Зоологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Зоолог)
Скокни на: содржини, барај

Зоологија

Zoologija.jpg

Гранки на зоологијата

Антрозоологија

Апиологија

Арахнологија

Ентомологија

Етологија

Ихтиологија

Кетологија

Малакологија

Мамалогија

Мирмекологија

Невроетологија

Орнитологија

Палеозоологија

Приматологија

Херпетологија

Историја

пред Дарвин

по Дарвин


Зоологијата е она поле од биологијата кое се занимава со проучување на животните. Како наука, таа се дели на општ дел или општа зоологија и специјален дел или систематика на животните. Општата зоологија ги проучува сите појави во животинскиот свет кои имаат општо значење, а систематиката на животните се обидува сите животни, според различните карактеристики, да ги подели во одреден број разновидни систематски категории заради полесно распознавање и проучување.

[уреди] Карактеристики на животните

  1. Еукариотски организми.
  2. Присуство на актин-миозински комплекс во клетките (за разлика од растенијата и габите);
  3. Ингестија на храната (за разлика од габите);
  4. Имаат митохондрии, но отсуствуваат хлоропласти (кои ги има кај растенијата);
  5. Способни се (по дефиниција) за активно движење.

Зоологијата има многу гранки и таа е поврзана со другите науки.

Зоологијата ја изучува физиологијата, анатомијата, ембриологијата, екологијата и филогенијата на животните.

Според групата на животни кои ги проучува, зоологијата е поделена на зоологија на без‘рбетни животни и зоологија на ‘рбетни животни. Овие гранки можат и понатаму да се делат.

[уреди] Зоологија на без‘рбетни животни

Зоологијата на без‘рбетните животни ги изучува сите оние животни кои не припаѓаат во типот на хордати (Chordata). Најпознати гранки (според таксонот кој се проучува) се протистологијата (наука за праживотните), малакологија — наука за мекотелите, арахнологија — наука за пајаковидните, ентомологија — наука за инсектите, акарологија — наука за акарите, хелминтологија — наука за црвовидните животни, која е дел и од медицината.

[уреди] Зоологија на ‘рбетни животни

Зоологијата на ‘рбетните животни ги изучува животните кои припаѓаат во типот Chordata. Важни гранки на овој дел од зоологијата се: ихтиологија — наука за рибите, херпетологија — наука за влекачите, орнитологија — наука за птиците, териологија — наука за копнените цицачи.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици