Лига куп

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Фудбалскиот Лига Куп[уреди]

, попознат како Лига Куп или по моменталното спонзорство Карлинг Куп, е англиско фудбалско натпреварување. Како и ФА Купот, се игра по нокаут систем (систем на испаѓање). За разлика од ФА Купот каде што 762 клуба влегоа во 2008-09, овде само 92 клуба може да влезат, 20-те клуба од Премиер лигата и 72 клуба од Фудбалската лига која го организира натпреварувањето. Исто така за разлика од ФА Купот, полуфиналињата се играат во две кола. Победниците се квалификуваат за Лига Европа на УЕФА, доколку тие не се квалификувале во европско натпреварување преку Премиер лигата или со освојување на ФА Купот. Ако ова се случи, тогаш местото во Лига Европа оди кај највисоко пласираниот тим во Премиер лигата кој сеуште не се квалификувал во Европа. Манчестер Јунајтед се моменталните шампиони. Од 1982, Лига Купот е именуван по неговиот спонзор, давајќи ги следниве имиња: • Милк Куп (1982 до 1986) спонзориран од страна на Милк маркетинг бордот • Литлвудс Челинџ Куп (1986 до 1990) спонзориран од Литлвудс • Рамбелоус Куп (1990 до 1992) спонзориран од Рамбелоус • Кока Кола Куп (1992 до 1998) спонориран од Кока Кола • Вортингтон Куп (1998 до 2003) спонзориран од Вортингтон Дрот Битер • Карлинг Куп (2003 до 2012) спонзориран од Карлинг Иако Лига Купот е еден од трите главни домашни трофеи што може да се освојат од англиските лигашки тимови, поголемите клубови го сфаќаат како помалку приоритетен отколку првенството и ФА Купот. Дискутабилно, тој достигна ниска точка во текот на крајот на милениумот, кога често беше нарекуван “Бевреден Куп” [1] или “Мики Маус Куп”. Некои клубови намерно изведуваат послаб состав во натпреварувањето создавајќи поверојатна шанса за елиминирање на гигантите од помалите клубови. Многу од најдобрите англиски состави, особено Арсенал и Манчестер Јунајтед, го користат натпреварувањето да им дадат на младите играчи драгоцено искуство во големите натпревари. [2] Сепак, како реакција на барањето на Арсен Венгер дека една победа во Лига Купот нема да ја изгаси неговата жед за трофеј, Алекс Фергусон го опиша трофејот како “пехар кој е вреден да се освои”. [3] Женската лига има свој Лига Куп, кој е отворен за 36-те женски клубови во три дивизии на ФА Женската Премиер лига, иако женското натпреварување е регулирано од ФА, а не од Фудбалската Лига.


Историјат[уреди]

Во текот на доцните 1950-ти, мнозинството од високите англиски клубови ги опремија нивните терени со рефлектори. Ова отвори можност да се искористат вечерите во делниците во текот на зимата. Лига Купот беше воведен во сезоната 1960-61 како натпреварување под рефлектори во средината на неделата. Во раните години од натпреварувањето, многу од најдобрите тимови одбија да земат учество. Целото членство на Лигата зема учество кога на победниците им ветија автоматски влез во Уефа купот. Во последните 10 години, по реорганизацијата на европскиот фудбал и воведувањето на реструктуиран формат на Лигата на шампиони на Уефа, Лига Купот беше загрозен да го загуби местото во Уефа Купот за неговите победници. И покрај сѐ, тој се одржа и заедно со Франција се единствените нации на кои им се нуди место во Уефа Купот на нивните победници во вторите по ранг куп натпреварувања. Затоа задржува доволно значење и популарност, особено кај фановите на клубовите на кои Лига Купот им нуди реална шанса за квалификување во Европа. Астон Вила беа воведните победници во 1960-61. Ливерпул го освоија купот во повеќе наврати со седум победи вклучувајќи четири последователни трофеи во почетокот на 1980-те. Тие комплетираа две трикратни освојувања на трофејот, во 1984 и во 2001 год. Моментални сопственици се Манчестер Јунајтед, кои во финалето во 2010 ги победија Астон Вила со 2-1. Елиминирања на гигантите се паметат помалку во Лига Купот отколку во ФА Купот поради отсуството на нелигашки состави и фактот дека многу големи клубови играат со послаби состави кога се елиминирани. Сепак, имало неколку значајни потреси, како на пример кога составот Честер од четвртата дивизија го елиминираше со 3-0 шампионот на Лигата Лидс Јунајтед на патот до полуфиналето во 1974-75. Во 1995-96, Манчестер Јунајтед беа поразени со 3-0 на домашен терен од Јорк во второто коло во првиот натпревар, иако Јунајтед победија 3-1во вториот меч, сепак испаднаа со вкупни 4-3. Јунајтед исто така биле елиминирани од Саутенд Јунајтед и Ковентри Сити одделно во сезоните 2006-07 и 2007-08: во мечот против Саутенд тие избраа силен состав во кои беа Кристијано Роналдо и Вејн Руни, воведуваќи тренд кој тие го беа започнале. Во 2001-02, носителите на титулата, Ливерпул, беа поразени со 2-1 на домашен терен од Гримзби Таун. Гримзби забележа уште едно исфрлање на гигант во 2005 елиминирајќи го Тотенхем Хотспур.

Формат[уреди]

Прелиминарно коло[уреди]

Ова се користи само кога бројот на тимови во Европското натпреварување влијае на бројот на места во третото коло и не е лесно да му се даде на клубот место во второто коло. Мечевите вклучуваат квалификувани клубови кои завршиле најниско во англискиот лигашки систем минатата сезона (нормално клубови промовирани од Националната Конференција). Ова било искористено само еднаш - 2002-03. Двобоите се сингл мечеви, со продолженија и пенали ако е неопходно, со што победниците напредуваат во следното коло.

Прво коло[уреди]

Сите клубови кои играат во Фудбалската лига (Чемпионшип лигата, Лига 1 и Лига 2), освен ако не се натпреваруваат Лига Европа на УЕФА, влегуваат во оваа фаза и се придружуваат на победниците од прелиминарното коло. Понекогаш, во зависност од бројот на клубови во Европа, без разлика дали играат или не во Фудбалската лига и дали прелиминарното коло би бил полесен начин за да се израми бројот), неопходно е да се даде место на еден или повеќе клубови во второто коло. Тие клубови ќе бидат оние кои се квалификувале во првото коло кои завршиле највисоко минатата сезона во англискиот лигашки систем (нормално клубовите кои испаднале од Премиер лигата). За ова коло, клубовите се поделени во северна и јужна дивизија (иако не секогаш еднакво, па би можело да има повеќе клубови во една дивизија од друга, и, чудно, но, некои од клубовите во северната дивизија се всушност лоцирани повеќе на југ од некои клубови во јужната дивизија. Половина од клубовите од секоја дивизија се носители, а половина не. Прво се влече ждрепката да се утврди дали клубот носител ќе игра дома или на гости, а потоа на клубот му се извлекува клуб кој не е носител од нивната дивизија. Двобоите се сингл мечеви, со продолженија и пенали ако е неопходно, со што победниците напредуваат во следното коло.

Второ коло[уреди]

Сите клубови кои играат во Премиер лигата, освен ако не се натпреваруваат во Лигата на шампиони или Лига Европа, како и сите клубови на кои им е дадено место во ова коло, влегуваат во оваа фаза и им се приклучуваат на победниците од првото коло, иако Манчестер Сити не беа изземени во 2008-09, и покрај тоа што се беа квалификувале за Уефа Купот преку фер-плеј лигата. Двобоите се сингл мечеви, со продолженија и пенали ако е неопходно, со што победниците напредуваат во следното коло.

Трето коло[уреди]

Сите клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампиони и Лигата на Европа влегуваат во оваа фаза и им се приклучуваат на победниците од второто коло (формирајќи вкупно 32 клуба). Двобоите се сингл мечеви, со продолженија и пенали ако е неопходно, со што победниците напредуваат во следното коло.

Четврто и петто коло (четврт финале)[уреди]

Победниците од натпреварите во претходните кола играат еден меч со екстра период и пенали ако е неопходно. Петтото коло е познато и како четвртфинале.

Полуфиналиња[уреди]

Победниците во четирите четвртфиналиња се натпреваруваат во ова коло. Натпреварите се играат на домашен и на гостински терен, во кој вкупниот резултат го одлучува победникот. Ако вкупниот резултат е израмнет на крајот од 90-те минути,тогаш екстра периодот го одлучува победникот. Ако и по екстра периодот вкупниот резултат е израмнет, правилото “гол на гости” го одлучува победникот. Сепак, ако нема разврска и овде, се приоѓа кон изведување на пенали се додека нема победник.

Финале[уреди]

Види исто: Категорија:Финалиња на Фудбалски Лига Куп Победниците во двете полуфиналиња се натпреваруваат да го освојат купот. Натпреварот е еден меч кој се игра на неутрален стадион (кој беше Милениум стадинот помеѓу сезоните 2000-01 и 2006-07, но се врати на стадионот Вембли од 2008 па наваму) со продолженија и пенали, ако е неопходно. Од 1990, најдобриот играч во финалето на Лига Купот го одбира телевизијата Скај Спортс, е претставен со Алан Хардакер Трофејот, именуван по поранешниот секретар на Фудбалската Лига кој го осмисли Трофејот на Лига Купот. Ниеден играч не го освоил трофејот повеќе од еднаш, а сегашниот сопственик на трофејот е Антонио Валенсија од Манчестер Јунајтед.


Рекорди[уреди]

• Најмногу титули во купот (тим): 7 титули, Ливерпул[9] • Најмногу учества во финале (тим): 10, Ливерпул[9] • Најмногу титули во купот (индивидуално): 5 Јан Раш за Ливерпул[9] • Најмногу учества во финале (индивидуално): 6 Јан Раш за Ливерпул (1981 - 4,1987,1995) и Емил Хески за Лестер Сити (1997,1999,2000), Ливерпул (2001,2003) и Астон Вила (2010). • Најдобар стрелец (во кариера): Џоф Харст, Јан Раш 49 голови. [9] • Најдобар стрелец (во сезона): Клив Ален за Тотенхем Хотспур, 12 голови во 1986-87. [9] • Најмногу постигнати голови на натпревар (индивидуално): 6 гола од Френки Бан за Олдам Атлетик против Скарбороу, 25 Октомври 1989. [10] • Највисока победа: Вест Хем Јунајтед 10-0 Бери,второ коло втор натпревар,25 Октомври 1983 и Ливерпул 10-0 Фулам,второ коло прв натпревар,23 Септември 1983. [11] • Најмлад играч: Ешли Чемберс,15 години и 203 дена,за Лестер Сити против Блекпул 2005. [12] • Најмлад стрелец во финале: Норман Вајтсајд,17 години и 324 дена,за Манчестер Јунајтед против Ливерпул,1983. [13] • Најмлад капитен во финале: Бери Венисон, 20 години, 7 месеци и 8 дена, за Сандерленд против Норвич Сити, 1985. [13]

Телевизиска покриеност[уреди]

БиБиСи и Скај Спортс се домашни радиодифузери. Од 2009-10 БиБиСи ќе емитува еден натпревар од секое полуфинале и финале во живо, а Скај Спортс ќе емитува најмалку еден натпревар од секое коло во живо, вклучувајќи го и финалето. Прегледите се емитувани на БиБиСи 1 и веб-страницата на БиБиСи Спорт. Во неговите први години, покриеноста на натпреварувањето беше поделена меѓу БиБиСи и ИТВ, иако финалето беше обично на ИТВ (и беше емитувано само како преглед до 1984). Од 1988-89 до 2008-09, ИТВ беа единствените земски радиодифузери кои го покриваа натпреварувањето. Тие го емитуваа ексклузивно до 1996-97 кога Скај почна да го покрива, и ги доби ексклузивните права да го пренесува финалето во живо. Во Австралија, два натпревари од секое коло, полуфиналињата и финалето се емитуваат во живо на Фокс Спортс. Во САД и Канада, натпреварите се пренесувани на Сетанта Спортс. Во Африка, Супер Спорт ги пренесува натпреварите, додека Тен Спортс и Тен Екшн+ го покриваат настанот во Индија и Пакистан. Во Скандинавија, натпреварите се пренесувани од Канал+.