ФК Вулверхемптон Вондерерс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Вулверхемптон Вондерерс
Wolverhampton Wanderers F.C.
Целосно име Wolverhampton Wanderers Football Club
Прекар(и) Волците
Основан 1877 како Сеинт Лукс
Терен Молинју
Вулверхемптон, Англија
(Капацитет: 31,700)
Претседател АнглијаСтив Морган
Менаџер НорвешкаСтале Солбакен
Лига Чемпионшип лига
2011–12 Премиер лига, 20-ти
(испадаѓање)
Веб страна Официјално мрежно место
Kit left arm wolves1213h.png
Team colours
Kit body wolves1213h.png
Team colours
Kit right arm wolves1213h.png
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Kit left arm wolves1213a.png
Team colours
Kit body wolves1213a.png
Team colours
Kit right arm wolves1213a.png
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Вулверхемптон Вондерерс Фудбал Клуб (на англиски јазик Wolverhampton Wanderers Football Club) или само ФК Вулверхемптон Вондерерс е англиски фудбалски клуб од градот Вулверхемптон. Тие ги играат своите домашни натпревари на стадионот Молинју од 1889. Прекарот на клубот е Волците.

Историја на клубот[уреди]

Вулверхемптон започнал прво како училишен тим кога едно момче од училишето Сеинт Лукс во Блејконхол, Хари Баркрофт го претставил фудбалот на група луѓе кои подоцна помогнале да се создаде клубот.

Сеинт Лукс е создаден во 1877, а две години подоцна тимот е прекрстен во Вулверхемптон Вондерерс. Клубот користел два терена - Виндмил и Џон Харперс. По осум години тимот се сели на игралиштето „Молинју“ кадешто се натпреварува и до денес. Вулвс (скратеното име на Вулверхемптон) станале официјални членови на фудбалската лига во 1888, а само година подоцна стигнале до првото финале на ФА Купот каде загубиле од Престон Норд Енд со 3-0. Откако го освоиле ФА Купот во 1949 година победувајќи го во финалето Лестер со 3-1 на Вембли, Вулверхемптон стигнува до три шампионски успеха и един дабл, во текот на педесетите години. Волците ја тримуфирале со титулата во лигата во 1953-1954, 1957-1958 и 1958-1959. Во овие години Вулверхемптон ги одиграл и првите нивни меѓународни натпревари. Фановите на тимот на нивниот „Молинју“ можеле да видат тимови како Спартак Москва, Динамо Москва, Хонвед и Реал Мадрид. Во 1964 тимот запаѓа во голема криза и во почетокот испаѓа во Втората дивизија каде претстојувал две години пред да стигне до новото враќање во елитата со менаџерот Рони Алан. Подоцна тој бил заменет со Бил Мак Гари, кој го предводел тимот до финалето во Купот на УЕФА против Тотенхем во 1972 и до освојувањето на Лига купот.

Смената на раководството во 1986 донело низа на пресврти во иднината на клубот. Вулверхемптон го достигнал своето дно испаѓање дури во Четвртата дивизија. По три неуспешни обида на тимот да се врати во елитата во 90-тите, тоа се случува во 2003 кога тие го победија Шефилд Јунајтед во финалето на плејофот и така тимот следната сезона за прв пат игра во новоформираната Премиер лига. Сепак, радоста на клубот трае кратко затоа што тие повторно испаѓаат по завршувањето на сезоната.

Во сезоната 2008-09 Вулверхемптон под водство на Мик МекКарти одново се враќа во Премиерлигата и тоа така што станува шампион во Чемпионшип. Тие останаа таму три сезони без некој којзнае колкав успех и испаднаа повторно во мај 2012 година завршувајќи на дното на табелата со освоени само 25 бода.

Играчи[уреди]

Моментален Состав[уреди]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Велс ГМ Вејн Хенеси
4 Велс СР Дејвид Едвардс
5 Англија ОД Ричард Стирман
6 Англија ОД Џоди Крадок
7 Полска СР Славомир Пешко
8 Англија СР Карл Хенри (К)
9 Англија НП Силвајн Ибанкс-Блејк
10 Франција СР Бакари Сако
11 Ирска СР Стивен Ворд
12 Ирска СР Стивен Хант
13 Нигерија ГМ Карл Икеме
14 Англија ОД Роџер Џонсон
15 Исланд НП Бергман Сигурдсон
16 Шкотска ОД Кристоф Бера
17 Того СР Разак Букари
18 Англија НП Франк Ноубл
Бр. Нац. Позиција Играч
21 Франција ОД Стивен Мујоколо
22 Исланд СР Егерт Јонсон
23 Франција ОД Ронал Зубар
24 Англија СР Џејми О'Хара
25 Англија ОД Дани Бат
26 Англија СР Дејвид Дејвис
27 Ирска СР Ентони Форд
28 Мали СР Тонго Думбија
29 Ирска НП Кевин Дојл
30 Ирска ОД Мат Доерти
31 Холандија ГМ Дорус Де Врис
32 Ирска ОД Кевин Фоули
34 Австрија ОД Георг Марграјтер
36 Ирска ГМ Арон МекКери
41 Англија СР Џек Прајс
47 Англија СР Зели Исмаил

Титули[уреди]

Финалисти на ФА Куп (4) : 1889, 1896, 1921, 1939

Финалисти на Куп на УЕФА (1) : 1972

Надворешни врски[уреди]