Пеле
Едсон Арантес до Наскименто (23 октомври 1940, близу Тре Коракоес, Бразил), подобро познат како Пеле, бил бразилски фудбалер, кој во негово време, најверојатно, бил најславниот спортист во светот.
Биографија [уреди]
Пеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 год. и го предводел тимот до светското клубско првенство во 1962 год. Бил дел од три бразилски национални репрезентации кои станаа светски шампиони (1958, 1962 и 1970). Во 1969 год. за време на неговиот 909 натпревар, тој го постигнал својот 1.000 гол. Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи. Во 1975 год. станал член на Космос од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL); се повлече од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977 год. Во 1978 год. ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980 год. беше прогласен за спортист на векот.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 151