15 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
15 ноември е 319-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (320-и во престапна година). Остануваат 46 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1492 | Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје. |
| 1577 | Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година. |
| 1920 | Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена. |
| 1944 | Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. |
| 1988 | Палестина е прогласена за независна држава. |
| 1994 | Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители. |
| 1995 | Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир. |
| 2001 | Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор. |
| 2002 | Заврши пописот на населението. |
| 2003 | Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија. |
| 2004 | Премиерот Хари Костов поднесе оставка. |
| 2012 | Сји Џинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина. |
Родени:
| 1316 | Жан I, крал на Франција. |
| 1397 | Никола V, римски папа. |
| 1738 | Вилијам Хершел, англиски астроном. |
| 1862 | Герхарт Хауптман, германски драматург. |
| 1891 | Ервин Ромел, позна и како „Пустинска лисица“, германски фелд-маршал (п. 1944.) |
| 1895 | Олга Николаевна, ќерка на Николај II. |
| 1912 | Кирил Пенушлиски, македонски фолклорист. |
| 1927 | Џемаил Вејсели, македонски политичар. |
| 1937 | Јафет Кото, американски актер. |
| 1954 | Александар Квашневски, претседател на Полска. |
| 1956 | Златко Кранчар, југословенски и хрватски фудбалер и тренер. |
| 1983 | Александар Павловиќ, српски кошаркар. |
| 1983 | Фернандо Вердаско, шпански тенисер. |
Починале:
| 1028 | Константин VIII, византиски император. |
| 1280 | Свети Алберт Велики, доминикански епископ. |
| 1630 | Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. |
| 1670 | Јан Амос Коменски, чешки образовен и религиозен лидер. |
| 1787 | Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент. |
| 1802 | Џорџ Ромни, истакнат англиски портретист. |
| 1808 | Мустафа IV, отомански султан. |
| 1916 | Хенрик Сјенкјевич, полски новинар. |
| 1976 | Жан Габен, француски филмски и театарски артист. |
| 1983 | Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог. |
| 2009 | Патријарх Павле, српски патријарх. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |