ФК Челси

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Челси
Chelsea
Chelsea crest.svg
Целосно име Фудбалски Клуб Челси
Chelsea Football Club
Прекар(и) Плавите
The Blues
Основан 1905
Стадион Стадион Стенфорд Бриџ
Лондон
Англија
Капацитет 41,837
Претседател САД Брус Брук
Тренер Италија Жозе Мурињо
Лига Премиер лига
2011-12 Премиер лига, 3ти
Kit left arm CFC 1011.png
Тимски бои
Kit body CFC 1011.png
Тимски бои
Kit right arm chelsea1011h.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Домашен дрес
Kit left arm chelsea1011a.png
Тимски бои
Kit body chelseaa2010.png
Тимски бои
Kit right arm chelsea1011a.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Гостински дрес

ФК Челси (англиски: Chelsea F.C.) е англиски професионален фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1908 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Рафаел Бенитез од Шпанија. Сопственик е Роман Абрамович од Русија. Челси има 4 титули во англискиот фудбал (1 во Прва Дивизија и 3 во Премиер Лигата).

Познати и како “сините”, или во подамнешно време како “пензионерите”, фудбалскиот клуб Челси во најголем дел од својата историја е во елитната Англиска Премиер Лига. За свој прв успех го смета финалето на Англискиот куп, каде што губи од тогашен Шефилд. Сепак својот прв поголем успех го забележува во 1955-та со освојување на тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживува во последната декада со три победи во Англиската лига (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010) и две финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот ривал Манчестер Јунајтед (2008) и во второто финале каде што извојува победа над Баерн Минхен со резултат 4-3 (пенали)

Својот дом (Стемфорд Бриџ) со капацитет од 42,500 луѓе се наоѓа во Фулам (Западен Лондон). Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесетиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил често пати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.

Сопственикот на Челси - Роман Абрамович

Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлуча Виали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти.[1] Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Куп победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овoј селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луис Фелипе Сколари (2008).

Луис не направи многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти беше избркан од Челси во мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од португалскиот Порто.[2] По слабите резултати, во март 2012, Андре Вилаш-Боаш бил разрешен, и за привремен менаџер бил именуван италијанецот Роберто Ди Матео. Со него, Челси го освоил својот 7-ми ФА Куп[3], и својата прва титула во УЕФА Лигата на Шампионите, победувајќи го Баерн Минхен со 4-3 на пенали и станувајќи прв Лондонски клуб со титула во Лигата на Шампионите.[4]

Состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Чешка ГМ Петр Чех
2 Србија ОД Бранислав Ивановиќ
3 Англија ОД Ешли Кол
4 Бразил ОД Давид Луиз
7 Бразил СР Рамирес
8 Англија СР Френк Лампард
9 Шпанија НП Фернандо Торес
11 Бразил СР Оскар дос Сантос
12 Нигерија СР Џон Оби Микел
17 Белгија СР Еден Aзар
18 Белгија НП Ромелу Лукаку
22 Англија ГМ Рос Трнбал
24 Англија ОД Гери Кејхил
26 Англија ОД Џон Тери (капитен)
27 Англија ОД Сем Хачинсон
28 Шпанија ОД Цесар Азпиликуета
34 Англија ОД Рајан Бертранд
35 Бразил НП Лукас Пиазон
40 Португалија ГМ Хиларио
Стемфорд Бриџ

Стемфорд Бриџ[уреди]

Челзи имале само еден терен Стемфор Бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од London Athletics Club како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна бизнисмен Гус Mears и неговиот брат Јосиф, кој исто така купија и околните земјиште (порано голем пазар ). Димензиите на теренот се 100 x 69 метри. Капацитетот му е 42.055 места.

Тимот на Челси во 1905 година

Успеси[уреди]

Домашни[уреди]

Европски[уреди]

Дидие Дрогба при одлучувачкиот пенал од финалето на Лигата на Шампионите 2012
  • Освојувач (1): 2011-12
  • Финалист (1): 2007-08
  • Освојувач (1): 2012-13
  • Освојувач (2): 1970-71, 1997–98
  • Освојувач (1): 1998

Наводи[уреди]

  1. Russian businessman buys Chelsea“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 2 јули 2003 (конс. 11 февруари 2007).
  2. Andre Villas-Boas confirmed as Chelsea manager“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 22 јуни 2011 (конс. 22 јуни 2011).
  3. McNulty, Phil. „Chelsea 2–1 Liverpool“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 5 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  4. McNulty, Phil. „Bayern Munich 1–1 Chelsea (aet, 4–3 pens)“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).

Надворешни врски[уреди]