Подмет-прирок-предмет (англиски: subject–verb–object,SVO) е еден од најчесто застапените зборовни редоследи меѓу јазиците. Овој редослед заедно со подмет-предмет-прирок се застапени кај 75% од светските јазици.[3] Овој редослед најчесто се користи и кај сите креолски јазици, што укажува дека овој зборовен редослед е очигледен за човековата психологија.[4] Пример за овој редослед е реченицата „Томе јаде јаболка“, каде на прво место се наоѓа вршителот на дејството, проследено од глаголот и предметот.
Јазици кај кои најчесто се користи овој зборовен редослед се: македонски, албански, кинески, англиски, естонски, фински, француски, италијански, грчки, хебрејски, јавански, кмерски, латвиски, полски, португалски, тајландски и многу други.
- Англиски јазик
| реченица |
He eats an apple. |
| зборови |
He |
eats |
an apple. |
| глос |
тој |
јаде |
јаболко |
| делови |
подмет |
прирок |
предмет |
| превод |
Тој јаде јаболко. |
- Полски јазик
| реченица |
On zjadł jabłko. |
| зборови |
On |
zjadł |
jabłko. |
| глос |
тој |
изел |
јаболко |
| делови |
подмет |
прирок |
предмет |
| превод |
Тој изел јаболко. |
Поврзано [уреди]