Летни олимписки игри 1940

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Летните олимписки игри во 1940 или 12-те Летни олимписки игри требале да се одржат од 21 септември до 6 октомври во Токио, но не се одржале поради Втората светска војна. Меѓутоа со започнувањето на Втората Сино-јапонска војна во 1937 година, Токио го загубил статусот град-домаќин на Летните олимписки игри, а за нов град-домаќин бил избран градот Хелсинки и игрите добиле нов временски период за нивното одржување, од 20 јули до 4 август 1940.

Наредните Летни олимписки игри кои се одржале биле во 1948 во Лондон. Хелсинки ја добил организацијата на Летните олимписки игри - 1952, а Токио нешто подоцна за Летните олимписки игри - 1964.

Јапонија за одржување на игрите издвоила 20.1 милиони јени,а една третина би издвоила метрополитската влада на градот Токио.