Хмонгмјенски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хмонгмјенски
мјао-јао
Геог.
распростр.:
Кина, Југоисточна Азија
Класификација: едно од главните светски јазични семејства
Прајазик: прахмонгмјенски
Гранки:
ISO 639-5: hmx
Hmong-Mien-mk.svg
Карта на хмонгмјенските јазици: хмоншки со црвено, мјенски со зелено

Хмонгмјенските јазици (наречени и мјао–јао) се јазично семејство во јужна Кина и југоисточна Азија. Со говорат во планинските предели на југот на Кина, во покраините Гуејџоу, Хунан, Јинан, Сечуан, Гуангсји и Хубеј, каде нивните говорници се познати како „ридски народ“ (што историски се должи на нивното истиснување од плодните речни долини од страна на побројните ханските Кинези). Во текот на последните 300–400 години Хмонгците и некои Мјени се иселиле во Тајланд, Лаос, Виетнам и Бурма. Како последица од Индокинеските војни (1946-1979), многу говорници на хмоншките јазици се преселиле во Австралија, САД и други земји.

Сродство[уреди]

Хмоншките (мјао) и мјенските јазици (јао) се сосем посебни, но сродни јазици. Најголемите разлики се состојат во развојот на фонологијата. Хмоншките задржале голем дел од првобитните согласки од прајазикот, но со значајно помали разлики во краевите на слоговите. особено губење на полусамогласките во средината на зборот и согласките на крајот. Мјенските јазици пак, во голема мера ги задржале краевите на слоговите, но со намален број на почетни согласки.

Се смета дека ова јазично семејство потенува од средината на јужна Кина, помеѓу реките Јангцекјанг and Меконг, но постои основана претпоставка дека говорниците се преселиле од посеверни краишта под притисок на проширувањето на ханските Кинези.[1]

Особености[уреди]

Како многу јазици во јужна Кина, хмонгмјенските јазици се претежно едносложни и аналитички. Важат за едни од најтонските јазици на светот: говорите лонгмо и зонгди на хмонг имаат дури дванаесет тонови.[2] Од особен фонолошки интерес се и безвучните сонанти и ресични согласки во јазикот; во секој друг поглед, фонологијата е типична за регионот.

Јаизицте имаат збороред од обликот „подмет-прирок-предмет“ (SVO) но не се строго десноразгранувачки како крадајските и највеќето монкмерски јазици, бидејќи имаат присвојни и бројни зборови пред именката како во кинескиот. Бројот на предлози е крајно оскуден и во највеќето случаи се користат сериски глаголски конструкции на место на предлозите во јазиците како македонскиот. На пример, би се употребила конструкција што би се превела како „е близу“ наместо предлозите „во“ или „на“ во македонскиот.[3]

Покрај тоналноста и отстуството на предлози, друга необична карактеристика е изобилството од бројчени класификатори и нивна употреба на места кајшто други јазици би употребиле определени членови или други показни зборови за измена на именката.

Писма[уреди]

  • романизирана народна азбука
  • Полардово писмо [1]
  • пахау хмонг [2]
  • нов монг [3]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Blench, Roger. 2004. Stratification in the peopling of China: how far does the linguistic evidence match genetics and archaeology? Paper for the Symposium "Human migrations in continental East Asia and Taiwan: genetic, linguistic and archaeological evidence". Geneva June 10–13, 2004. Université de Genève.
  2. Goddard, Cliff; The Languages of East and Southeast Asia: An Introduction; стр. 36. ISBN 0-19-924860-5
  3. Goddard, The Languages of East and Southeast Asia; стр. 121

Надворешни врски[уреди]