Вест Хем Јунајтед Фудбал Клуб e англиски фудбалски клуб од Вест Хем во источен Лондон. Од 1904-тата година својте домашни мечеви ги игран на стадионот Болејн Граунд, кој е попознат како Аптон Парк.
Историја [уреди]
Клубот е основан под името Thames Ironworks F.C., а после пет години го менува името во Вест Хем Јунајтед. Во 1919 година тимот почнува да настапува во англиската фудбалска лига. Иако никогаш не ја освоиле шампионската титула, (најдобар пласман имаа во 1986 кога завршија на 3. место), три пати Вест Хем го освојуваше ФА Купот, 1965., 1975. и 1980. Од европските трофеитие го освоија Купот на победниците на куповите во 1965. и Интертото купот во 1999-тата. Истотака тие го освоиле и првиот т.н. War cup во 1940. Интересно е дека Вест Хем засега единствен англиски тим кој испаднал од Премиер лигата иако освоил повеќе од 40 бодови (2003.). Вест Хем е истотакапоследниот клуб кој го освоил ФА Купот со сите англиски играчи, и последен на кого тоа му успеало додека играл во втора лига.
Ривали на Вест Хем се неговите соседи од Лондон, Тотенхем и Арсенал како и Челзи со кое е изразено ривалство помеѓу источен и западен Лондон. Интересно е дека Вест Хем Јунајтед е последниот клуб кој го победил Арсенал ФК на стадионот Хајбари и првиот тим кој ги победил на новиот Стадион Емирати.
Сепак, најголем ривал на Вест Хем уште од неговото основање е Милвол.
Моментален тим [уреди]