Мото

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Кралскиот грб на Шкотска со две мота:
IN DEFENS“ и „NEMO ME IMPUNE LACESSIT“.

Мото (гесло, девиза, парола, крилатица) е фраза која формално ја опишува општата мотивација или намера на една општествена група или огранизација. Мотото може да биде на било кој јазик, но најчести се локалниот и латинскиот. Владите обично употребуваат мота на домашниот јазик. Пример за мото на локален јазик е македонското државно (и револуционерно) гесло: „Слобода или смрт!“.

[уреди] Хералдика

Во хералдиката, мотото обично се истакнува на грбот, на лентата (на подножјето) под штитот или пак над челенката, како да речеме во шкотската хералдика. Пример за мото на грб е мотото на кралскиот грб на Обединетото Кралство, кое гласи: Dieu et mon droit („Бог и моето право“).

Во англиската и шкотската хералдика мотата не се доделуваат заедно со грбот, туку можат да се додаваат и менуваат по желба.[1]

[уреди] Видете исто така

[уреди] Белешки

  1. Innes-Smith, Robert (1990). An Outline of Heraldry in England and Scotland. Pilgrim Press. стр. стр. 14. ISBN 0-900594-82-9. „Mottoes are not necessarily heriditary and can be adopted and changed at will.“