Фудбалска репрезентација на Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Германија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и) The Mannschaft
Панцирите
Сојуз Германска Фудбалска Асоцијација
(Deutscher Fußball-Bund — DFB)
Селектор Јоаким Лев
Капитен Михаел Балак
Најмногу натпревари Лотар Матеус (150)
Најдобар стрелец Герд Милер (68)
ФИФА моментално рангирање Green Arrow Up.svg 2
ФИФА највисоко рангирање 1 (август 1993)
ФИФА најниско рангирање 28 (март 2006)
Kit left arm DFB 10h.png
Team colours
Kit body DFB 10h.png
Team colours
Kit right arm DFB 10h.png
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Kit left arm goldshoulders.png
Team colours
Kit body germany2008away.png
Team colours
Kit right arm goldshoulders.png
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
 Швајцарија 5 - 3  Германија
Базел, Швајцарија 5 април 1908
Најголема победа
 Германија 16 - 0  Русија
(Стокхолм, Шведска; 1 јули, 1912)
Најлош пораз
 Англија 9 - 0  Германија
(Оксфорд, Англија; 16 март, 1909)
Светско првенство
Учества 16 (Првпат во 1934)
Најдобар резултат Победници, 1954, 1974, 1990
Европско Фудбалско Првенство
Учества 10 (Првпат во 1972)
Најдобар резултат Победници, 1972, 1980, 1996

Националниот фудбалски тим на Германија (германски: Die deutsche Fußballnationalmannschaft) е една од трите најуспешни национални фудбалски репрезентации во историјата на фудбалот.

Историја[уреди]

Од 1950 до 1990 постоеле две репрезентации од подрачјето на сегашната земја, Западна Германија која три пати била светски шампион и Источна Германија која немала значајни резултати. Првиот натпревар заедничката репрезентација го одиграла на 13 декември 1990 кога заиграле Матијас Замер и Улф Кирстен. Едно време за репрезентацијата на Германија играле и Австријци и тоа пред Втората Светска Војна кога државата била припоена кон Третиот Рајх. Во 1954 година во Швајцарија ја освоила титулата првак на светот победувајќи ја во финалето Унгарија, со 3-2, иако претходно губела со 0-2. Унгарија до тој момент изиграла 32 натпревари без пораз што и понатаму претставува светски рекорд. Натпреварот е наречен чудото од Берн (по градот каде што се играло). Фриц Валтер го предводел тимот. Титулата имала големо влијание на духот на нацијата и на економското закрепнување на земјата.

Клупското првенство во сојузно ниво, Бундеслигата, е основано во 1963 година. Во тоа време најпознат германски фудбалер бил Уве Зелтер, еден од почесните четири капитен, покрај Валтер, Бекенбауер и Матеус (сите биле светски прваци). Германците следната титула ја освоила во 1974 година со генерацијата на легендарниот Франц Бекенбауер, Пол Брајтнер и еден од најдобрите голгетери на сите времиња Герд Милер. Германските играчи отсекогаш ги карактеризирала дисциплина и упорност. Токму тие особини придонесуввале за многубројните успеси. За сега последната титула ја освоила во 1990 победувајќи ја Аргентина во Италија. Прваци на Европа биле исто така во три наврати. Титулата често се одлучувала во последното коло. Германските клубови биле шест пати прваци на Европа и безброј пати освојувачи на Купот на Европа и Купот на УЕФА. Клубовите и репрезентацијата на оваат земја често се обвинувани дека не играат атрактивно[се бара извор] , но уживаат големо почитување и статус во светот на фудбалот.

Стадион[уреди]

Германија нема национален стадион и натпреварите кои ги игра тимот се одржуваат на различни места во земјата. До сега, стадионите во Берлин биле домаќини на натпреварите. Случајно, Берлин бил домаќин на првиот натпревар на Германија во 1908 година против тимот на Англија. Други поголеми градови во кои Германија игра фудбал се: Хамбург, Штутгарт и Хановер. Вкупно, Германија играла во 39 германски градови.

Прекар[уреди]

Во Германија, тимот најчесто се нарекува „Nationalmannschaft“ (национален тим) или „Nationalelf“ (националните единаесет), додека во странските медиуми се именувани како „Mannschaft“ или во превод тимот.

Достигнувања[уреди]

Светски првенства[уреди]

Година Рунда Позиција GP Поб. Нер. Изб. GS GA
Уругвај 1930 повлечено - - - - - - -
Италија 1934 трето место 3 4 3 0 1 11 8
Франција 1938 1 рунда 10 2 0 1 1 3 5
Бразил 1950 забранета - - - - - - -
Швајцарија 1954 Шампиони 1 6 5 0 1 25 14
Шведска 1958 четврто место 4 6 2 2 2 12 14
Чиле 1962 четврт финале 7 4 2 1 1 4 2
Англија 1966 второ 2 6 4 1 1 15 6
Мексико 1970 трето 3 6 5 0 1 17 10
Западна Германија 1974 Шампиони 1 7 6 0 1 13 4
Аргентина 1978 Втора рунда 6 6 1 4 1 10 5
Шпанија 1982 второ место 2 7 3 2 2 12 10
Мексико 1986 второ место 2 7 3 2 2 8 7
Италија 1990 Шампиони 1 7 5 2 0 15 5
САД 1994 четврт финале 5 5 3 1 1 9 7
Франција 1998 четврт финале 7 5 3 1 1 8 6
Јужна КорејаЈапонија 2002 второ место 2 7 5 1 1 14 3
Германија 2006 трето место 3 7 5 1 1 14 6
Вкупно 16/18 3 титули 92 55 *19 18 190 112

Европски првенства[уреди]

Година Рунда GP Поб. Нер. Пор. GS GA
Франција 1960 не се квалиф. - - - - - -
Шпанија 1964 не се квалиф. - - - - - -
Италија 1968 не се квалиф. - - - - - -
Белгија 1972 Шампиони 2 2 0 0 5 1
Југославија 1976 второ место 2 1 1 0 6 4
Италија 1980 Шампиони 4 3 1 0 6 3
Франција 1984 1 рунда 3 1 1 1 2 2
Западна Германија 1988 полуфиналисти 4 2 1 1 6 3
Шведска 1992 второ место 5 2 1 2 7 8
Англија 1996 Шампиони 6 4 2 0 10 3
БелгијаХоландија 2000 1 рунда 3 0 1 2 1 5
Португалија 2004 1 рунда 3 0 2 1 2 3
ШвајцаријаАвстрија 2008 второ место 6 4 0 2 10 7
ПолскаУкраина 2012 - - - - - -
Вкупно 3 титули 38 19 10 9 55 39

Конфедерациски куп[уреди]

Година Рунда GP Поб. Нер. Пор. GS GA
Саудиска Арабија 1992 не се квалиф. - - - - - -
Саудиска Арабија 1995 не се квалиф. - - - - - -
Саудиска Арабија 1997 не се квалиф. - - - - - -
Мексико 1999 1 рунда 3 1 0 2 2 6
Јужна КорејаЈапонија 2001 не се квалиф. - - - - - -
Франција 2003 не се квалиф. - - - - - -
Германија 2005 трето место 5 3 1 1 15 11
ЈАР 2009 не се квалиф. - - - - - -
Вкупно 2/8 8 4 1 3 17 17

Надворешни врски[уреди]