Тотенхем Хотспар Фудбал Клуб (Шаблон:ИПА-en, Шаблон:Посети), познат и како Спарс, е англиски фудбалски клуб со седиште во Тотенхем, Лондон, кој игра во Премиер лигата. Домашен стадион на клубот е Вајт Харт Лејн.
Основан во 1882 година, Тотенхем го освои ФА Купот за прв пат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем беше првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освои ФА и Лига Купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година стана првиот британски клуб кој успеал да освои УЕФА европски трофеј во клупска конкуренција - освојувајќи го Купот на Победниците на Куповите. Во 1967 година го освои ФА Купот по трет пат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и беше прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што стана првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освои неколку трофеи: во ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освои ФА Купот и Лига Купот. Кога тимот го освои својот последен трофеј, во Лига Купот во 2008 година, значи дека тие освоија голем трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување кое е еднакво само со Манчестер Јунајтед.
Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (прецод: "Да се осмели е да се направи"), и нивниот амблем е петелот кој стои на фудбал. Клубот има долгогодишно ривалство со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.
Моментален тим [уреди]
Менаџери [уреди]
Менаџери и вршители на должноста [уреди]
-
-
- (ВД) – Вршител на должноста
- (ТПТ) – Тренери на првиот тим
- Шампиони на Англија: 1950–51, 1960–61
- ФА Куп: 1901, 1921, 1961, 1962, 1967, 1981, 1982, 1991
- Лига куп: 1971, 1973, 1999, 2008
- ФА Комјунити Шилд: 1921, 1951, 1961, 1962 и три поделени (1967, 1981, 1991)
Европски [уреди]
Надворешни врски [уреди]