Михаел Балак

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Михаел Балак е роден е на 26 септември 1976 во градот Герлиц, на крајниот исток на Германија (покраина Саксонија). Висок е 1,89, а тежок 80. Оженет е со Симоне Ламбе, со која има три сина: Луис (2001), Емилио (2002) и Јорди (2005). Тој е еден од најплатените и најпопуларни германски фудбалери.

Балак уште од својата седма година започнува да тренира фудбал во ФК Фриц Хекер од Хемниц (тогашен Карл-Маркс-штат), а по три години се сели во ФК Хемниц, каде игра се до 1997. Од ’97 до ’99 игра во ФК Кајзерслаутерн, а во 1999 за 4,1 милиони евра доаѓа во Баер Леверкузен, каде за 79 натпревари постигнува 27 голови. Во 2002 за 12,9 милиони евра преминува во Баерн Минхен, за кој потпишува 4 годишен договор и каде постанува и медиска ѕвезда. Во Баерн одигрува 107 натпревари и постигнува 44 голови. Од 2006 игра во англискиот клуб Челси и носи дрес со бројот 13.

Балак е важна медиска личност во Германија, каде е централна фигура на рекламната кампања на Адидас. Односот на Балак кон неговите фанови е специфичен- за нив вели дека му се многу важни бидејќи се потврда на неговиот успех. Нив ги смета за награда за вложениот труд и се радува за секој фан што го има. Иако не се експонира многу во јавноста, секогаш наоѓа време и начин да им се заблагодари. Неговото мото гласи: „Немој се така сериозно да сфатиш!“

Во 2006 германското списание Штерн објави книга за Балак со наслов Неговиот пат.