Амблем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
"Големиот го јаде помалиот":Политички амблем од 1617

Амблем е слика, апстрактна или репрезентативна, која преку концепт или алегорија претставува личност или организација. Најчесто се поврзува со монарси, кралеви или великодостојници.

Разлика помеѓу амблем и симбол[уреди]

Овие два збора многу често означуваат една иста работа, меѓутоа суштински се разликуваат, Амблемот е шема која се користи за да претстави идеја, или личност. Амблемот кристализира конкретна, визуелна шема преку апстракција. На пример во христијанството крстот е симбол а распетието е амблем кој претставува пожртвуваност. Амблемот е објект кој претставува објект.

Во средниот век многу од светците имале свои амблеми, како на пример Св.Катерија била претставека преку тркало или меч. Многу кралеви имале свои амблеми преку кои се разликувале од нивното кралско семејство. Најпознат меѓу нив е Луј 14ти кој бил претставен како сонце.