомври 2009. 
  3. „Human Development Report 2009: Kuwait“. The United Nations. http://hdrstats.undp.org/en/countries/country_fact_sheets/cty_fs_KWT.html. конс. 18 октомври 2009. 
  4. BBC NEWS World | Middle East | Country profiles | Country profile: Kuwait
  5. Oil & Gas Journal, January, 2007
  6. 6,0 6,1 CIA - The World Factbook - Kuwait
  7. CIA - The World Factbook - Rank Order - GDP - per capita (PPP)
  8. U.S. Designates Kuwait a Major Non-NATO Ally of U.S.
  9. Lesko, John P. "Kuwait," World Education Encyclopedia: A Survey of Educational Systems Worldwide, vol. 2, edited by Rebecca Marlow-Ferguson. Detroit, MI: Gale Group, 2002.
  10. Bubiyan (island, Kuwait) - Britannica Online Encyclopedia
  11. Structurae [en]: Bubiyan Bridge (1983)
  12. meepas Kuwait country profile–Kuwait politics, Political snapshot
  13. Index of Economic Freedom
  14. Arab Times Online. „Kuwait population hits 2.992 m; Citizens up in number, down in percentage“. http://www.arabtimesonline.com/arabtimes/kuwait/Viewdet.asp?ID=7168&cat=a. конс. 7 октомври 2007. 
  15. Kuwait Guide: Citizenship, Is it possible to become a national of Kuwait? As a foreigner, you won’t be grant
  16. Economic Times (7 април 2009). „A microcosm of India in the heart of oil-rich Kuwait“. http://economictimes.indiatimes.com/News/News-By-Industry/ET-Cetera/A-microcosm-of-India-in-the-heart-of-oil-rich-Kuwait/articleshow/4370105.cms. конс. 4 октомври 2009. 
  17. Kuwait Information Office, New Delhi, India. „Kuwait Embassy Office, New Delhi, India, Services“. http://www.kuwait-info.com/sidepages/embassy_services.asp. конс. 7 октомври 2007. 
  18. "Arab versus Asian migrant workers in the GCC countries" (PDF). UN Department of Economic and Social Affairs.
  19. BBC NEWS Middle East | Abbas apology to Kuwait over Iraq
  20. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/325644/Kuwait/248533/Languages "Hindi, Urdu, Persian, and other languages also spoken"
  21. CIA World Factbook
  22. Miller, Tracy, уред. (October 2009) (PDF), „Mapping the Global Muslim Population: A Report on the Size and Distribution of the World’s Muslim Population“, Pew Research Center, http://pewforum.org/newassets/images/reports/Muslimpopulation/Muslimpopulation.pdf, конс. 8 октомври 2009 
  23. U.S. Department of State. „Kuwait: International Religious Freedom Report 2006“. http://www.state.gov/g/drl/rls/irf/2006/71425.htm. конс. 7 октомври 2007. 
  24. http://www.kuwait-info.com/sidepages/culture_over.asp

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]