8 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
8 јануари е 8-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 357 денови до крајот на годината (358 во престапна).
Настани:
| 1198 | Инокентие III станува папа. |
| 1679 | Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величенствените Нијагарини водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција. |
| 1991 | Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили. |
| 1993 | На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ. |
Родени:
| 1589 | Иван Гундулиќ, хрватски поет и драмски писател. |
| 1931 | Видое Видичевски, македонски поет. |
| 1935 | Елвис Присли, американски пејач. |
| 1942 | Стивен Хокинг, англиски физичар. |
| 1942 | Валја Балканска, бугарска пејачка. |
| 1942 | Џуничиро Коизуми, премиер на Јапонија од 2001-2006. |
| 1947 | Дејвид Боуви, англиски пејач и рок артист. |
| 1957 | Ризван Сулејмани, македонски политичар. |
| 1961 | Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија. |
| 1986 | Давид Силва, шпански фудбалер. |
Починале:
| 1198 | Папа Целестин III, римски папа. |
| 1324 | Марко Поло, венецијански трговец. |
| 1642 | Галилео Галилеј, италијански астроном и физичар. |
| 1713 | Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. |
| 1951 | Војдан Чернодрински, македонски драматург, основоположник на македонскиот театар. |
| 1980 | Џон Мокли, aмерикански физичар . |
| 2007 | Ѓорѓи Здравев, македонски етнолог и костимограф. |
| 2010 | Славка Манева, македонска писателка. |