Кинези

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кинезите (вистинско етничко име Хан, Хани, а некаде се среќава и како Хан-Кинези) се најбројниот народ во светот. Тие припаѓаат на жолтата раса, на монголската група на народи. Кинезите зборуваат на кинески јазик, кој припаѓа на сино-монголската (таи-монголска) група на јазици.

Бројност[уреди]

Кинезите (Ханите) претставуваат најбројната етничка група на светот и нивната бројност е нешто повеќе од 1,3 милијарди луѓе. Според нивната бројност, Кинезите претставуваат 19% од вкупното светско население. Најмногу се население во НР Кина, каде што претставуваат 92% од вкупното население или 1,2 милијарди луѓе. Кинезите се мнозинство и во Тајван и Сингапур, а големи кинески заедници живеат и во Индонезија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, и во земјите во Индокинескиот полустров, источна и југо-источна Азија како и во сите западноевропски земји. Се проценува дека бројот на кинеската дијаспора се движи од 120 до 150 милиони луѓе.

Историја[уреди]

Кинезите се еден од најстарите светски народи, кој во континуитет опстојува со непроменет етнички лик повеќе од 9000 години. Нивните први населби кои датираат уште од неолитот, се пронајдени во големите долини на Хонагхо (Жолта Река) и Јангце. Основањето на Кинеското древно царство се смета дека се случило околу 2698 г.п.н.е. од првиот кинески цар Хуангди (Жолтиот Владетел). Од својата богата национална историја Кинезите го оставиле големиот Кинески Ѕид, кој бил изграден во времето на династијата Минг (а отпочнат уште многу отпорано) за одбрана од монголските напади од север, кој денес претставува симбол на Кина и едно од светските чуда.

Култура[уреди]

Кинезите кои себеси се нарекуваат и како потомци на змејот имаат една од светски најбогато развиените култури и цивилизации воопшто. Кинеската култура многу влијаела на светот пронаоѓајќи ги хартијата, барутот, компасот, пиротехниката уште во древните времиња. Препознатливо е за Кинезите е нивното кинеско писмо кое во минатото броело до 30.000 знаци, кое денеска е поедноставено. За своја национална боја Кинезите ја сметаат црвената боја. Надалеку во светот е и богато развиената древна кинеска философија предводена од кинеските филозфи Кунг Фу Це (познат како Конфучиј или Конфуциј) и Лао Це, а покрај неа се познати и тесно поврзаните со неа медитациско-медицински вежби, боречки вештини, начини на уредување на просторот (светски познатото Фенг Шуи) итн. Како најпознат симбол на Кина и кинеската култура се смета и големиот Кинески Ѕид. Кинезите секоја година прославуваат и своја кинеска нова година (во февруари) која е дел од автентичноста на кинескиот народ.