Прирок-подмет-предмет
| зборовен ред |
македонски пример |
застапеност кај јазиците[1][2] |
јазици | |
|---|---|---|---|---|
| SOV | Томе писмо носи. | 45% |
|
хинди, јапонски, латински |
| SVO | Томе носи писмо. | 42% |
|
англиски, македонски, кинески |
| VSO | Носи Томе писмо. | 9% |
|
хебрејски, ирски, запотечки |
| VOS | Носи писмо Томе. | 3% |
|
фиџиски, малгашки |
| OVS | Писмо носи Томе. | 1% |
|
апалајски, тамилски |
| OSV | Писмо Томе носи. | 0% | јамамадиски, вараоански | |
Поимот „прирок-подмет-предмет“ или „глагол-подмет-предмет“ (англиски: verb–subject–object, VSO)се однесува на редоследнот на зборовите во реченицата кај одредени јазици. Овој редослед на зборовите е трет најупотребуван во светот по подмет-предмет-прирок и подмет-прирок-предмет. Пример за овој редослед на зборовите е реченицата „Јаде Томе јаболка “.
Јазиците кои имаат ваков редослед на зборовите се семитските јазици, меѓу кои арапскиот, хебрејскиот, гез. Покрај нив, овој редослед е присутен и кај келтските јазици, како што се ирскиот, шкотскиот гелски, манскиот, велшкиот и бретонскиот.
Содржина |
Јазици[уреди]
Покрај горе напоменатите јазици, овој редослед се користи и кај следните јазични семејства:
Примери[уреди]
Редоследнот на зборовите во арапскиот е:
| реченица | قرأ المدرس الكتاب | ||||
|---|---|---|---|---|---|
| зборови | الكتاب | المدرس | قرأ | ||
| транслитерација | al-kitāba | al-mudarrisu | Qara'a | ||
| глос * | книгата | наставникот | чита | ||
| делови* | предмет | подмет | прирок | ||
| превод | Наставникот ја чита книгата. | ||||
↑ Редоследот на реченицата се чита од десно кон лево.
Пример за редоследот на реченицата во велшкиот:
| реченица | Siaradodd Aled y Gymraeg | ||
|---|---|---|---|
| зборови | Siaradodd | Aled | y Gymraeg |
| глоси | зборел | Алед | велшки(от) |
| делови | глагол | подмет | предмет |
| превод | Алед зборел велшки. | ||
Наводи[уреди]
- ↑ Introducing English Linguistics International Student Edition by Charles F. Meyer
- ↑ Russell Tomlin, "Basic Word Order: Functional Principles", Croom Helm, London, 1986, page 22
Поврзано[уреди]
- подмет-предмет-глагол
- подмет-прирок-предмет
- предмет-подмет-прирок
- предмет-прирок-подмет
- прирок-предмет-подмет
| Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
||||||||