Дака

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дака (бенгалски ঢাকা Đhaka; МФА: [ɖʱaka]) е главниот град на Бангладеш и централен град на Областа Дака. Тој се наоѓа на бреговите на реката Буриганга. Заедно со областа, Дака брои 15 милиони жители, правејќи го најголемиот град во Бангладеш и еден од најнаселените во светот.

За време на могулската власт во 17 век, градот бил познат и како Џахангир Нагар и бил истовремено провинциски главен град и центар на светски распространетата трговија со муслин.[1][2] Меѓутоа, модерниот град бил развиван под британската власт во 19 век и наскоро станал вториот најголем град во Бенгал, по Калкута. Со поделбата на Индија во 1947, Дака станал административниот главен град на Источен Пакистан, а подоцна, во 1972, главен град на независен Бангладеш.

Модерна Дака е центар на политичкиот, културниот и еконсмскиот живот на Бангладеш. Во поново време, Дака има модернизиран транспорт и комуникации.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Md Mashrur Rahman Mishu (2010-08-07). „Historic Dhaka city: Past glory and present crisis“. Archive.thedailystar.net. Архивирано од изворникот на 2014-02-24. Посетено на 2013-06-22.
  2. Shay, Christopher (2011-08-15). „Travel - Saving Dhaka's heritage : History, Bangladesh“. BBC. Посетено на 2013-06-22.

Предлошка:Бангладеш-гео-никулец