Фудбалска репрезентација на Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Австрија
Прекари(и) Das Team
Тимот
Сојуз Австриска Фудбалска Асоцијација
Конфедерација УЕФА
Селектор Австрија Дитмар Константини
Капитен Емануел Погатец
Најмногу натпревари Андреас Херцог (103)
Најдобар стрелец Тони Полстер (42)
Домашен стадион Ернст Хапел стадион
ФИФА код AUT
ФИФА моментално рангирање 68
ФИФА највисоко рангирање 17
ФИФА најниско рангирање 105
Ело моментално рангирање 67
Нaјвисоко Ело рангирање 1 (Мај 1934)
Нaјниско Ело рангирање 67 (Ноември 2008)
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои
Прв меѓународен натпревар
Знаме на Австрија Австрија 5 - 0  Унгарија
Виена, Австрија 12 октомври 1902
Најголема победа
 Австрија 9 - 0  Малта
(Салцбург, Австрија; 30 април, 1977)
Најлош пораз
Знаме на Австрија Австрија 1 - 11  Англија
Виена, Австрија; 8 јуни, 1908)
Светско првенство
Учества 7 (Првпат во 1934)
Најдобар резултат 3то место, 1954
Учества 1 (Првпат во 2008)
Најдобар резултат Фаза по групи , 2008

Австрискиот национален фудбалски тим е фудбалски тим кој ја претставува Австрија во меѓународните натпреварување и е контролирано од Австриската Фудбалска Асоцијација (германски: Österreichischer Fußball Bund).

Австрија се има квалификувано во 7 Светски Првенства, од кои последно во 1998. Таа за првпат се квалификува на Европското Првенство во 2008, како ко-домаќин заедно со Швајцарија.

Историја[уреди]

Пред војната[уреди]

Австриската Фудбалска Асоцојација е формирана на 18 март 1904, во тогашна Австроунгарија. Тимот бележеше големи успеси во 1930тите, под водство на тренерот Хуго Меисл, постанувајќи најдобра екипа во цела Европа и го добија прекарот “Вундертим“. На 16 мај 1931, ти беа првата европска екипа која ја победија Шкотска.

На 1934 ФИФА Светското Првенство, ти беа 4ти, загубувајќи со 1-0 во полуфиналето од Италија и со 3-2 од Германија за третото место. Тие беа вице-прваци на Летни олимписки игри - 1936, губејќи 2-1 во фианлето од Италија.(Впрочем тие изгубија 4-2 од Перу во четврт-фаналето, по продолженија, но натпреварот беше преигран поради дивеењето на Перуанските навивачи)

Австрија се квалификува на 1938 ФИФА Светското Првенство, но неоиграше поради анектирањето од страна на Германија на 12 март 1938. На 28 март[1] ФИФА прогласи дека Австриската Фудбалска Асоцијација е укината, а тоа значеше дека Германија ја претставува и Австрија. Теоретички, споениот тим беше подобар од било кој друг, но германскиот тренерот Сеп Херберг имаше многу малку време и натпревари за да ги приготви и прилагоди двата различни стила на игра. Поранешните Австриски професионалци ги надиграа аматерите од “Старата Империја“ во “соединувачкото“ дебри кое се мислеше дека ќе заврши нерешено, се до последните минути, кога Австриците стрелаа два пати, каде Матиас Синделар очигледно го промашуваше Германскиот гол и подоцна одлучи да не настапува за Германија. Подоцна, Гермнаците се одмаздија на реваншот со 9-1. Во раниот Април, Херберг размислуваше како да ги спои двата тима, но тогаш фирерот во Германскиот Спорт, Ханс од Шамер и Остен изјави дека тој очекува соодносот да биде 6:5 или обратно.

Како резултат на тоа, пет играчи од Рапид Виена, Виена Виен и Австрија Виена беа дел од тимотцкој изигра 1:1 во Првата Рунда против Швајцарија. Кога напаѓачот на Рапид Виена Пресер беше исклучен, тоа не беше доволно па затоа и двајца други беа исклучени. Со ова Херберг требаше да промен и шест позиции во тимот за да се исполни 6:5 условот. Се-германскиот тим водеше со 2-0 за 15 минути, но ненајдено изгуби со 4-2 во Париз, пред се поради анти-Германските Француски и Швајцарски навивачи, додека Гермнаски навивачи имаше само неколку, поради забраната на Гермнаија да за странски патувања. Елиминацијата во Првата Рунда е најлошо достигнување на Германија, и покрај Наци политиката кој велеше дека може да има и подобар резултат.

После Втората Светска Војна, Австрија се одели од Германија. Австрискиот најдобар резултат доаѓа во 1954, кога изгубија во полу-финаелто со 1-6 од подоцнежниот шампион Германија, но завршија трети со победата над актуелниот шампион Уругвај со 3-1. Ова беше нивен најдобар резултат, но нажалост тоа беше и нивното последно појавување во последната фаза на главните турнири.

За време на многуте години, тие беа секогаш во сенка на нивниот ривал Германија

1970тите и 1980тите[уреди]

Предводена од легедарниот напаѓач Ханс Кранкл, кој беше потпомогнат од ко-ѕвездата Бруно Пезеѕ, Австрија се квалификува на 1978 ФИФА Светско Првенство и 1982 ФИФА Светско Првенство, достигнувајќи до Втората фаза по групи (која тогаш го заменуваше Четврт-финалето). Австриската тогашна репрезентација беше надалеку позната како најдобар национален фудбалски ти ман Австрија по ВСВ.

На 1978 ФИФА Светско Првенство во Аргентина, Австрија загуби два натпревари во Втората фаза по групи, и веќе беше елиминирана, но со нивната победа над Западна Германија во Кордоба ги овонезможија Германците да ја брнат титулата, бидејќи со победа или нерешено ќе беа втори и ќе игра во полу-финалето. За оваа победа најзаслужен беше Ханс Кранкл со неговите 2 гола. Прославувачкиот коментар на радио коментаторот Еди Фингер (“Јас се претворив во будала!“ германски: "I werd narrisch!"), стана популарна во Австрија, а додека за Германија овај натпревар беше губење на честа.

За време на 1982 ФИФА Светско Првенство во Шпанија, овие две екипи се сретнаа повторно во фазата по групи, но овој пат беа попријателски расположени. Бидејќи другите дав тима од групаат го изигра нивниот последен натпревар претходниот ден, тогаш сите знаеа дека доколку Западна Германија победи од еден гол разлика, поантаму ќе се пласираат Западна Германија и Австрија, а поголема победа би ги елиминирала Австриците, а Австриска победа ќе ги елиминира Германците. После 10 минути од фуриозен напад Хорст Хрубеш погоди за Германија, а во подоцнежните 80 минути играчите само си ја подаваа топката и не се обидуваа да нападнат.Овој натпревар беше наречен неагресивниот пакт од Гијон. Алжир исти така имаше две победи, вклучувајќи ја и шокантното изненадвање со победата над Германија, но беше елиминиран поради гол разликата од -1. Алжирските навивачи беа разбирливо многу лути, а дури и Австриските и Германските навивачи беа несреќни, поради играта прикажана на натпреварот и начинот на прогресот. Како резултат на ова, од тој натпревар, натпреварите од последното коло во групата се играа во ист термин.

Австрија понатаму беше елиминирана од Франција во Втората фаза по гупи од три тима.

1990тите[уреди]

Предводени од напаѓачот од Тони Полстер се квалфикува за 1990 ФИФА Светското Првенство, но беа елиминирана во фазата по групи.

Но многу полош беше поразот од 1:0 од Фарските Острови во квалификациите за ЕУРО 1992, тоа значеше најголем срам за било кој Австриски фудбалски тим и едно од најголемите изненадувања во историјата на фудбалот. Натпреварот беше игран во Ландскрона, Шведска, бидејќи нема терен со трева на Фарските Острови. Тоа беше знак на наредните нешта што ќе се случуваат: Австрија си дозволи уште неколку лоши квалификации.

На 1998 ФИФА Светското Првенство Австрија беше во група со Италија, Камерун и Чиле. Овој настап беше краток, но многу возбудлив, поради тоа што Австриците своите голови ги даваа во надополнетото време. Против Камерун, прекрасниот гол на Пјер Нјака беше возвратен од голот во последниот напад на Тони Полстер во 90та минута. Во вториот натпревар Ивица Вастич постигна гол во последната минута и го изедначи резултатот, кој беше отворен од страна на Чилеанскиот фудбалер Марсело Салас. Австрија не имаше толкава среќа во клучниот натпревар против Италија, на Стад де Франс. Италија погодо два пати во второто полувреме првиот со глава на Кристијан Виери и вториот на Роберто Баџо. Голот од пенал на Андреас Херцог во надополнетото време и овозможи на Австрија да ја продолжи својата серија, но тоа не беше доволно, поради тоа што таа заврши трета во групата, зад Италијанците и Чилеанците

21ви век[уреди]

Во наредните години формата на Австрија почна да опаѓа. Тие не успеаа да се квалификуваат на Светското и Европското Првенство и доживеаа голем срам (сличен на оној добиен од Фарските Острови), кога ти изгубија 9-0 од Шпанија и 5-0 од Израел во 1999. Во 2006, Јозеф Хикерсбергер беше назначе нза тренер на Австрија. Тој со значајна победа над Швајцарија успеа да ја прекине серијата од лоши резултати.

Австрија директно се квалификува на ЕУРО 2008 како ко-домаќин. Ова беше нивното прво учество на некој позначаен турнир во оваа декада, но коментаторите нив ги нарекуваа аутсајдери и мал залак за Германија, Хрватска и Полска. Многу домашни навивачи беа согласни во склопувањето договор за Австрија да го откажи учеството на турнирот, па дури и направија петиција на која собраа потписи од 10.000 Австрици. Сето ова тие го направија за да не се добие национална срам.[2] Но како и да е, Австрија изигра подобро од очекуваното на турнирот. Тие изиграа 1-1 со Полска, а со Хрватска имаа лош ден и изгубија 1-0 со глот на Лука Модрич од пенал во 4тата минута, додека со Германија тие играа одбранбено, но тоа не беше доволно бидејќи Германците победија со 1-0 со голот на Михаел Балак вод слободен удар.

Веднаш, по испаѓањето на Австрија од турнирот, Јозеф Хикерсбергер поднесе оставка. Карел Брукнер беше негова замена, кој исто така поднесе оставка од позицијата селектор на Чешка поради испаѓањето во фазата по групи. По осум месеци, односно во март 2009 и тој поднесе оставка, а за негова замена беше назначен Дитмар Константини, кој е и актуелен селектор.

Учества на главни турнири[уреди]

Учества на Светско Првенство[уреди]

Година Рунда Позиција Нат. Поб. Нер.* Заг. Дад. При.
Уругвај 1930 Не влегле - - - - - - -
Италија 1934 4то место 4 4 2 0 2 7 7
Франција 1938 Се квалификувал[3] - - - - - - -
Бразил 1950 Откажале - - - - - - -
Швајцарија 1954 3то место 3 5 4 0 1 17 12
Шведска 1958 Фаза по групи 15 3 0 1 2 2 7
Чиле 1962 Откажале - - - - - - -
Англија 1966 Не се квалификувале - - - - - - -
Мексико 1970 Не се квалификувале - - - - - - -
Западна Германија 1974 Не се квалификувале - - - - - - -
Аргентина 1978 Втора фаза по групи 7 6 3 0 3 7 10
Шпанија 1982 Втора фаза по групи 8 5 2 1 2 5 4
Мексико 1986 Не се квалификувале - - - - - - -
Италија 1990 Фаза по групи 18 3 1 0 2 2 3
САД 1994 Не се квалификувале - - - - - - -
Франција 1998 Фаза по групи 23 3 0 2 1 3 4
Јужна КорејаЈапонија 2002 Не се квалификувале - - - - - - -
Германија 2006 Не се квалификувале - - - - - - -
Вкупно 7/18 29 12 4 13 43 47
*За нерешните дуели се сметаат и оние во елиминационата рунда, кои биле решени на пенали.


Учества на Европско Првенство[уреди]

Година Рунда Нат. Поб. Нер.* Заг. При. Дад.
Франција 1960 Не се квалификувале - - - - - -
Шпанија 1964 Не се квалификувале - - - - - -
Италија 1968 Не се квалификувале - - - - - -
Белгија 1972 Не се квалификувале - - - - - -
Југославија 1976 Не се квалификувале - - - - - -
Италија 1980 Не се квалификувале - - - - - -
Франција 1984 Не се квалификувале - - - - - -
Западна Германија 1988 Не се квалификувале - - - - - -
Шведска 1992 Не се квалификувале - - - - - -
Англија 1996 Не се квалификувале - - - - - -
БелгијаХоландија 2000 Не се квалификувале - - - - - -
Португалија 2004 Не се квалификувале - - - - - -
АвстријаШвајцарија 2008 Фаза по групи 3 0 1 2 1 3
Вкупно 1/13 3 0 1 2 1 3

Моментален состав[уреди]

Следниов состав е оној кој победи против Србија со 1-0 на 6 јуни 2009

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Михаел Гспурнинг 2 мај 1981 (1981-05-02) (33 г.) 3 0 Грција Схода Хантиа
12 ГМ Алекс Манингер 4 јуни 1977 (1977-06-04) (37 г.) 33 0 Италија Јувентус
- ГМ Хелге Пајер 9 август 1979 (1979-08-09) (35 г.) 15 0 Австрија Рапид Виена
2 ОИ Андреас Улмер 30 октомври 1985 (1985-10-30) (28 г.) 1 0 Австрија ФК Ред Бул Салцбург
3 ОИ Мартиун Странзл 16 јуни 1980 (1980-06-16) (34 г.) 56 3 Русија ФК Спартак Москва
5 ОИ Франц Шиман 21 март 1986 (1986-03-21) (28 г.) 7 0 Австрија Австрија Виена
4 ОИ Александар Драговиќ 6 март 1992 (1992-03-06) (22 г.) 1 0 Австрија Австрија Виена
14 ОИ Мануел Ортлехнер 4 март 1980 (1980-03-04) (34 г.) 3 0 Австрија Австрија Картнен
- ОИ Себастиан Продл 21 јуни 1987 (1987-06-21) (27 г.) 20 2 Германија Вердер Бремен
6 СР Јасин Пехливан 5 јануари 1989 (1989-01-05) (25 г.) 2 0 Австрија Рапид Виена
7 СР Умит Коркмаз 17 септември 1985 (1985-09-17) (28 г.) 6 0 Германија ФК Ајнтрахт Франкфурт
8 СР Стефан Лекса 1 ноември 1976 (1976-11-01) (37 г.) 6 0 Австрија Риед
10 СР Јакоб Јанчер 8 јануари 1989 (1989-01-08) (25 г.) 1 0 Австрија Струм Граз
13 СР Андреас Холцл 16 март 1985 (1985-03-16) (29 г.) 5 2 Австрија Струм Граз
15 СР Јулиан Бамугартлингер 2 јануари 1988 (1988-01-02) (26 г.) 0 0 Германија ФК 1860 Минхен
16 СР Паул Шарнер 11 март 1980 (1980-03-11) (34 г.) 24 0 Англија ФК Виган Атлетик
- СР Златко Јунузович 26 септември 1987 (1987-09-26) (26 г.) 4 0 Австрија Австрија Картнен
- СР Вели Кавлак 3 ноември 1988 (1988-11-03) (25 г.) 4 0 Австрија Рапид Виена
- СР Флориан Клеин 17 ноември 1986 (1986-11-17) (27 г.) 0 0 Австрија ЛАСК
9 НА Ервин Хофер 14 април 1987 (1987-04-14) (27 г.) 11 2 Австрија Рапид Виена
11 НА Стефан Маерхофер 16 август 1982 (1982-08-16) (32 г.) 5 0 Австрија Рапид Виена
18 НА Рубин Окотие 6 јуни 1987 (1987-06-06) (27 г.) 4 0 Австрија Австрија Виена
17 НА Марк Јанко 25 јуни 1983 (1983-06-25) (31 г.) 9 3 Австрија ФК Ред Бул Салцбург

Управа[уреди]

  • Преседател: Д-р Лео Виндтнер
  • Директор на спорт: Њили Рутенштајнер
  • Тренер: Дитмар Константини
  • Помошник тренер: МАнфред Зак]
  • Тренер на голамни: Франз Вохлфрахт
  • Кондиционен тренер: Роџер Томас Спрај
  • Надгледувач: Томас Јанешич

Почести повикувања[уреди]

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
ГМ Рамазан Оскан 28 јуни 1987 (1987-06-28) (27 г.) 1 0 Германија Хофенхајм (Пријателски пр. Италија 20.08.2008)
ОИ Мартин Хиден 11 март 1973 (1973-03-11) (41 г.) 50 1 Австрија Рапид Виена (ЕУРО 2008 пр. Германија 16.06.2008)
ОИ Маркус Катцер 11 декември 1978 (1978-12-11) (35 г.) 11 0 Австрија Рапид Виена (ЕУРО 2008 пр. Германија 16.06.2008)
ОИ Јурген Паточка 30 јуни 1977 (1977-06-30) (37 г.) 2 0 Австрија Рапид Виена (ЕУРО 2008 пр. Германија 16.06.2008)
СР Ивица Вастич 29 септември 1969 (1969-09-29) (44 г.) 50 14 Австрија ЛАСК (ЕУРО 2008 пр. Полска 12.06.2008)
НА Роланд Линц 9 август 1981 (1981-08-09) (33 г.) 34 7 Швајцарија ФК Грасхопер (СПК пр. Франција 6.09.2008)
НА Роман Киенаст 29 март 1984 (1984-03-29) (30 г.) 9 1 Шведска Хелсингборг (Пријателски пр. Италија 20.08.2008)

Квалификации на 2010 ФИФА Светско Првенство[уреди]

Team
Pld W D L GF GA GD Pts
 Србија 7 6 0 1 15 5 +10 18
 Франција 5 3 1 1 7 6 +1 10
 Литванија 7 3 0 4 6 6 0 9
 Австрија 6 2 1 3 7 9 −2 7
 Романија 6 2 1 3 7 10 −3 7
 Фарски Острови 5 0 1 4 1 7 −6 1
  Австрија Фарски Острови Франција Литванија Романија Србија
Австрија  5 Сеп 3 – 1 10 Окт 2 – 1 1 – 3
Фарски Острови  1 – 1 12 Авг 9 Сеп 0 – 1 0 – 2
Франција  14 Окт 10 Oct 1 – 0 5 Сеп 2 – 1
Литванија  2 – 0 1 – 0 0 – 1 0 – 1 14 Окт
Романија  9 Сеп 14 Окт 2 – 2 0 – 3 2 – 3
Србија  1 – 0 2 – 0 9 Сеп 3 – 0 10 Окт

Историја на менаџери[уреди]

Име Националност Од До Нат. Поб. Нер. Заг. При. Дад. Поб.%[4]
Хуго Меисл  Австроунгарија 22 Декември 1912 3 октомври 1914 6 3 1 2 11 9 50.00
Хајнрих Речбури  Австроунгарија 4 октомври 1914 1 август 1919 22 8 3 11 45 47 36.36
Хуго Меисл  Австрија 1 август 1919 17 февруари 1937 127 68 29 30 326 206 53.54
Хајнрих Речбури  Австрија 22 мај 1937 24 октомври 1937 5 2 1 2 10 10 40.00
Од 1938 до 1945 немало национален фудбалски тим заради Анхлусот.
КАрл Цанкл  Австрија 19 август 1945 3 октомври 1945 2 0 0 2 2 7 0.00
Еди Бауер  Австрија 3 октомври 1945 4 март 1948 11 4 0 7 26 28 36.36
Едуард Фрухвирд  Австрија 4 март 1948 1 септември 1948 5 3 0 2 9 9 60.00
Валтер Наух  Австрија 1 септември 1948 15 Ноември 1954 47 21 10 16 119 87 44.68
Ханс Каулих  Австрија 15 ноември 1954 28 март 1955 1 0 0 1 2 3 0.00
Јозеф Молцер  Австрија 29 март 1955 3 септември 1955 3 1 1 1 6 8 33.33
Карл Гејер  Австрија 3 септември 1955 21 април 1956 5 2 0 3 8 14 40.00
Јозеф Аргауер
Јозеф Молцер
 Австрија
 Австрија
21 април 1956 9 август 1958 18 7 6 5 37 27 38.89
Алфред Фреј
Франз Путцендоплер
Егон Селцер
Јозеф Молцер



 Австрија
9 август 1958 15 октомври 1958 2 0 0 2 4 6 0.00
Карл Декер  Австрија 16 октомври 1958 28 февруари 1964 36 16 3 17 60 67 44.44
Јозеф Валтер
Бела Гутман

 Австрија
7 Март1964 11 октомври 1964 5 3 1 1 6 5 60.00
Едуард Фрухвирд  Австрија 20 ноември 1964 13 јануари 1967 15 4 3 8 12 23 26.67
Ервин Алге
Ханс Пресе

 Австрија
13 јануари 1967 24 јуни 1968 10 3 2 5 18 19 30.00
Леополд Штасни  Чехословачка 1 јули 1968 30 септември 1975 49 15 16 18 58 62 30.61
Бранко Елснер  Југославија 6 октомври 1975 19 ноември 1975 2 1 0 1 6 3 50.00
Хелмут Сенекович  Австрија 1 Март1976 30 јуни 1978 26 14 4 8 40 26 53.85
Карл Стотц  Австрија 1 август 1978 14 декември 1981 24 13 6 5 43 25 30.61
Георг Шмит
Феликс Латцке
 Австрија
 Австрија
5 февруари 1982 2 јули 1982 8 5 1 2 11 7 30.61
Ери кХоф  Австрија 7 септември 1982 21 ноември 1984 15 6 3 6 22 20 30.61
Бранко Елснер  Југославија 15 јануари 1985 18 ноември 1987 18 5 5 8 20 28 27.78
Јозеф Хикерсбергер  Австрија 1 јануари 1988 14 септември 1990 29 10 7 12 36 39 34.48
Алфред Ридл  Австрија 15 Сптември 1990 10 октомври 1991 8 1 3 4 6 16 12.5
Дитмар Константини  Австрија 10 октомври 1991 13 ноември 1991 2 0 0 2 1 4 0.00
Ернст Хапел  Австрија 1 јануари 1992 14 ноември 1992 9 2 3 4 18 17 30.61
Дитмар Константини (  Австрија 15 ноември 1992 18 ноември 1992 1 0 1 0 0 0 30.61
Херберт Прохаска  Австрија 8 јануари 1993 29 март 1999 51 25 9 17 96 73 49.02
Ото Вариќ  Австрија 13 април 1999 21 ноември 2001 22 7 6 9 31 35 31.82
Ханс Кранкл  Австрија 21 јануари 2002 28 Септември 2005 31 10 10 11 47 46 32.26
Вилибалд Рутенштајнер
Андреас Херцог
Славко Ковасчич
 Австрија
 Австрија
 Австрија
30–Септември–2005 Декември 2005 2 1 0 1 2 1 50.00
Јозеф Хикерсбергер  Австрија 1 јануари 2006 23 јуни 2008 24 5 8 11 29 40 20.83
Карел Брукнер  Чешка 25 јули 2008 2 март 2009 6 1 2 3 9 13 16.67
Дитмар Константини  Австрија 4 март 2009 Сегашност 2 1 0 1 2 2 50

Според 5 јуни 2009

Наследство[уреди]

Austria Bundesadler.svg
Kit left arm white stripes.png
Team colours
Kit body thinblacksides.png
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
СП 1998
Austria Bundesadler.svg
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Класичен

Поради тоа што Австро-Унгарија немаше заеднички тим, туку два посебни, нивните натпревари често беа тема на исмејување се до 1918. Шегата започнуваше “Кој игра на натпреварот?“ - “Австрија-Унгарија“ - “Против кој?“. Но, сепак и покрај тие забуни до 1918 постоеа два различнии тима

Австрија ќесто играше со слични дресови како Германија, така што Австриците носеа бел дрес, црни шорцеви и црни чорапи, за разлика од Германиците кои носеа бели чорапи. За да се разликуваат дресовите тренерот Ханс Кранкл во 2004 направи промена во гостинскиот дрес, кој требаше да има шема како австриското знаме, црвена-бела-црвена, но и тренерот На Германија, Клинсман исто така имаше промовирано црвен гостински дрес.[се бара извор]. За понатаможни разлики, моментално Австриците носат црн гостински дрес

Rеференци[уреди]

  1. Nazis in der Abseitsfalle - einestages Spiegel Online [1]
  2. „Austria must pull out of Euro 2008, say 10,000 fans petition“. theindependent.co.uk. 16/08/2007. http://www.independent.co.uk/sport/football/european/austria-must-pull-out-of-euro-2008-say-10000-fans-petition-400517.html. конс. 16 јуни 2008. 
  3. Се квалификувале, но го откажале учеството поради анектирањето од Германија и играле во соединет состав
  4. Поб.% е заокружен на 2 децимали.

Надворешни врски[уреди]

Интернационален Фудбал

ФИФА | Светско првентсво | Куп на Конфедерации | У-20 Светско првенство | У-17 Светско првенство | Олимпијада | Азиски игри | Сеафрикански игри | Панамерикански игри | Островски игри | Светско рангирање | Играч на годината | Тимови | Кодови

     Азија: АФЦАзиски КупУ-22У-19У-16У-14
     Африка: ЦАФАфрикански Куп на Нациите
     Северна Америка: КОНКАКАФЗлатен куп
     Јужна Америка: КОНМЕБОЛКопа Америка
     Океанија: ОФЦКуп на нациите
     Ервопа: УЕФАЕвропско првенство
     Вон-ФИФА: НФ-БордВИВА светски куп
World Map FIFA.svg