ФА Премиер лига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Моментална сезона или издание:
2011/2012
Premier League.png
Спорт Фудбал
Основана 20 февруари 1992
Број на тимови 20
Држава Англија
Актуелен шампион Манчестер Јунајтед
Поврзани натпреварувања Чемпионсшип
Веб-сајт http://www.premierleague.com

Премиер лигата е англиска професионална фудбалска лига. Таа е на врвот од англискиот фудбалски систем, и е примарно фудбалско натпреварување во Англија. Во неа се натпреваруваат 20 клубови, од кои последните 3 идната натпреварувачка сезона се натпревурваат во понизок ранг на натпреварување. Премиер лигата е корпорација од 20 тимови, кои се акционери. Сезоната трае од август до мај, во која клубовите играат 38 кола. Премиер лигата е спонзорирана од банката Баркли и поради тоа таа официјално е позната како Баркли Премиер лига.

Натпреварувањето формирано како ФА Премиер лига на 20 февруари 1992 е продолжение на Фудбалската Прва дивизија, која беше оформена во 1888. Набргу Премиер лигата стана најгледана лига во светот.[1] Исто така таа е и најисплатливата лига на светот со вкупни приходи на тимовите од ок. 1.93 билиони фунти во сезоната 2007/08.[2] Таа е и рангирана на првото место според УЕФА ранкингот на лиги, базиран на достигнувањата на клубовите во последните 5 години, пред Шпанската Ла Лига и Италијанската Сериа А.[3]

Досега во оваа лига се натпреварувале 43 клубови, од кои само четири ја освоиле титулата: Манчестер Јунајтед, Блекберн Роверс, Арсенал иЧелси. Актуелен шампион е Манчестер Јунајтед, кој во сезоната 2008/09 ја освои својата 11та титула, повеќе од кој било друг клуб во ова натпреварување.

Историја[уреди]

Почетоци[уреди]

Оригиналното лого на ФА Премиер лига

И покрај значајните евопски успеси за време на 1970-тите и раните 1980-ти, доцните 1980-ти беа означени како најниска точка во англискиот фудбал. Стадионите се распаѓаа, навивачите беа се помалку заинтересирани, а хулиганството се појави повторно, а англиските клубови беа отстранети од Европските натпреварувања за 5 години, поради случувањата на Хејсел стадионот во 1985.[4] Фудбалската Прва Дивизија, која беше прва лига на светот уште од 1888, сега беше зад лиги како што беа Италијанската Сериа А и Шпанската Ла Лига, и според посетеноста и според приходите, а најдобрите Англиски играчи одеа во други земји.[5] Но, како и да е паѓачкиот тренд почна да се намалува во 1990-тите со добрите резултати на Англиската Репрезентацијана Светското првенство во 1990, стигнувајќи до полу-финалето. Европското фудбалско власничко тело ја прекина забраната со што Англиските тимови заиграа во Европските натпреварувања по 5 години.Тејлор Репорт стандардот, за безбедноста на стадионите, кој значеше скапи надградби на стадионите за да се прекинат несреќите како онаа на Хилсборо беше прифатен во јануари истата година.[6]

Телевизиските пари станаа многу поважни, Првата Дивизија добиваше 6,3 милиони фунти за двегодишен договор во 1986, но кога се обновуваше договорот, во 1988, таа добиваше 44 милиони фунти за 4 години.[7] Преговорите во 1988 беа прв знак дека лигата ќе се распадни. Десет тима се закануваа дека ќе ја напуштат лигата и ќе оформат нова “супер лига“, но најпосле беа наговорени да останат.[8] Како што пораснаа стадионите и посетеноста и приходот порасна, повторно најдобрите тимови најавуваа дека ќе ја напуштат лигата, бидејќи не добивале доволно од зголемениот прилив на пари во спортот.

Шампиони во Премиер лига
Сезона Победник
1992–93 Манчестер Јунајтед
1993–94 Манчестер Јунајтед
1994–95 Блекберн Роверс
1995–96 Манчестер Јунајтед
1996–97 Манчестер Јунајтед
1997–98 Арсенал
1998–99 Манчестер Јунајтед
1999–00 Манчестер Јунајтед
2000–01 Манчестер Јунајтед
2001–02 Арсенал
2002–03 Манчестер Јунајтед
2003–04 Арсенал
2004–05 Челзи
2005–06 Челзи
2006–07 Манчестер Јунајтед
2007–08 Манчестер Јунајтед
2008–09 Манчестер Јунајтед
2009–10 Челзи
2010–11 Манчестер Јунајтед
2011–12 Манчестер Сити
2012–13 Манчестер Јунајтед

Основање[уреди]

По завршувањето на сезоната 1991, беше изнесен предлог за основање на нова лига, која ќе носи повеќе пари по натпревар. Договорот на Членовите Основачи беше прифатен на 17 јули 1991 од најдобрите тимови во лигата, со што се утврдија основните правила на ФА Премиер лигата.[9] Ново формираната лига ќе добие економска независност од Фудбалската Асонциајција и Фудбалската лига, со давањето лиценца на ФА Премиер лигата да преговара сама за своите спонзорски и епитувачки договори. Аргументот даден во тоа време значеше дека екстра приходот ќе им дозволи да завршат заедно со Европските тимови.[10]

Во 1992 клубовите од Првата Дивизија раскинаа со Фудбалската Лига и на 27 мај 1992 беше формирана ФА Премиер лигата, како приватна легална компанија, која работи надвор од канцеларијата на Фудбалската Асоцијација, тогаш сместена во Ланкастер Гејт.[5] Тоа значеше крај на 104-годишното раководење на Фудбалската Лига со четирите дивизии. Од тогаш Премиер лигата раководеше со една, а Фудбалксата Лига со три дивизии. Немаше измени во форматот на натпреварувањето, бројот на тимови беше ист, и отпаѓањето и влегувањето во лигата беше исто како помеѓу старите Прва и Втора Дивизија.

22 тима основачи на Премиер лигата беа: Арсенал, Астон Вила, Блекберн Роверс, Челзи, Ковентри Сити, Кристал Палас, Евертон, Ипсвич Таун, Лидс Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Миделзбро, Норич Сити,Нотингем Форест, Олдхам Атлетик, Квинс Парк Ренџерс, Шефилд Јунајтед, Шефилд Веднздеј, Саутемптон, Тотенхем Хотспар, Вимблдон.

Измени[уреди]

Со завршувањето на сезоната 2008/09, поминаа 17 сезони од создавањето на Премиер лигата. Лигата ја одржа својата прва сезона во 1992/93 и беше оригинално составена од 22 тима. Првиот официјален гол во Премиер лигата го постигна Брајан Дин од Шефилд Јуанјтед во победата над Манечстер од 2-1. Заради настојувањето на ФИФА, меѓународното власничко тело, го намали бројот на изиграни натпревари во сезона, со што воедно го намали и бројот на 20 тимови во лигата во 1995, со што отпаднаа 4 тима, а влегоа само 2 тима. На 6 јули 2006 ФИФА побара сите главни Европски лиги, вклучувајќи ги и Сериа А и Ла Лига да имаат по 18 тима на стартот од сезоаната 2007/08. Премиер лигата одговори со објавување на нивната намера за отпор против таквото намалување.[11] И конечно, сезоанта 2007/08 беше изиграна помеѓу 20, како и претходно. Во 2007 лигата го смени нејзиното име од ФА Премиер лига во едноставно Премиер лига.[12]

Акционерска структура[уреди]

Премиер лигата функционира како корпорација, која е сопственост на 20 тима. Секој клуб е акционер и има по право на глас на предлозите за промени на правилата и различни договори. Клубовите избираат претседател, шеф, извршна власт и управен одбор за да ги прегледува дневното функционирање на лигата.[13] Фудбалската Асоцијација не е директно вклучена во дневното функционирање на лигата, но има право на вето, како специјален акционер, за време на избирањето на претседател, шеф, извршна власт и за примањето на новите закони во лигата. [14]

Премиер лигата испраќа претставници во Европскиот Клубски Форум, а бројот на клубови се определува според УЕФА ранкингот. Европскиот Клубски Форум има одговорност во одбирањето на три членови од Европскиот Натпреварувачки Комитет, кој е вклучен во функционирањето на европските натпреварувања, како што се Лига на Шампиони и УЕФА Куп.[15]

Натпреварувачки формат и спонзорство[уреди]

Натпреварување[уреди]

Има 20 тимови во Премиер лигата. За времетраењето на сезоната, од август до Мај, секој тим игра со секој тим два пати, еднаш дома, еднаш на гости, за вкупно да се изиграат 38 кола. Тимовите добиваат 3 поени за победа, 1 за нерешено и 0 за пораз. Тимовите се рангирани според бројот на поени, па по гол разликата и на крај според дадените голови. На крајот на секоја сезона тимот со најмногу поени се крунисува како шампион. Ако бројот на поени е ист се согледува гол разликата, и во краен случај постигнатите голови. Ако и понатаму се исто, тимовите ќе го поделат местото, но ако се работи за шампиони, за квалификации за друго натпреварување, отпаѓање и влегување во друга лига ќе се изигра плеј-оф меч на неутарален терен.[16] Трите најниско пласирани тимови отпаѓаат во Чемпионсшипот, а првите два тима од Чемпионсшип, заедно со плеј-оф победникот помеѓу тимовите од 3то до 6то место одат во Премиер лигата.[17]

Кфалификации во европските натпреварувања[уреди]

Според измените во квалификациите за Лигата на Шампиони за сезоната 2009-10, првите четири екипи се квалификуваат во Лигата на Шампиони, првите три директно, а четвртата преку квалификации. Претходно само две екипи се квалификуваа директно. Четврто-пласираниот тим игра воплеј-оф рундата за не-шампиони и мора да победи во вкупниот резултат од двата натпревари,доколку сака дасе квалификува во фазата по групи.[18] Петтиот тим директно се квалификува во Европската Лига, додека шестиот и седмиот играат квалификации, во зависност од победникот во во двата домашни купа. Ако само едниот тим победник во еден од куповите се квалифукувал поред неговата позиција на крајот од сезоната, тогаш само шестиот тим игра квалификации, а ако и двајцата победници во куповите се квалификувале според нивната позиција, тогаш и шестиот и седмиот играат квалификации. Други места можатда се обезбедат преку Фер Плејот. Доколку Премиер лигата е една од трите најдобро рангирани лиги според Фер Плејот во Европа, тимот којшто играл најфер во сезоната, а не обезбедил место во Европа претходно се квалификува директно во првата квалификациона од Европската Лига.[19]

Отстапки од ова правило се јавуваат во 2005, кога Ливерпул победи во Лигата на Шампиони, но не се квалификува во едно од четирите квалификациони места во лигата. УЕФА му даде специјана понуда на Ливерпул со која ќе се натпреварува во Лигата на Шампиони, со што Англија би имала пет претстаници.[20] УЕФА подоцна донесе правило декапобедникот во Лигата на Шампионите се квалификува наредната сезона во неа, без разлика на местото освоено во лигата. Но, како и да е, за оние асоцијации кои имаат четири претставници, ова значеше дека доколку победникот во Лигата на Шампиони е од нивната држава, тогаш тој ќе се квалификува наместо четврто-пласираниот тим, бидејќи ниту една асоцијација не може да има повеќе од четири претставници во едно европско натпреварување.

Премиер лигата е најдобра лига според УЕФА ранкингот, кој се базира на резултатите во последните 5 години. Со ова е прекината 8-годишната доминација на Шпанската Ла Лига.[21] На најдобрите три лиги им е дозволено да имаат четири претставници во Лигата на Шампиони. Претседателот на УЕФА Мишел Платини предложи да се скрати едно место во Лигата на Шампиони, и да му се додели на победникот во националниот куп. Овај предлог беше одбиен на гласањето, при собирот на УЕФА Стратегискиот Совет.[22]

На истиот собир, беше прифатено барањето третиот тим од најдобрите четири лиги директно да се квалификува во фазата по групи во Лигата на Шампиони, наместо во третата квалификациона рунда. Додека пак четвртиот тим ќе игра во плеј-офот за не-шампиони,сошто му се гарантира екипа од најдобрите 15 лиги во Европа. Ова беше дел од планот на Мишел Платини, со што сакаше да го покачи бројот на тимови од пониските лиги во квалификациите за Лигата на Шампионите, а и во фазата по групи.[23]

Спонзорство[уреди]

Премиер лигата е спонзорирана уште од 1993 година. Спонзорот има можност да го одреди спонзорското име на лигата. Листата подолу ги прикажува спонзорите, како тие ја нарекуваа и времетраењето на договорот:

  • 1993-2001 Карлинг (ФА Карлинг Премиершип)
  • 2001-2004 Баркликард (Барклејкард Премиершип)
  • 2004-2007 Баркли (Баркли Премиершип)
  • 2007-2010 Баркли Премиер лига [24]

Финансии[уреди]

Премиер лигата е најисплатливата лига во светот, од која 26% од 1.93 билиони фунти се од вкупиот број на приходи од тимовите во 2007/08.[2] Единаесет од дваесет клубови во таа година направија економски профит. Платите достигнуваа до 1.51 билиони евра во 2007/08, повеќе од лигата која што најмногу трошеше, Сериа А (972 милиони евра). Премиер лигашкиот бруто приход беше четврт најголем приход во сите спортски лиги низ светот, веднаш зад годишните приходи на трите најпопуларни Северно Американски спортски лиги. (Националната Фудбалска лига, Главната Лига во Бејзбол, И НБА, но пред Националната Хокејска Лига.

Во рамките на светскиот фудбал, Премиер лигашките тимови се едни од најбогатите во светот. Делоите, кој ги објавува годишните приходи на клубовите во нивната “ Фудбалска Парична Лига “, внесе 8 тима од Премиер лигата во топ 20 за сезоната 2005/06.[25] Ниедна лига немаше повеќе од 4 тима во листата, а додека Ла Лига ривалите Реал Мадрид и Барселона ги зазедоа две места од првите три, но освен овие два, ниеден тим од Шпанија, немаше во топ 20. Премиер лигата веќе доминира на листата со години, и за само една декада доминираа на листата. Новите Премеир Лигашки ТВ договори дадоа ефект, Лигашкото зголемување во приходите со очекува, а со тоа и покачување на Премеир Лигашките тимови на листата, а има и можност тие да бидат на врвот од листата.[25][26]

Друг важен факт за регуларноста на Премиер лигашкиот приход е посетеноста на натпреварите, каде што просекот во 2005/06 достига 34.364 за лигашки наппревар. Ова е четврт најголем просек во било која домашна спортска лига во светот, и тоа пред Ла Лига и Сериа А, но зад Бундеслигата. Ова значеше зголемување на просекот за 60% од просечната посетеност од 21.126 забележан во првата сезона на Премиер лигата(1992/93).[27] Но, како и да е, за време на сезоната 1992/93 капацитетот на стадионите беше намален заради заменувањето на клупите со седишта, за да се исполни Тејлор Стандардот, чиј краен рок беше сезоната 1994/95.[28][29] Но, сепак просечната посетеност во 2005/06 беше помала од рекордот кој изнесуваше 35.464, поставен во сезоната 2002/03.[30]

Медиумска покриеност[уреди]

Обединетото Кралство и Ирска[уреди]

Натпревар во 2004 помеѓу Манчестер Јунајтед and Тотенхем Хотспар

Телевизијата игра главна улога во историјата на Премиер лигата. парите од телевизиските права се важни во помагањето да се создава извршност во и надвор од терените. Лигашката одлука да ги продаде телевизиските права на BSkyB беше радикална одлука, но една од која се исплаќаше. Во тоа време да да се плаќа телевизија беше неистестирана пропозиција во маркетот на Обединетото Кралство, со која им се овозможува на фановите да гледаат фудбал во живо на телевизија. Но стратегијата на Sky, добриот фудбал во Премиер лигата, големиот апетит на луѓето за фудбал ја кренаа цената на Премиер лигашките телевизиски права.[7]

Премиер лигата ги продава телевизиските права колективно. Ова е контраст во однос на повеќето Европски лиги, вклучувајќи ги и Ла Лига и Сериа А, кои ги продаваа посебно, со што поголем дел од парите одат кај најдобрите неколку клубови. Парите се делат на три дела:[31] Една половина се поделува еднакво помеѓу клубовите. Четвритна се поделува според местото на табелата, на пр. првиот добива 20 пати повеќе од последниот и.т.н. Последната четвртина се поделува според олеснувачите награди, кои се покажани на телевизија, со што водечките тимови земаат поголем дел од парите. Приходот од преку морските телевизиски права е еднакво поделен помеѓу 20те тима.

Првиот договор за права на телевизијата Sky вредеше 191 милион фунти за 5 години.[32] Наредниот договор , постигнат во 1997/98 изнесуваше 670 милиони фунти за четири години.[32] Третиот договор беше 1,024 билионски договор со BSkyB за три години, од сезоната 2004/05 до 2006/07. Лигата собра 320 милиони фунти од продажбата на меѓународните права во период од три години, од 2004/05 до 2006/07. Таа ги продаваше своите парава на територија по територија.[33] Монополот со Sky беше прекинат во август 2006, кога на Setanta Sports и беа доделени правата да пренесува два од шесте пакети на натпревари. Овај настан резултираше со настојување на Европската Комисија дека ексклузивните права не треба да се доделуваат само на една телевизиска компанија. Sky и Setanta плаќаат 1,7 билиони фунти, што е околу 23 од целокупниот приход. Оваа изрази чудење кај многу коментатори, поради тоа што цената на телевизиските права на оваа лига пораснаа многу брзо. Setanta исто така има право да емитува натпревар во 3 часот, по Западно Европсо Време. BBC има право да го емитува хајлајтсот од натпреварите (во емисијата Меч на Денот) за 171,6 милиони фунти, 63%, односно 105 милиони се плаќаа за претходните три сезони.[34] Радио Телефис Еиран го пренесува хајлајтс пакетот во Ирска. Sky и BT плаќаат 84,3 милиони фунти за да телевизиските права на 242 меча (целосно да ги прикажуваат на телевизија и на интернет), во повеќето случаи за 50 часа после 22 часот од денот на играњето.[35] Прекуморските права донесуваат 625 милиони фунти, речиси двојно од претходниот договор.[36] Збирот од овие договори е околу 2,7 билиони фунти, што му дава на секој клуб медиумски приход за лигашките натпревари од околу 45 милиони фунти по година, од 2007 до 2010. Тие исто така добиваат помали приходи и од натпреварите од домашните купови, а во некои случаеви и поголеми суми на пари од медиумските права на Европските мечеви.

ТВ договорот помеѓу Премиер лигата и Sky беше соочен со обвинение заради картел, а резултат на тоа беше бројот на судски случаи. Истрагата спроведена од страна на Канцеларијата на Фер Размени во 2002, пронајде дека BSkyB е доминатна на ТВ спортскиот пазар,но се заклучи дека нема доволно докази за осудување на BSkyB за злоупотребување на својата доминација.[37] Во јули 1999, Премиер лигашкиот метод на заедничко продавање на правата за сите тимови, беше истражувано од Рестриктивниот Суд на Обединетото Кралство, кој заклучи дека методот не е спротивен на јавните интереси.[38] Хајлајтс пакетот на BBC за Сабота и Недела навечер ќе трае најмалку до 2013.[39] Само телевизиските права за периодот од 2010 до 2013 ќе донесуваат приход од од 1,782 билиони фунти.[40]

Насекаде низ светот[уреди]

Промовирано како "Најголемото Шоу на Земјата", Премиер лигата е најпопуларна и најмногу гледана лига во светот, следена од околу половина билион луѓе од 202 држави,[41] обично на интернет сопствениците и/или е контролирана од News Corporation или од Setanta Sports, кои го имаат правото да ги пренесуваат натпреварите во Обединетото Кралство и Ирска. Во САД покриеноста е поделена помеѓу Fox Soccer Chanel и Setanta Spors North America. News Corporation понекогаш ги купува рекламни паноа со логото на Fox Soccer Chanel, кое го заменува она на Sky.[42] Во Австралија Fox Sports (Australia), која е сопственост на News Ltd, ги пренесува повеќе од пет натпревари според изборот на гледачите и повеќе од девет натпревари за секоја дадено коло. [43]

Премир Лигата е особено популарна во Азија и е далеку најмногу пренесувана спортска програма.[44] На пример, во Народна Република од Кина, натпреварите привлекуваат публика помеѓу 100 до 360 милиони, повеќе од било кој странски спорт.[45] Поради популарноста во Азија, Премиер лигата досега има организирано три пред-сезонски турнири, единствен здружен турнир на Премиер лигата надвор од Англија. Во јули 2003, ФА Премиер лига Азија Купот се одржа во Малезија, каде играа три Премиер лигашки тима - Челзи, Њукасл и Бирмингем и репрезентацијата на Малезија.[46] Во 2005 Азискиот Куп се одликуваше со сличен формат, Тој се одржа во Тајланд, каде репрезентацијата на Тајланд, играше против три Премиер лигашки тима - Евертон, Манчестер Сити и Болтон, каде последниот го освои трофејот. [47] Во 2007, Барклајс Азискиот Куп се одржа во Хонг Конг, каде се натпреваруваа Ливерпул, Портсмут, Фулам и победникот во Хонг Конгшкиот ФА Куп, Јужна Кина, каде што Портсмут го освои трофејот.[48]

Премиер лигата се соочи со тешка борба против прекршувањето на авторските права. Напорот што го вложија во спречувањето на пренесувањето натпревари на интернет резултираше со ангажирање на NetResult, компанија специјализирана да ги заштитува интернет правата на пазарот[49].

Критики[уреди]

Ширење на процепот помеѓу Премиер лигата и пониските лиги[уреди]

Доминација на "Големата четворка"[уреди]

Влијание врз светската игра[уреди]

Опрема[уреди]

Трофеј[уреди]

Топки за натпреварите[уреди]

Клубови[уреди]

Играчи[уреди]

Најдобри стрелци[уреди]

Стадиони во Премиер лига 20013-14[уреди]

Женска Премиер лига[уреди]

Види исто така[уреди]

Белешки[уреди]

  1. Campbell, Dennis. „United (versus Liverpool) Nations“, The Observer, 6 јануари 2002 (конс. 8 август 2006).
  2. 2,0 2,1 „Premier League revenues near £2bn“. BBC. 4 јуни 2009. http://news.bbc.co.uk/1/hi/business/8078533.stm. конс. 4 јуни 2009. 
  3. UEFA ranking of European leagues“, UEFA.
  4. 1985: English teams banned after Heysel“, BBC Archive (конс. 8 август 2006).
  5. 5,0 5,1 „A History of The Premier League“. Premier League. http://www.premierleague.com/page/History/0,,12306,00.html. конс. 22 ноември 2007. 
  6. „The Taylor Report“. Footballnetwork. http://www.footballnetwork.org/dev/communityfootball/violence_taylor_report.asp. конс. 22 ноември 2007. 
  7. 7,0 7,1 Crawford, Gerry. „Fact Sheet 8: British Football on Television“. University of Leicester Centre for the Sociology of Sport. http://www.le.ac.uk/sociology/css/resources/factsheets/fs8.html. конс. 10 август 2006. 
  8. „The History Of The Football League“. „Football League official website“. http://www.football-league.premiumtv.co.uk/page/History/0,,10794,00.html. конс. 10 август 2006. 
  9. In the matter of an agreement between the Football Association Premier League Limited and the Football Association Limited and the Football League Limited and their respective member clubs“, HM Courts Service (конс. 8 август 2006).
  10. A history of the Premier League“, Premier League official website (конс. 4 јануари 2008).
  11. Fifa wants 18-team Premier League“, BBC (конс. 8 август 2006).
  12. Premier League and Barclays Announce Competition Name Change“ (PDF), Premier League (конс. 22 ноември 2006).
  13. „Our relationship with the clubs“. Premier League. http://www.premierleague.com/fapl.rac?command=setSelectedId&nextPage=enSimpleStories&id=2861&type=com.fapl.website.stories.SimpleStories&categoryCode=Who%20We%20Are&breadcrumb=about_breadcrumb. конс. 8 август 2006. 
  14. „The Premier League and Other Football Bodies“. Premier League. http://www.premierleague.com/fapl.rac?command=setSelectedId&nextPage=enSimpleStories&id=2851&type=com.fapl.website.stories.SimpleStories&categoryCode=Who%20We%20Are&breadcrumb=about_breadcrumb. конс. 8 август 2006. 
  15. „European Club Forum“. UEFA. http://www.uefa.com/uefa/aboutuefa/CommittesPanels/panel=32.html. конс. 8 август 2006. 
  16. „Barclays Premier League“. Sporting Life. http://www.sporting-life.com/football/live/tables/premiership.html. конс. 26 ноември 2007. 
  17. Huge Stakes For Championship Play-Off Contenders“, Goal.com (конс. 26 ноември 2007).
  18. UEFA Executive Committee approves changes to UEFA club competitions“ (PDF), UEFA, 30 ноември 2007 (конс. 15 август 2008).
  19. Norway lead Respect Fair Play league“, Uefa, 26 јануари 2009 (конс. 11 март 2009).
  20. Liverpool get in Champions League“, BBC Sport, 10 јуни 2005 (конс. 11 декември 2007).
  21. „5 Jahreswertung der UEFA Saison 07/08 (German)“. http://www.5-jahres-wertung.de/APD/Online/5-Jahres-Wertung.htm. конс. 17 мај 2008. 
  22. „Clubs force UEFA's Michel Platini into climbdown“. Daily Telegraph. 13 ноември 2007. http://www.telegraph.co.uk/sport/main.jhtml?xml=/sport/2007/11/13/sfnuef113.xml. конс. 2 декември 2007. 
  23. „Platini's Euro Cup plan rejected“. BBC Sport. 12 декември 2007. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/football/europe/7090646.stm. конс. 11 декември 2007. 
  24. „Barclays secures Premier League Global title sponsorship“. Barclays. 27 септември 2006. http://www.newsroom.barclays.co.uk/Content/Detail.asp?ReleaseID=794&NewsAreaID=2. конс. 2 декември 2007. 
  25. 25,0 25,1 „Real Madrid stay at the top“. Deloitte. 2 август 2007. http://www.deloitte.com/dtt/press_release/0,1014,sid%253D2834%2526cid%253D145152,00.html. конс. 2 декември 2007. 
  26. Arsenal bullish over £200m income“, BBC News, 24 септември 2007 (конс. 24 септември 2007).
  27. „Football Stats Results for 1992–1993 Premiership“. football.co.uk. http://stats.football.co.uk/1992/. конс. 10 август 2006. 
  28. „Fact Sheet 2: Football Stadia After Taylor“. University of Leicester. http://www.le.ac.uk/fo/resources/factsheets/fs2.html. конс. 10 август 2006. 
  29. „Shifting stands“. ESPN. 27 јули 2005. http://soccernet.espn.go.com/columns/story?id=337736&root=extratime&cc=5901. конс. 10 август 2006. 
  30. „Premiership Attendance - 2002/03“. ESPN. http://soccernet.espn.go.com/stats/attendance?league=eng.1&year=2002&cc=5901. конс. 10 август 2006. 
  31. Frequently asked questions about the F.A. Premier League, (How are television revenues distributed to Premier League clubs?)“, premierleague.com (конс. 11 декември 2007).
  32. 32,0 32,1 Martin Cave. „Football rights and competition in broadcasting“, Football Governance Research Centre, University of London (конс. 8 август 2006).
  33. Premier League announce name change“, SportBusiness (конс. 3 јуни 2007).
  34. BBC keeps Premiership highlights“, BBC News, 8 јуни 2006 (конс. 8 август 2006).
  35. TV deal pays another £84m“, Daily Telegraph, 26 мај 2006 (конс. 8 август 2006).
  36. Premiership in new £625m TV deal“ (конс. 3 јуни 2007).
  37. BSkyB investigation: alleged infringement of the Chapter II prohibition“ (PDF), Office of Fair Trading, 17 декември 2002 (конс. 8 август 2006).
  38. Sport and European Competition Policy“ (PDF), European Commission (конс. 8 август 2006).
  39. BBC retains Premier League rights“, BBC Sport, 28 јануари 2009 (конс. 29 јануари 2009).
  40. New Television Rights“, BBC.
  41. Wilson, Jeremy. „Premier League is world's favourite league“, The Daily Telegraph, 6 ноември 2007 (конс. 7 ноември 2007).
  42. „Bidders line up for U.S. rights to Premiership“. Sports Business Journal. 26 јануари 2009. http://www.sportsbusinessjournal.com/article/61334. конс. 8 април 2009. 
  43. „Never Miss An EPL Moment...“. Australian Four Four Two. 10 август 2007. http://au.fourfourtwo.com/news/58663,never-miss-an-epl-moment.aspx. конс. 8 април 2009. 
  44. ESPN-Star extends pact with FA Premier League“, The Hindu Business Line, 21 март 2004 (конс. 9 август 2006).
  45. Chinese phone maker's fancy footwork“, BBC News, 27 октомври 2003 (конс. 9 август 2006).
  46. „Premiership trio launch Asia Cup“. ESPN. 1 март 2003. http://soccernet.espn.go.com/news/story?id=259488&cc=5901. конс. 9 август 2006. 
  47. „English Premier League Launch Asia Trophy“. premierleague.com. http://www.premierleague.com/fapl.rac?command=forwardOnly&nextPage=enNewsLatest&id=883403&breadcrumb=latestfa_breadcrumb. конс. 9 август 2006. 
  48. Portsmouth win Asia Trophy after shoot-out“, The Times, 27 јули 2007 (конс. 25 мај 2008).
  49. „Goal footage warning for website“. BBC. 9 август 2006. http://news.bbc.co.uk/2/hi/technology/6072266.stm. конс. 2 декември 2007. 

Надворешни врски[уреди]



Ова е избрана статија. Кликнете тука за повеќе информации.
Одлична статија Статијата ФА Премиер лига е избрана статија на порталот за спорт за септември 2009.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија.