16 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
16 јуни е 167-миот ден во годината според григоријанскиот календар (168-ми во престапна година). Остануваат 198 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1671 | Под водство на легендарниот јунак Стенка Разин, во Русија избувна востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претвораа во кметови, а на селаните им наметнуваа уште поголеми давачки. |
| 1779 | Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започна опсадата на полуостровот Гибралтар. |
| 1943 | Масакрот во Ваташа; Бугарските окупаторски војници стрелаа 12 млади комунисти од селото: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа“. |
| 1960 | Претседателот на САД, Двајт Ајзенхауер ја одложи посетата на Јапонија поради антиамериканските немири во таа држава. |
| 1963 | Првата жена космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Восток - 6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут. |
| 1997 | Република Македонија и Кувајт воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
| 1999 | Рабо Мбеки од Нелсон Мандела ја презеде должноста претседател на Јужна Африка. |
Родени:
| 1313 | Џовани Бокачо, италијански писател. |
| 1612 | Мурат IV, отомански султан. |
| 1866 | Германос Каравангелис, грчко духовно лице. |
| 1937 | Симеон Сакскобурготски, бугарски премиер. |
| 1952 | Јоргос Папандреу (помладиот), грчки премиер. |
| 1961 | Витомир Долински, македонски новинар. |
| 1970 | Гоце Димовски, македонски поет. |
| 1971 | Тупак, американски рапер (п. 1996). |
Починале:
| 1834 | Осип Бове, руски архитект. |
| 1912 | Добри Даскалов, македонски револуционер. |
| 1977 | Вернер фон Браун, германски физичар. |
| 1993 | Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |