Бенгал
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Бенгал (бенгалски: বঙ্গ Bôngo, বাংলা Bangla, বঙ্গদেশ Bôngodesh или বাংলাদেশ Бангладеш) е историски и географски регион во североистокот на Јужна Азија. Денес тој е поделен меѓу независната нација на Бангладеш (Источен Бенгал) и индиската составна држава Западен Бенгал, иако некои региони од претходното кралство Бенгал сега се дел од соседните индиски држави Бихар, Трипура и Ориса. Поголем дел од Бенгал е населен со Бенгалци кои го зборуваат бенгалскиот јазик.
Регионот Бенгал е еден од најгусто населените региони на Земјата, со густина на популацијата од 900/km². Поголем дел од бенгалскиот регион лежи во делтата на Ганг и Брамапутра (Гангова делта), најголемата делта во светот. Во јужниот дел на делтата лежи Сундарбанс - најголемата мангрова шума во светот и дом на познатиот бенгалски тигар. Иако поголем дел од населението е рурално и се занимава со земјоделство, постојат два мегаградови - Калкута и Дака. Бенгал е познат по социокултурното подигнување на индиското општество, во форма на Бенгалска ренесанса и Револуционерно Движење за Индиска Независност за време на Движењето за Индиската Независност.
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

